Како да изберете совршен градник?

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Прочитав некаде на интернет дека 80% од жените не носат точен број на градник, а дури 85% не знаат каков треба да одберат. Пред се градникот мора да биде удобен, точен, да не стега, да не биде лабав...

За да се најде точното бројче потребно е да се знае обемот под градите и обемот на градите. Со метро измерете го најпрво обемот под градите, тој број го означува бројот на градникот. Потоа измерете го обемот на градите, овој број означува големината на корпите на градникот.
Откако ќе измерете треба да ги одземете двата броја и добиенито број означува бројот на корпите.

  • ако градниот обем е поголем од обемот под гради за 12-14 сантиметри, веројатно одговара корпа А,
  • ако е поголем за 14-16 сантиметри – корпа B
  • ако е поголем за 16-18 сантиметри – корпа C
  • ако е поголем за 18-20 сантиметри – корпа D
  • ако е поголем за 20-22 сантиметри – корпа E, односно
  • ако е поголем за 22-24 сантиметри – корпа F

Пример:
Обем под гради 85, обем на гради 105. 105-85=20 Бројот на градникот ќе биде 85D

Eве и една табела која можеби ќе ви помогне.

piktogram_en.jpg
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
неможе,броевите не се такви како порано.реалните.сеа има броеви кој како им текне си ставаат.се крстам (facepalm) башка тука неможам да најдам ништо совршено а најмалку градник
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
NBB каде има продавници у скопјево? лисца се огин и пламен а не држат како што треба
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
NBB каде има продавници у скопјево? лисца се огин и пламен а не држат како што треба
Не сум од Скопје, но кај мене ги има по продавниците на SAra fashion, убави се и не се многу скапи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
NBB каде има продавници у скопјево? лисца се огин и пламен а не држат како што треба
знам дека имаше градници на НББ доле во трговскиот Бисер во чорапарата до кафичот Пантер,исто има и на приземје карши аптеката Виола(во Бисер) има градници и на Лисца и на НББ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK