1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Какви ќе бидете кога ќе остарете?

Дискусија во форумот 'Астрологија' започната од street_chic, 8 март 2012.

  1. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Анализа на хороскопските знаци почнувајќи од нивната рана младост па се до длабоката старост:

    Овен

    Младост – Младите од овој знак не им даваат мир на родителите. Овие деца се полни со живот и секогаш се во акција. Ги интересира се, а најмногу самиот живот. Нема долго да чекаат за да се впуштат во она што ги привлекува, па зато е најдобро кон нив да бидете целосно искрени. Можат одеднаш да влезат во брак или пак да го одолговлекуваат и на крајот да го избегнат. По природа се индивидуалци и секогаш на својот сопруг или сопруга и подготвуваат изненадувања. Со нив животот е динамичен и никогаш неможе да ви биде здодевно.

    Старост – Можат да продолжат со брзиот ритам, ако здравјето им го дозволува тоа. Тешко дека ќе можат да водат мирен живот и ако им недостасуваат активноста и возбудувањето, можат да станат вистински давежи. Кога би можеле, овните до крајот на животот би се занимавале со спорт.

    Бик

    Младост – Децата бикови се разгалени. Слабост им се слатките. Знаат да се додворуваат и да освојат со својот шарм. Ако живеат во благосостојба, тогаш се најреќни. Доколку живеат сиромашно, нивното детство ќе биде запаметено како многу тежок перод од животот. Во брак секогаш влегуваат од љубов, ретки се оние кои тоа го прават поради материјален интерес. Парите им се важни исто колку и саканата личност. Тие едноставно сакаат да уживаат во животот.

    Старост – Ако се збогатиле во текот на животот, староста ќе ја поминат уживајќи во стекнатото богатство. Не сакаат да делат по секоја цена. Доколку остарат во сиромаштија, можат да станат луѓе полни со горчина и незадоволство.

    Близнаци

    Младост – Движењето и контактот се она што децата близнаци ги прави среќни. Од моментот кога ќе прозборат тие не ја затвораат својата уста. Ако се одлучат да се врзат со некоја личност, тогаш таа ќе мора да биде свесна дека на нив најмногу од се им е важен друштвениот живот. Патувањето и дружењето се двете работи кои овие луѓе ги прават најсреќни.

    Старост – Во деновите од староста важно им е да ги задржат своите контакти или да ги обноват оние старите, за да имаат со кој да разговараат. Доколку се осамени, тогаш се многу несреќни. Ако нивниот партнер е друштвен тогаш кога ќе остарат може да им биде многу забавно, бидејќи ќе можат да стекнуваат нови искуства, да патуваат, да се дружат...

    Рак

    Младост – Ова интровертно и чувствително дете, не ретко ги загрижува своите родители. Со него треба да бидете внимателни и нежни, но не да го држите под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да го воведувате постепено. Потребата за повлекување во својот свет на соништа и мечти е добра, но ако тоа го прави премногу често, охрабрете го за некои поотворени активности. Во бракот влегуваат од инстинктивната потреба да основаат семејство.

    Старост – Ако изградат стабилен дом и семејство, староста ќе им биде пријатна со голем број семејни собирања. Ако останат сами, ќе станат тажни и меланхолични. Овие луѓе паметат се, па поради тоа многу често живеат во минатото.

    Лав

    Младост – Јас мора да бидам главен, а ако не сум, ќе им бидам на сите здодевен за да привлечам внимание – по ова се познаваат малите лавови. Ако не им го подарите своето внимание, тешко на вас. Некогаш треба и малку да ги приземјите и да ги подготвите дека нема да биде секогаш онака како што тие сакаат. Најголема навреда за нив претставува игнорирањето. Стапувањето во брак мора да биде помпезно и секогаш гледаат од бракот да извлечат некаква корист, па макар се работело и само за статус во општеството. Го сакаат раскошот, а уште повеќе славата.

    Старост - Најважно од се им е за нив да се слушнало и да се знае кои се и што се. Ако постигнале нешто во состојба се со часови да зборуваат за тоа. Но ако резултатите изостанале , се претвараат во луѓе кои се склони и да лажат само за да се покажат во светло во кое би сакале да се видат самите себе. Кога ќе останат сами и ќе започнат да го анализираат својот живот, нивната гордост никогаш нема да им дозволи да признаат дека не успела.

    Девица

    Младост – Овие се отмени деца. Внимаваат на своето однесување и се обидуваат да бидат пристојни и добри. Најчесто се пример за другите, а родителите со нив немаат грижи. Пред да стапат во брак ќе го „скенираат“ партнерот и нивниот иден живот.

    Старост – Со текот на времето стануваат вистински аптекари. Ако имаат складен брак ќе водат уреден и организиран живот. Ситниците кои за другите не значат ништо, за нив можат да станат смисла за животот. Ако девицата во текот на животот пропуштила нешто многу значајно, во староста постојано ќе збоува и ќе приговара за тоа.

    Вага

    Младост – Децата ваги се во состојба да шармираат се околу себе. На нивното лице секогаш има насмевка. Без никаков проблем склопуваат пријателства, а во однесувањето се секогаш одмерени. Проблемите настануваат кога ќе дојде време да се одлучи нешто. Доколку како родители сакате да им угодите, во тој случај ќе ве полудат со нивната неодлучност.Бракот е нешто најсвето во нивниот живот, бидејќи тие на него гледаат како на нешто што мора да се преживеат во двојка.

    Старост – Ако успеале во личните односи, најверојатно деновите од староста ќе ги поминат во пар. Ако останале смаи ќе се чувствуваат многу осамено и ќе се обидат да ја најдат својата втора половина.

    Скорпија

    Младост – Додека се мали сакаат да ги срушат сите стари правила и да создадат сосема нови. Некогаш се премногу сериозни , а како деца не се емотивно зрели и можат многу лесно да западнат во замката на одмаздољубивост. Тука треба паметно да ги пренасочите, па ако е потребно и да ги запрете. Кога стапуваат во брак, се најсериозни. Доследни се и не трпат површност.

    Старост – Ако во текот на животот успеале да ги совладаат сите промени, ако постигнале нешто што за нив е важно, староста ќе ја поминат во длабоки размислувања за она што го оставиле зад себе. И во овој период од животот тие ќе бидат активни во спортот и ќе се занимаваат со проучување на смртта.

    Стрелец

    Младост – Ова се највеселите деца во зодијакот. Нема да можат лесно да се заситат од патувањата кои ќе ги доживеат уште во раното детство. Единствениот проблем со кој можеби ќе се соочат е вишокот на килограми, па затоа треба да им кажете стоп на слатките.

    Старост – Кога ќе остарат некои од нив се претвораат во вистински филозофи, кои секогаш знаат да дадат по некој мудар совет. Ако пропуштиле нешто значајно во животот, нема да жалат за тоа туку ќе се обидат тоа да го преболат со филозофијата и хуморот.

    Јарец

    Младост – Овој знак е обратно пропорционален од целата земјена топка. Во децтвото и во младоста тие се однесуваат како мали старци, премногу се сриозни, помалку крути и ладни. Но позади сето ова всушност се крие чувствителност, ранливост, амбициозност и потреба да се постигне нешто.Во бракот стапуваат промислено, за нив љубвта е пресудна за среќен брак.

    Старост – Сета онаа серизоност и зрелост која ја имаат во младоста, во староста и го препушта местото на опуштеноста и веселоста. Тие се како виното. Во младоста, стари, а во староста, млади.

    Водолија

    Младост – Овие деца најчесто се посебни или имаат некој необичен талент. Сакаат да изненадуваат со најразлични лудории кои нивните родители неможат ни да ги замислат. Најважно од се е да не им дадете премногу слобода. Понекогаш во брак стапуваат наеднаш и на сосема неконвенционален начин.

    Старост – Сакаат да го истражат сето она што не стигнале додека биле млади. Секогаш смислуваат нешто ново и забавни се. Тоа се оние случаи кога жена од 80 години полага за возачка дозвола или почнува да оди на часови по јога.

    Риби

    Младост – Рибите се нежни деца кои често пати ја мешаат реалноста со сонот. Уметничката црта е нешто што треба да се негува кај овие деца но со мера. Треба да ги научите реално да гледаат на животот . Очекуваат брак од љубов и често пати ја анализираат саканата личност.

    Старост - Кога ќе остарат единствено што им останува е да се излежуваат. Можат да бидат збркани, а во зависно од карактерот и често пати знаат да одглумат. Има некои кои постојано се жалат и зборуваат за смртта, но ако имате некој таков покрај вас, обидете се да го смирите употребувајќи ги неговите фантазии.
     
    На Badgirl, TheKitten, LMFAO и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Cтарост – Сакаат да го истражат сето она што не стигнале додека биле млади. Секогаш смислуваат нешто ново и забавни се. Тоа се оние случаи кога жена од 80 години полага за возачка дозвола или почнува да оди на часови по јога.
    ....ке пробам јогу и сфе макар и на осмдесе : )
     
    На КрисТина К., TheKitten, lady_blue и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,263
    Допаѓања:
    9,105
    Водолија

    Младост – Овие деца најчесто се посебни или имаат некој необичен талент. Сакаат да изненадуваат со најразлични лудории кои нивните родители неможат ни да ги замислат. Најважно од се е да не им дадете премногу слобода. Понекогаш во брак стапуваат наеднаш и на сосема неконвенционален начин.

    Старост – Сакаат да го истражат сето она што не стигнале додека биле млади. Секогаш смислуваат нешто ново и забавни се. Тоа се оние случаи кога жена од 80 години полага за возачка дозвола или почнува да оди на часови по јога.
     
    На TheKitten и lady_blue им се допаѓа ова.
  4. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Старост – Сакаат да го истражат сето она што не стигнале додека биле млади. Секогаш смислуваат нешто ново и забавни се. Тоа се оние случаи кога жена од 80 години полага за возачка дозвола или почнува да оди на часови по јога. :biggrin
    Сѐ ми се чини дека на крајот вака некако ќе испадне. Може нема да биде конкретно јога (планирам да одам на јога побргу), возачка имам (уште не сфаќам зошто заборавија да ми спомнат дека возачката уствари не вози), ама планот ми е да научам да возам ролери кога ќе имам 60тина години. Мислам таман возраст за таква работа :biggrin
     
    На TheKitten, street_chic и parvati им се допаѓа ова.
  5. cece17

    cece17 Староседелец

    Зачленет на:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    270
    Допаѓања:
    204
    Хмм интересно :)
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,324
    Допаѓања:
    3,218
    Риби

    Младост – Рибите се нежни деца кои често пати ја мешаат реалноста со сонот. Уметничката црта е нешто што треба да се негува кај овие деца но со мера. Треба да ги научите реално да гледаат на животот . Очекуваат брак од љубов и често пати ја анализираат саканата личност.

    Старост - Кога ќе остарат единствено што им останува е да се излежуваат. Можат да бидат збркани, а во зависно од карактерот и често пати знаат да одглумат. Има некои кои постојано се жалат и зборуваат за смртта, но ако имате некој таков покрај вас, обидете се да го смирите употребувајќи ги неговите фантазии.

    Интересно , почнав веќе да се замислувам.:)
     
    На marjan и Maks им се допаѓа ова.
  7. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    [​IMG] За младоста е точно ама како шо ми изгледа и за староста изгледа ке погодат:D
     
    На Andrea Bloodbucket му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Ќе видиме, ќе видиме...
    За младоста делумно точно е.
     
    На street_chic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Andrea Bloodbucket

    Andrea Bloodbucket Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    328
    Скорпија

    Младост – Додека се мали сакаат да ги срушат сите стари правила и да создадат сосема нови. Некогаш се премногу сериозни , а како деца не се емотивно зрели и можат многу лесно да западнат во замката на одмаздољубивост. Тука треба паметно да ги пренасочите, па ако е потребно и да ги запрете. Кога стапуваат во брак, се најсериозни. Доследни се и не трпат површност.

    Старост – Ако во текот на животот успеале да ги совладаат сите промени, ако постигнале нешто што за нив е важно, староста ќе ја поминат во длабоки размислувања за она што го оставиле зад себе. И во овој период од животот тие ќе бидат активни во спортот и ќе се занимаваат со проучување на смртта.
     
  10. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Старост – Во деновите од староста важно им е да ги задржат своите контакти или да ги обноват оние старите, за да имаат со кој да разговараат. Доколку се осамени, тогаш се многу несреќни. Ако нивниот партнер е друштвен тогаш кога ќе остарат може да им биде многу забавно, бидејќи ќе можат да стекнуваат нови искуства, да патуваат, да се дружат...

    Не мора да значи дека ако сум осамена дека ќе бидам тажна, ама нема да ми смета ни у староста да патувам и да се дружам па :D
     
    На street_chic му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: