Какви се ваштите искуства со резервирање на соба/апартман?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали некогаш сте имале лоши искуства со резервирање на соба за летен одмор?

Дали ви се случило да резервирате соба телефонски или преку меил, и кога ќе одите таму вашата соба да биде издадена или некои други проблеми?

Доколку ви се случило такво лошо искуство, каде било тоа?

Јас сум слушнал дека во Охрид имало доста такви превари, ако е точно потврдете.

Споделети ги вашите искуства околу тоа.....
 
TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
среќа не ми се десило,или сум заборавила можеби.обочно идам и на лице место разгледувам и резервирам
 
emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Јас во Неа Врасна-Грција како мала бев цело лето, си закупувавме еден апартман и одевме..и сега овие години исто почнавме. Се јавуваме од тука, и пошто не` знаат ни ја чуваат најубавата соба и кога одиме директно се сместуваме.
Никогаш не ми се случило да лутам по градот за да барам смештај.
Низ Македонијава не ми требаат соби-од Охрид сум си, Дојран не ме влечи ништо, Преспа имам викендица..Струга не одам.
А за Охрид сум слушнала дека на некои ги измамиле (што резервирале преку телефон)..и кога отишле соба-аш.
И на братучед ми кога бил во Грција така му се случило, тој со картичка платил во некој хотел со **** и накрај ништо од собата што ја сакал. Па добро е што се разбрале фер со газдите и му нашле во друг хотел соба.
 
Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Пред многу години кога идевме во охрид преку телефон резервиравме, па никогаш не не заебале... ама последниве години не ме носи патот натака и не знам како е... со on line букирање за странство немам лично искуство, знам доста луѓе што го прават тоа и до сега не се заебале, многу е поефтино така, си букираш за кога сакаш си наоѓаш превоз и у старт си ќар за провизијата што ти ја мава агенцијата. A за Охрид како што реков ме немаат заебано ама знам доста такви искуства кога во шпиц сезона луѓе останале на улица и се утепале од барање по цел град, зашто некој лаком газда нашол странци и место собата за 400ден на нашите им ја убацил на странците за 10евра...
 
Странците можат колку сакаат да го јадат. Не се запознаени со цените, и можат да ги риблаат колку сакаат доколку не се информирани.