1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Какви сè мистерии крие нашата Македонија?

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Hip.Hop_MKD, 17 февруари 2012.

  1. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Веќе се запознавме со една мистерија од Македонија за рудникот Алшар.



    РЕЧИСИ ВО СРЕДИНАТА НА ОВЧЕ ПОЛЕ, ЈУЖНО ОД СВЕТИ НИКОЛЕ СЕ НАОЃАА МЕСНОСТА КОЈА НАРОДОТ ЈА НАРЕКУВА КАНДА.
    [​IMG]
    Меѓу овој простор и селата Долно и Горно Црнилиште се наоѓа ридчето кое што разбуди интерес кај македонската и светската јавност. Оваа област народот ја вика Пударница. Претставува мала височинка, која се издига над околниот терен и има одличен видик на Овчеполието. Околината околу малото и рамно ридче е обработлива земја (црница) која што мештаните постојано ја обработуваат и посејуваат со житни култури. Составот на земјата на малото ридче е од песоклива почва, од едар песок со примеси на едри каменчиња и се забележуват остатоци од варов раствор. Составот на земјата и на обработливата површина околу него ме наведува на тезата дека тоа претставува вештачка формација подигната некогаш во минатото - могила (рамна), хумка или вештачко плато на кое се извршувале одредени култови дејствија или набљудувања на небесните тела. Во околината на месноста Пударница има два локалитети од кои што има можност песокот да е пренесен и да е подигнато вештачкото плато. Едниот локалитет е до с. Г. Црнилиште, а другиот е до с. Кнежје - до археолошкиот локалитет Билазора.
    Според анализите и набљудувањето на составот на песокот и примесите во него од едри каменчиња и школки, потврдувам дека песокот е пренесуван од Кнежје, до археолошкиот локалитет Билазора кој се наоѓа неколку стотини метра западно. Овде се поставува прашањето кога и кој го направил платото. Дали е подигнато во времето кога Билазора е во својот најголем административен, воен, културен подем или пред тоа, не знаеме. Одговорот можеби ќе го пронајдеме во идните археолошки истражувања. Платото е со површина од околу еден хектар, во која се ископани ровови од околу 0, 60 м.длабочина. Формите на рововите претставуваат една неправилна елипса која е протегната во посока север - југ. Во неа има уште три рова. Два од нив се во насока исток - запад, се наоѓаат во северната половина на елипсата и се со должина од 2,5 м, додека третиот е во насока север - југ и е речиси двојно подолг. Тој започнува помеѓу двата помали рова во северната половина и се протега скоро до работ во јужната половина на елипсата. Неговиот завршеток наликува на растегната и накосена буква `W` од латинската азбука, или М од нашата. Во кратки црти можам да кажам дека на платото во Пударница, со помош на рововите грубо е скицирано лице на човек.
    [​IMG]
    Фотографијата на платото и рововите на него побуди интерес кај многу истражувачи и ентузијасти, имено тоа е причината поради која што ја претставувам оваа статија во јавноста. Според Домагој Николич, истражувач на мегалити на Балканот, скицата или геоглифот на платото ја е аналогна на космичкото јајце од кое се раѓаат змејовите близнаци, и патот на соѕвездието Касиопеја. Друга интрепrетација на геоглифот на платото, според Македонската транскрипција на Каменот од Розета, даде и Саше Ендроски, потврдена од професорите Аристотел Тентов и Томе Бошевски кои сметаат дека геоглифот го симболизира богот „ЅЕ"- врховен бог на древните Македонци, и неговата посвета кон Големата, Врховна - Прва Мајка.
    Јас неможам во никаков случај да го интрепетирам геоглифот, бидејќи немам познавања од астроархеологија и лингвистика, но во статијава ја представив топографијата на геоглифот, составот на земјата од кој е изграден, а во наредниве неколку реда ќе ја пренесам и неговата поврзаност со неколку археолошки локалитети. Секако, во неговата близина е Градиште – Славев Дол до селото Кнежје или популарно наречената Билазора. Јужно од акрополата на древниот град се наоѓа некрополата. Таа е ориентирана исток -запад, т.е. гледа кон исток или кон платото со геоглифот. Самиот терен на некрополата е на повисоко ниво од околината, благо се спушта кон исток и завршува пред платото на кое е поставен геоглифот. Освен тоа од некрополата на Билазора до платото на геоглифот постојат неколку извори, поставени во права линија, остататоци од тие извори немаме на површината, но јасно се гледа водата која се уште ги преплавува околните ниви. Од овде изведов заклучок дека тие извори мора да бидат поставени покрај пат, кој е во посока некропола – геоглиф.
    [​IMG]
    Геоглифот не е изолирана појaва во нашава територија. Тој се наоѓа во права линија помеѓу мегалитска опсерваторија на врвот Кокино, Цоцев Камен и рудникот Алшар на Кожуф планина. Освен тоа тој е врв на рамностран триаголник со точките Стибера и старите Пајонски гробишта.
     
    На Mnogo Bitno, Smiley_1996 и Caci им се допаѓа ова.
  2. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931

    [​IMG]На височините каде што царуваат орлите, земјата има посебно значење и за многумина е света. Оградата на црквата "Свети Петар" обвиткана е со бодликава жица и наместо столбови стојат испукани авионски бомби. Веднаш до нив дупката во која без ред лежат стотици черепи и коски на незнајни војници го дава одговорот на ужасот што се случил пред еден век и потсетуваат дека ако има пекол тој во 1918 година бил тука на Кајмакчалан.
    Швајцарецот Ричард Арчибалд Рајс по професија бил воен разузнувач, но работел и како новинар кој известувал за познати светски весници и новински агенции. За време на неговите патешествија низ Македонија додека беснеела Големата војна, тој водел дневник и пишувал писма кои се собрани и документирани и претставуваат значајно сведоштво за настаните кои се случиле на линијата на Солунскиот фронт. Неговиот дневник беше причина да се нафатам на предизвикот да го искачам Ниџе сe до врвот Кајмакчалан на висина од 2.522 метри и да ја запознаам оваа Кајмак Планина. Во дневникот прочитав дека врвот во својата утроба чува илјадници коски на незнајни војници кои заедно со мртвите од останатите бојни полиња низ светот ја создадоа светската кланица во која загинаа над 15 милиони луѓе.
    [​IMG]
    Во дневникот на 26 септември 1916 доктор Рајс запишал:
    "Некаде до месноста Старков гроб на Ниџе, стотици трупови, немаше време да се закопаат сите жртви на оваа кланица и рововите се полни. Телата останале во положба во која смртта ги изненадила. Мртви Срби и Бугари лежат едни покрај други, еден војник изгледа како со својата замрзната рака пред да загине од шрапнел, барал бомба во џебот од својот шинел. Еден сосема млад човек се гледа дека го бутнал на грб куршум кој го погодил среде чело. Насекаде околу нас страв и ужас".
    Од Битола со возила дојдовме до Скочивир, последното село до цивилизација пред да почне дивината. Го разгледувавме селото кое оддаваше впечаток на убаво уредена населба. Во негова близина се наоѓа местото каде што Коњска Река се влева во Црна. Селаните се пожалија дека само уште во три куќи горат огништата, останатите се раселени некаде низ светот и по македонските градови. До центарот на селото патот е асфалтиран, натаму макадам. Одовде 31 километар нe дели од врвот каде пред 97 години се случил еден од најкрвавите пробиви на Солунскиот фронт. Зошто Кајмакчалан ги прашував планинарите, но и сам го барав одговорот. Триесетина планинари од Битола, Скопје и Прилеп тргнавме во поход да се совлада Ниџе. Оваа планина не е екстремно лоша за искачување, но не ни ритче на кое лесно може да се скокне. После неколку поминати километри ветерот почна посилно да дува, нема веќе шума. Пред нас распукаа ледини кои го исполнуваа погледот до бескрај. Дотука може и со џип, а до врвот има уште многу. Серпентини не многу стрмни го дочекуваат секој наш внимателен чекор. Одејќи размислував со каков пекол се соочиле пред речиси 100 години војските на Антантата и централните сили додека се распоредувале низ планината. Влечеле топови, опрема, а нагоре само џип може да вози, сe се носело на раце. Малку одмор на едно паднато старо дрво, ја прелистувам книгата на Рајс, читам:
    "Кајмакчалан - борбата траеше три часа, метеж кој не може да се опише. Низ чад и магла се гледа како светкаат бајонетите и се слушаат експлозии од бомби. Во 11.30 бугарската војска го напушта Кајмакчалан и се движат во правец на Црна. Французите и Србите се радуваат на врвот каде ветрот ги удира облаците врескајќи. Орли и гаврани крстосуваат по воздухот, чувајќи стража околу боиштето и местото на очајот", запишал Рајс.
    Зборовите ги доживувам во автентична атмосфера, си замислувам каде биле вкопани, како се движеле по теренот, стрмно е, а како тоа изгледало во јуриш? Загинатите војници после секоја битка биле закопувани во масовни гробници, бидејќи немало време за поединечни погреби. Сите закопани и коските кои се пронаоѓале по завршувањето на војната во 1921 година биле сместени во спомен-костурницата која е изградена веднаш до црквата "Св Петар".
    [​IMG]
    Нога пред нога, голтка вода и залак домашен печен леб во фурна, го купив во Скочивир, ми даваше сила да издржам до целта. Се гледа црквата, крајот е близу. Групата е развлечена, едни гледаат растенија, други им се воодушевуваат на карпите во различни форми, сите го наоѓаа интересот во овој природен рај. Јас запнав со пеколот и од секоја дупка, грмушка, гледам бајонети како светкаат, чекаат да се судрат. Не ги распознавам Бугари, Германци, Срби, Французи, Македонци. Тажно, но вистинито, за време на Големата војна Македонците ги снашла судбината да се убиваат меѓу себе. Облечени во униформи на разни војски, скриени под српска капа, бугарски шлем или грчки шинел многупати за време на војната син против татко или брат против брат испукале куршум, удриле со бајонет. Секоја војска во нејзиниот дел од Македонија мобилизирала Македонци и ги пуштале во првите борбени редови да се колат во јуриш или да бидат топовско месо.
    Црквата на врвот одовде убаво се гледа, а над неа виснале бели облаци како кајмак. Да, си реков, можеби затоа врвот го носи името Кајмакчалан, поради кајмак облаците кои не се движат, туку лебдат над цуцката и мислиш ако ги допреш ќе пукнат и од нив ќе се разлеат бели прамени кајмак по цела планина. Црквата почнала да се гради во 1917, а била завршена и осветена во 1921 година.
    [​IMG]
    Единаесет часа се искачувавме до врвот. Напорот се исплатеше. Горе мир и тишина. Мислиш црквата "Св. Петар" лебди над облаците, а од дупката каде што се сместени коските на незнајните војници како да се раѓа страшен ветер и со најголема сила ја разнесува низ светот приказната за нивната тажна судбина. Црквата "Св. Петар" ја чува легендата за Рудолф Арчибалд Рајс. Пред неговата смрт во 1928 година посакал неговото срце да биде обвиткано во злато и сместено во посебна урна во црквата на Кајмакчалан. Така и се случило. Рајс не бил лекар, иако многупати медицински им помагал на ранетите војници. Бил професор, криминолог, но исто така, страстен фоторепортер и дописник за весници во неколку земји, известувал директно за настаните од фронтот. Многу години по завршувањето на Првата светска војна, безброј преживеани борци ја посетувале црквата, костурницата и урната со срцето на д-р Рајс. Мал отвор со железен капак, едвај влегувам. Скалите се мали и тешко се спуштам. Забрзано дишам, влегувам во масовна гробница, чудно чувство ме обзема кога едната нога ми беше на скалата, а другата го допре тлото на гробницата. Што има зад мене, си помислив, на што мириса, како ќе ги погледнам тие черепи и коски? Мрачна тишина ме обзема во просторијата од неколку квадратни метри. Ништо не гледам, ја вклучувам батериската ламба и полека ја вртам од лево кон десно.
    [​IMG]
    Сенки од черепи и коски го исполнија погледот, мирно неподвижно ги гледам овие остатоци на непознатите, пред мене се појавија слики на ужас. Черепи, надлактици, бутни коски така фрлени. Си помислив имаат ли овие души мир вака незакопани еден век? Сигурно имале родители, роднини, сакани, некои имале и деца... Еден глас ме врати во реалноста: "Ајде колега, и ние да видиме што има внатре?" Излегов од дупката на ужасот. Погледнав во далечината од 2.520 метри, луѓе околу мене, се смеат, ги прераскажуваат случките и доживувањата од патот. Малото џебно издание од дневникот на Рајс сe уше го држев во раце. Се збогував со книгата и ја оставив на карпата каде направивме групна фотографија со пријателите, нека ја прочитаат и други си реков. Животот продолжува, ми олесна. Се почувствував како птица која може да ги допре околните планиски врвови и на белите кајмак облаци да ја напише приказната за Кајмакчалан која вечно ќе живее, зашто И ОВА Е МАКЕДОНИЈА...
    Сториите се превземени од блогот на: http://misterijamk.blogspot.com
     
    На Mnogo Bitno, Outrider, Anakin и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    Еве и од мене помалку познати работи коишто ги крие нашата драга Македонија... ( само незнам дали баш требаше да ги сместам во оваа тема, ако не се за во оваа тема, избришете ги, па јас ќе отворам нова тема или пак преместете ги во некоја друга или нова )

    - Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.

    - Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози, се прокриумчарени од Прилепско.
    Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа.
    Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

    - Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија.
    Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" - мрежата за заштита на природните реткости.

    - Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите (Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!


    - Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "ВИА ИГНАЦИЈА"

    - Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична
    како измислените пештери во господарот на прстените.

    - Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
    Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица. Дебарско.

    - Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел.
    Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот ,,Гркот Зорба,, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 починал тука..

    - Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.

    - За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

    - Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско,
    а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

    - Најстаро дрво во македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски 9 век- Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец..
    Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

    - Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец" се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.
    Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

    - Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

    - Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..

    - Прва зоолошка на Балканот - е во Скопје.


    - 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние малку фалеше да ги потопиме со вештачко езеро...)

    - Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора. Во последен момент купил карта од еден поп и се качил на Титаник.
    Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа, кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

    - Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот...
    останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia.
    Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.


    - Македонија има 34 планини и 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа е Охридското кое е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години и во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.

    - Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

    - Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

    - Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во македонија..
    Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I...

    - Првата црква, првата покрстена во Европа - Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во "Дела апостолски 16.13 - " пишува: "Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни!"
    Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини..
    Токму црвената боја e сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и борба на востаничките знамиња.


    - Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

    - Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост.
    Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека, тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок!

    - Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000.
    Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.
     
    На street_chic, volci и Hexasto им се допаѓа ова.
  4. Grim Reaper

    Grim Reaper Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    338
    Не знам дали ова ќе се смета за мистерија, но еден швајцарски научник пронајде 5 билки ( растенија ) на планината Плавица, на 2км од моето градче кои ги нема никаде на др место во светот...
     
  5. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Делови од крстот на кој е распнат Исус Христос има во Македонија?


    Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Во внатрешноста на црквата пак има извор со лековита вода од која спасение наоѓале многу паталци од разни болести и проблеми.
    Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски”како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица. Дебарско.
    Пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на “Св. Константин и Елена”. Го пронаоѓа царицата Елена која се упатила лично и со голема придружба да го најде во местото на распетието.
    Евреите не го кажувале местото каде е закопан крстот, па Елена успеала од еден старец да ја извлече информацијата за вистинската локација.

    - Таму навистина ги нашле трите крста – едниот на кој е распнат Исус и двата на кои се распнати двајцата разбојници а кој е вистинскиот, набргу се дознало.Имено Елена и придружбата ги распоредиле трите крста пред кои поминувала поворка со умрен кој требало да се погреби. Минувајќи ги двата крста не се случило ништо на кога умрениот минувал крај третиот крст, се случило чудо. Тој оживел, што било јасен знак за сите присутни, дека е тоа навистина чесниот крст. По ова Елена го носи во столнината и од каде подоцна патријархот Кирил Ерусалимски како најголеми световни реликти разделува стотици парчиња од него за да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските храмови и вера. Така и се случило да дел од нив дојдат и во Македонија како што сведочат Повелбите за овие три манастири.
    Превземено од блогот: http://misterijamk.blogspot.com/2011/11/blog-post.html
     
    На Smiley_1996 и Oleri им се допаѓа ова.
  6. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Прилеп
    Легенди за слонот
    [​IMG]

    Дека природата ваја исклучителни дела доказ е атрактивната карпа на слонова глава, создадена од две природно споени карпи во археолошкиот комплекс Маркови кули. Познатиот истражувач Роберт Рипли го претставил како мало чудо на природата.
    Камениот слон, кој на некои им личел и на штрк, е висок околу осум метри и поставен на карпест постамент во подножјето на кулите. Од слонот, Прилеп се гледа како на дланка. Тоа упатува на можноста дека жителите од древните населби Варош и Маркови кули биле активно вклучени во духовниот и материјален живот врзан за слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, може да се заклучи дека тој простор и слонот биле култно место за повеќе ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара во која се' уште се видливи остатоци од фрескоживопис. За жал, не може да се открие кој е светецот на фреската, бидејќи е сериозно оштетена.
    Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода на миење раце и лице за да се исчистат. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Штири жени се вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота за да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад.
    Сочувана е приказната од некој варошки бербер со прекар Богомилецот дека околината на слонот била вртилиште на богомилите, бидејќи во Варош било развиено богомилството. Затоа, населбата Варош потоа прераснала во христијански центар со 77 храмови. Богомилецот дури го споменувал и присуството на дедо Богомил на простори околу слонот.
    Легенда оди дотаму што зборува дека Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон по освојувањата на Рим.
     
    На Smiley_1996 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    298
    Допаѓања:
    230
    Тиквешко езеро
    На Тиквешко езеро се наогаат ,,чуда,, од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци со се луѓе. И нормално ќе си речете во рибарска приказна кој верува.Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит. Не постојат такви кранови кои би можеле да ги извададат и ако успеа да се извади еден кој беше со големина на чамец. И истиот беше поставен на плоштадот во Скопје. Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно.
    [​IMG]
    Ѓаволски ѕид - МАКЕДОНСКИОТ КИНЕСКИ ЅИД
    Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница.
    Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.
    Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар - природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето на огромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.
    Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име - Ѓаволски ѕид.
    [​IMG]
     
    На Mnogo Bitno и Smiley_1996 им се допаѓа ова.
  8. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Куклица
    Според легендата, во селото Куклица се случила огромна трагедија. Момчето, во кое една девојка од Горно Маало била смртно вљубена, се оженило со друга од Долно Маало, поради што девојката во очај ги проколнала младенците.
    [​IMG]

    Кога дошол денот на свадбата, сè било во ред: се собрале сватовите, и сите останати гости со што веселбата можела да започне. Но, клетвата се остварила во моментот кога младенците се бакнале и сите гости на свадбата биле скаменети. До ден денешен на тоа место можат да се видат скаменетите зет, невеста, кум, кума и сите останати сватови кои сведочат за гневот на несреќната девојка.
    [​IMG]

    Локалните селани го викаат местото "Весела свадба" затоа што сватовите останале насмеани, а младенците скаменети во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица. Истите луѓе раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но никако не успеале во тоа.
    Од друга страна пак, научниците тврдат дека вертикалната ерозија на вулканските карпи ги создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во својата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква "свадба" нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Нешто слично има само во Србија, во местото Ѓавоља Варош.
    [​IMG]

    Овој локалитет сè уште не е целосно истражен, но се верува дека со текот на годините и понатамошната ерозија на земјиштето ќе се појават уште многу кукли кои можеби ќе одговорат на прашањето: “Што се случило со несреќната девојка?”
    Доколку решите дека Куклица ќе биде ваша дестинација за овој викенд, мораме да ве информираме како до таму да стигнете. Иако уште на самото исклучување за Кратово на патот Куманово – Крива Паланка има знаци кои ве водат до Куклица, сепак ќе дојдете до Крива Река која што пред речиси една година со својот водостој и брзина го срушила мостот кој ќе ве донесе со автомобил Куклица. Но, сепак доколку решите да го паркирате автомобилот, без проблем ќе го поминете мостот, ќе свртите лево и со 15тина минути пешачење ќе стигнете до ова ремек дело на природата.
    [​IMG]

    За жал, кога ќе пристигнете таму, нема кафуле или ресторан каде би седнале, туку едноставно ви останува да се воодушевувате на тоа што природата ни го подарила.
     
    На Bibi@ и Aaliyah им се допаѓа ова.
  9. X_Men_

    X_Men_ Нов член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    7
    И јас сум од Прилеп..Мене лично ми личи на штрк.и главата најмногу потсеќа на штрк.. а дали имате слушнато за цртежите нацртани на карпа веднаш под крстот.мислам и на А1 кажуваја еднаш за тоа..ако знаете кажете ..:D
     
  10. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Да не се тие со летачките чинии нацртани?
     

Сподели: