Какви пелени користите?

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Здраво мајки, ме интересира вашето искуство со пелени и кои ги користите.
На почетокот почнавме со Памперс, но како што се зголемуваше бројката почнаа да ни протекуваат и да имаат некаков чуден мирис на пластика. Ги пробавме скоро сите - Бекутан (многу впиваат но се крути), Дајперс (беа во ред, но не ми впиваа доволно), CanBebe -ништо посебно и моментално сме на Violeta - се покажуваат одлично за сега, се надеваме ќе издржат до одвикнување.
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Виолета користиме и ние! Ок се и Becutan. За парите - веројатно VIoleta се најдобри. Имало некои германски кои ги продавале во маркети во Драчево, и тие ги фалат.
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Кан бебе мислам се викаа, беа со пристојна цена и добар квалитет.