Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци во Њу Јорк

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина

Гимназијалецот Ѓорѓи Шемов од Кавадарци се врати со бронза од олимпијадата за генијалци што се одржа во Њујорк. Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина. Се најде меѓу 248 финалисти од над 650 проекти кои беа дел од олимпијадата. Покрај освоената бронза тој доби и вредни награди, стипендија за четирогодишно студирање, вредна 16.000 долари годишно, ајпад и дипломи.

Овој средношколец е презадоволен од постигнатото и објаснува дека проектот од областа на биологијата го работел заедно со професорката по биологија Елизабета Иговска и вработени од Центарот за јавно здравје. Со овој проект поставил хипотези за поморот на риби што се случи лани во Тиквешко Езеро со вршење биолошка и хемиска анализа на водата. Жири-комисијата ги оценувала проектите според вистинитоста, креативноста и пристапот во работењето, а ја сочинувале новинари од National Geographic, професори на факултетот „Освего“ од Њујорк, како и експерти во областа на заштита на животната средина.

„Една од хипотезите беше околу големото присуство на алги, а на тоа се надоврзува и високата температура бидејќи минатото лето беше забележано како едно од најжешките. Работевме и на претпоставките за немањето оддалеченост од еден рибник до друг. Ретко кој го почитуваше правилото од еден до друг рибник да мора да има оддалеченост од два километри. Имаше луѓе кои изгубија, наместо да заработат повеќе“, вака Шемов го искоментира проектот кој му донесе успех на олимпијадата во Њујорк.

Извор: Утрински
Од сигурни извори дознав дека во Њу Јорк заминал сам, немало доволно финансии за професорката, јас да сум не би се снајдила ни на аеродромите :D
Се гордеам со дечково, секоја чест.​
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Е за ова вреди да има отворена тема, ем Македонец, ем направил голем успех, алал да му е...Ме радуваат вакви амбициозни деца, само напред!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Ѓорѓи

Нов член
15 јули 2012
1
5
3
27
Здраво, јас сум Ѓорѓи, дечкото што освои бронза. Најпрвен ви благодарам на сите за честиткте, и да точно е дека сам заминав во Њу Јорк, бидејќи немавме доволно финансии и за професорката, секогаш тоа е проблем, но за мене не претставуваше проблем што летав сам на толку огромни аеродроми како што беа во Њу Јорк и Лондон. Прекрасно искуство, прекрасни моменти и тоа е тоа. Фала :)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Здраво, јас сум Ѓорѓи, дечкото што освои бронза. Најпрвен ви благодарам на сите за честиткте, и да точно е дека сам заминав во Њу Јорк, бидејќи немавме доволно финансии и за професорката, секогаш тоа е проблем, но за мене не претставуваше проблем што летав сам на толку огромни аеродроми како што беа во Њу Јорк и Лондон. Прекрасно искуство, прекрасни моменти и тоа е тоа. Фала :)
Браво Џорџ, ај и за поголеми достигнувања да ти честитаме, секоја чест.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Горд е Кавадарци на тебе дете, само продолжи така :)