И Бугарија со вето за Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
И по вето - вето, овојпат од Бугарија. Дното е достигнато.
Живот пише романе, парите и алчноста - историја, а Македонецот се потпишува за бугарски пасоши.
Мадам Захариева изјавила дека ќе си го најдеме патот до ЕУ, но кога ќе ја оттргнеме идеологијата која е заснована на непријателство кон Бугарија и бугарскиот народ.
Еден од поинтересните делови е, цитирам „... неисполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, како и многу јасен текст, во кој изречно ќе се нагласи дека Северна Македонија нема претензии за македонското малцинство во Бугарија.“

И сега, нели бевме един народ - две држави, или како? Тогаш какви посебни малцинства спомнува?
Дали мислите дека воопшто некогаш ќе се среди ситуацијава со соседниве држави или ќе си останеме ко братучеди чии родители направиле заедничка куќа, па сега се расправаат за 50цм двор и зошто гранките од дрвото на лик1 навлегуваат во дворот на лик2?
ЕУ кога? 2138ма можеби?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да не беше фиром - фиром, да беше средено ошштество со независно правосудство, јака економија, мала скоцкана профи војска со COIN можности, дипломатски одамна врзана за некој поголем играч и сто други ствари, тогаш никакви бугарии, грции, србии албании немаа да можат толку лесно да прават срања.
Но бидувајќи морбидно срање од корумпирано општество каде сите се на продажба, што да не, да беше Андора комшија и тие ќе се најдеа јаки за да поставуваат услови.
Им се може, 100К народ има БГ пасоши, тоа доволно зборува за катастрофалните политики низ овие 3 децении откако екс-Југа исчезна. Нек бркаат Хунзи низ Пакистан и нек градат стиропорни бароци низ Скопје, ќе ги биде.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Многу, многу сме далеку од било какво нормално (не идеално, туку барем малку нормално) сценарио.
Гледам вчера на Твитер тема била како поновиве генерации не сме биле задоволни со ништо, сме бегале од државава, веднаш сме сакале 20к плата, кога „во нивно време“ (мммм, фразава) волонтирале по три месеци бесплатно. Требало и сега така да работиме бесплатно некое време, да сме научеле занает.
А, што порано со 4ти разред можеле да бидат и директори, а сега со магистратура не можеш да работиш ко продавач/магационер во Ваикики пошто и за таму има врски, не е битно. Нивните задници се на безбедни места, блиску до пензија, па нас ќе не оправаат.
Наместо секоја генерација да гледа да олесни на претходната, да ја подучи како било „во нивно време“ колку за споредба и да не се повтори, но и да помогне (или бар да не одмогнува), да поддржува напредок, титовачи плукаат насекаде со примери од златното нивно време.
Пиши пропало дека раја научена на социјална пензија и градење бесплатни пруги би се залагала за некаков напредок сега (иако веќе е доцна). Ќе треба години да минат, да пораснат новите генерации, па можеби нешто ќе се проба тогаш, секако, ако останат бар 200к жители и/или уште постоиме ко држава воопшто.
Па не Бугарија, афрички и индиски племиња може мајтап да си играат со нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А што толку е добро во ЕУ па сакаат таму да се? Јас да сум на нивно место ќе гледам да си средам дома прво, а не да трчам за во ЕУ. Во држава каде 70% од младите ти викаат дека би отишле да живеат надвор, не дај боже да влеземе во ЕУ за брзо. Тоа ќе биде преселба на народите втор дел, има да ја преплавиме Европа за 1 месец.
А за Бугарите што да се каже, со фашистите парадираа низ Скопје и околината, има и слики и докази и се, тие сега викаат дека тоа не биле фашисти туку администрација. Значи масакрот во Ваташа уствари не бил од страна на Бугарите, децата сами се убиле, си играле со пушки. И тоа тенковите низ Скопје уствари биле туристички возила. Најгаден народ, подолно нешто од Бугар нема.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
И пак. :zelen
Нашиве се порадуваа, притискала Германија, сигурно ќе попуштеле Бугарите...
Хах, кај попуштаат. Сигурна сум дека скоро 20% население ни се со бугарски пасоши и уште толкав број веќе аплицирале или размислуваат да земат. Имаат основа да вртат како сакаат и ќе го искористат тоа.
А, нашиве па се понашаат ко да сме спремни за ЕУ, па само Бугарија ги спречува плановите, леле. :rofl
Нека прошета некој канцелар по Виница, Пехчево или некое село по западна Македонија, па уште 30 години ќе преговараме.
Оно не па во Ветоварија дека се поарни. Тоа прави да му е криво на човека.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Омразата ме спречува било кога да бидам на страна на Фиром во било каква ситуација, во било што. Од друга страна таа омраза и ме држи нормален и ми дава мотив, да се издржи и да се види крајот на пропалиот проект Фиром. А како што знаеме од искуствата на Балкан, границите знаат неочекувано да се променат, 90-те беа речиси вчера.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не можам да го најдам видеото каде тутурутка ко Слави Трифонов вели дека на месечината ќе прател Бугарин, Бугарка и Северномакедонец. Поразувачки е за сите што овој стигна да е релевантна политичка личност, ама па од нив не ни очекувам подобро. Луд јебе збуњеног.
Абе стварно балканов не треба да постоиме ко одделни нации. Сите споени и нека не земе таму некоја велесила под закрила дури не сме изумреле од сопствена глупоќа.