Историја

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Покрај математика и хемија ова е уште еден предмет кој сите го мразат. Во почетокот не е толку тешко, се некаде до около 1200 година по наша ера. Потоа никој не не признава, едни не сакаат други не, окупирани од ваму, окупирани од таму. Јас лично во 5 и 6 одд. ја сакав но потоа во 7 и 8 одд. почнав да ја мразам особено помеѓу двете светски војни, и периодот после втора светска војна.
Што мислите вие за овој предмет ?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Овој предмет е општествена наука, нема рески граници, не ја дефинира реалноста, може да се филува од страна. Нејзината помошна наука - археологијата, подоцна и архивистиката се оние кои трагаат за вистинските податоци. Но да бидеме реални, побениците ја пишуваат историјата - така да зависно како ги прифаќаме податоците што ни кажуваат од овие две помошни науки така ќе ја прифатиме и севкуноста на историјата. .
Историјата е интересна наука. Од неа може многу да се научи, најпрво за грешките во претходните општества, понатаму за стратификацијата - слоевите на култура што биле присутни на ова тло. Нормално тука има доста помош што од археологијата, што од етнологијата, историјата на уметност, архивистиката.... Лошото е што историјата се зллоупотребува за политички цели, за национализам кој е идеал. ПРво правило за оние кои го изучуваат овој предмет: Не постои етнички чист народ. Тоа е само нечиј идеал да дојде на власт, за да подоцна ја злоупотребува и корумпира. Почнувајќи от ова правило, слободно понатаму може да се заплива во историските води.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Многу интересен предмет ми е, посебно кога се учи за македонската историја. :D
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Многу интересен предмет ми е, посебно кога се учи за македонската историја. :D

Интересен е, не дека не е, но има премногу информации кои мора да се запомнат и треба да се рабере тоа, бидејќи на памет ништо неможеш да запомниш :frantic
Нашата проф. по истора беше терсене човек, ако незнаеме национална историја нема 5, еднаш бев учел 5 часа само за да имам 5 на крај :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Интересен е, не дека не е, но има премногу информации кои мора да се запомнат и треба да се рабере тоа, бидејќи на памет ништо неможеш да запомниш :frantic
Нашата проф. по истора беше терсене човек, ако незнаеме национална историја нема 5, еднаш бев учел 5 часа само за да имам 5 на крај :rofl
ХАХАХАХА и нашата беше препредобра...
Абе дај аман, полесно ми беше да учам за Гоце Делчев, Јане Сандански, Илинденско, Кресненско и други востанија отколку за Наполеон и другите >.<
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
ХАХАХАХА и нашата беше препредобра...
Абе дај аман, полесно ми беше да учам за Гоце Делчев, Јане Сандански, Илинденско, Кресненско и други востанија отколку за Наполеон и другите >.<

Да не сакаш да учиш за политички партии меѓу двете светски војни и нивни цели и за македонски организации во странство, нивни цели и постигнати успеси, културен напредок(каде и кога се отворила книжара, телевизија, факултет, основно училиште, средно училиште, прв буквар и сл) Ќе ти најдам 1000 такви работи. Има и интересни делови од историја и здодевни, но и покрај тоа што не ја многу сакаме, би требало да знаеме нешто повеќе чисто за нас, кога ни зборуваат нешто да не се чудиме за што зборуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Интересен е, не дека не е, но има премногу информации кои мора да се запомнат и треба да се рабере тоа, бидејќи на памет ништо неможеш да запомниш :frantic
Нашата проф. по истора беше терсене човек, ако незнаеме национална историја нема 5, еднаш бев учел 5 часа само за да имам 5 на крај :rofl
Прв болд, мора но и не мора. Мора да разграничиш што е клучно и тоа да го запомниш. А за да знаеш што е клучно треба да го проучиш општеството како структура. За кралеви и такви мити лекции се учат како роман.

Втор болд, најголемиот проблем општо за пренесување на знаењето. Најголем дел зависи од себе дали имаш живци и желба општо за учење. Но на второ место зависи многу од тоа како ќе се пренесе знаењето. По историја па поготово затоа што постои субјективно пренесување на истото - можеби професорката ќе удри повеќе акцент на одредено време (антика, среден век, современа историја) бидејќи нормално, нејзе поомилен дел и е тој и тој период. Истотака треба да се запази на што се удира акцент, кои се информациите што таа ги пренесува. Рецимо ако пренесува некаква си пропагандистичка национална историја која го наштетува судот на секој еден студент/ученик кој има свое мислење но на некој начин е во конфликт со оној на професорката, треба да се стави во тест. А не дај боже ако цели генерации страдаат поради нејзините пресубјективни пропагандистички сфаќања. Затоа историјата е комплексен предмет и не треба да се сфаќа се` здраво за готово. Но мора да се разграничат некои битни поими.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Morticia. and emzzy

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Зашо да го мразиме предметот? Мене ми е меѓу омилените. Зарем не е убаво да го знаеш минатото, ако не на другите, барем на својот народ? И не е воопшто тешко да се учат и помтат години. Едноставно, треба да сврзуваш кои настани и каде се случиле на пример во 1876год. То је то. Ја наведов годината оти знам ПРЕМНОГУ настани во неа :)
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Зашо да го мразиме предметот? Мене ми е меѓу омилените. Зарем не е убаво да го знаеш минатото, ако не на другите, барем на својот народ? И не е воопшто тешко да се учат и помтат години. Едноставно, треба да сврзуваш кои настани и каде се случиле на пример во 1876год. То је то. Ја наведов годината оти знам ПРЕМНОГУ настани во неа :)
+ на тебе ти е погоден професорот и не може да не ти биде интересно..


Е сега затоа што темата е сместена во образование ќе зборам за неа само како за предмет настрана од тоа која е нејзината полезност, комплексност и сл... Прво за на ученик да му биде интересна мора професорот да знае како да го предаде материјалот за да не биде цело време акцентот на учење имиња и години на памет, коишто да бидеме реални се паметат помалку и потешко од приказната, а ако ученикот континуирано, (нема да речам учи) туку ја разбира, и има некоја претстава за хронолошката подреденост е лесна и интересна. Секако надоградување со филмови, емисии и литература надвор од часови полесно се разбираат, и подлабоко можеш да навлезеш, иако да бидеме реални историските настани никогаш нема да бидат прецизно обликувани и докажани, поради тоа што, пример за една војна, не постои само една историја туку секој човек, секоја земја, секој предмет има сопствена приказна. Многу е добро доколку на часовите професорот наместо само да го предава тоа што го пишува во учебниците да ги тера да истражуваат, да им носи енциклопедии, +материјал од други извори, да гледаат филмови па потоа да дискутираат/споредуваат, да посетуваат музеи и тн...