Искуства со интервју за барање работа

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
207
158
1,043
Скопје
Споделувајте ги вашите искуства од интервјуа и тестирања на кои сте присуствувале. Што ве прашувале, советувале, како сте поминале, споделете и ваши совети и препораки...
 
  • Like
Реакции: Baronessa

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
524
753
93
Los Angeles!
Секогаш биди опуштен, но воедно и сконцентриран на одговорите. Културата и правилното држење, даваат до знање дека сте стабилна личност, спремна на ризик и тимска работа. Бидете свои и уверени во вашето образование, и постигнатите цели.
Обично се вели дека црвената и виолетовата боја во комбинација со црната се одличен избор за интервју... бидете софистицирани и помалку класични... без многу аксесоари...
и нормално не го тргајте погледот од очите на соговорникот.
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
127
263
1,063
Скопје
Никогаш, ама НИКОГАШ немој да кажеш нешто лошо во врска со твојот претходен работодавец.
Оној што ве интервјуира веднаш ќе помисли дека истото ќе го правите „утре“ и со него.
 
  • Like
Реакции: Minella and Baronessa

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
207
158
1,043
Скопје
Во поглед на прашањата за интервју во принцип ако има HR одделение ги вртат најчесто овие прашања за да формираат профил на вашата личност: http://bhuvans.wordpress.com/2006/08/19/50-common-interview-qa/
Кога веќе одите на второ интервју со директорот на секторот каде би работеле, следуваат постручните прашања од вашата област.
 
  • Like
Реакции: Minella

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
значи на интервју слободно, без трема , без страв, елегантно облечени, елегантно однесување и со голема самодоверба... најдобро би се објасниле правила за однесување на интервју би рекол според мене.. :)
 
  • Like
Реакции: Minella

nekoj od negde

Нов член
17 февруари 2012
5
6
3
40
Основните правила сите ги знаеме . Тоа што ме вади од такт е што работодавците се преценуват . Повекето кај кои сум била на интервју дури и не ми поставиле некое добро прашање . Незнам зашто слижат интревјуата ако те прашуват само како се викаш претстви се, од кај дозна за нашата фирма и бла бла глупости. Од тоа не може да се утврди колку знаење имаш или пак колку си елоквентен , способен за тимска работа , да носиш одлуки или друго. Од една страна ако си самоверен се преценуваш , а пак ако си скромен си глуп. На карај работата ја добивата тие што се облечени во фармерки и патики и што доцнат 15 минути на интервју .Нема правила све е сека или пак наместено. Без јака подршка внатре во фирамата тешко до добра работа.
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
137
169
43
Скопје
Треба само да функционираш добро под притисок. Останатото не зависи од тебе.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
325
395
1,063
Сум бил на 3 интевјуа за работа и во сите 3 сум успевал да се вработам.
Се поставуваат логични, лични прашања, а нормално има и глупави, смешни и прашања кои се повторуваат од интервју во интервју т.е стандардни прашања.
Треба потенцијалниот работник да се претстави себе си, да каже што очекува од работата, а може и да му се дадат практични работи да покаже што знае.
Досега најбесмислено прашање што ми се поставило било "Дали сте пушач". Апсолутно немаше логика и поврзаност со работното место :)
 
  • Like
Реакции: Hexasto

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,274
1,911
1,123
Kumanovo
Работодавците се преценуваат у оваа држава. А што е најлошо, џабе трудот, и лигавењето во оние пропратни писма дека фирмата е таква, онаква, оваква ... кога на крај пак некој преку врски, и без никакво знаење ќе влезе наместо вас/мене .. независно дали ние имаме знаење и искуство од областа за која аплицираме. А барање работа во администрацијата ... ау, тешко, освен ако си припадник на некој од етничките заедници во Македонија. Така да, боље барајте врски, отколку да се замарате со пишување резимеа. Што си е сигурно, сигурно си е :)