Интроверти vs. екстроверти | Црнобело Форум

Интроверти vs. екстроверти

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,692
7,241
1,153
Big Sur
Темава секогаш ми е интересна пошто постојано наидувам на клипови, мемиња, слики, штогод каде се идолизира антисоцијализација и гледање серии цел ден како нешто ултра кул интровертност и неразбирливо за екстровертите, па ме интересираат и други мислења.
Погорново личи на прикривање мрза и/или депресија/депресивен период со „помалку опасен“ термин.

Лично, одам од една во друга група многу лесно. Ако ми одговара друштвото, немам проблем да сум голем дел од времето со нив, секојдневно, додека ако не ми одговара некој или ако едноставно имам период каде осеќам дека сакам јас да се ставам на прво место без муабети/влијание на други, не комуницирам многу и си седам дома или шетам сама.

Дали може да сме само интроверти или екстроверти или повеќе сметате дека тоа иде од расположението?
Всушност, мислам дека малку и неинформираноста игра улога, па секој што излегува е автоматски екстроверт, кога всушност постојат повеќе карактеристики што те сместуваат ваму или таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,190
5,717
1,683
Disco
Тоа е нова мода, не толку нова пошто веројатно почнала со Рејн Мен филмот каде awkward особи општо започнуваат да се перцепираат како кул, тука се нердови и гикови кои низ разни серии се прикажани како кул и сето тоа.
Има и различна мода каде ултра-екстровертност се смета за нешто јако, тоа го форсираат разни лајф-коуч и слични битија кои пропагираат vreme e pari brad hehe samo akcija i zeni ...

Големо влијание игра и возраста и условите низ кои се одвива животот, како што ми кажуваат како мал сум бил екстроверт па како тинејџер интроверт па после пак бев екстроверт особено по иноземство па сега сум нешто измеѓу и балансирам релативно успешно. Со луѓе со кои имам добар муабет сакам да сослушам како што заслужуваат и да бидам сослушан како што заслужувам.

Постојат и обете врсти луѓе, но најмогу се во некоја средина каде расположење и околности влијаат на тоа дали особа ќе биде екс или интро во даден момент.

Двата екстреми ми се одбивни, лица на кои треба со клешти да им влечеш пар реченици ме нервираат страшно, скоро исто колку и дебили кои се наметнуваат со тупи муабети, галамат и не оставаат друг да зборне нешто, раја од типот danese falam ama epten ebam brad iam sea cetiri picina na lager hehe таквите се жива тортура и човек треба да ги избегнува по секоја цена.

Од друга страна колку и да бил некој интровертен би требало на 30+ да има барем каков таков механизам да може да каже нешто повеќе од da i ne одговори, и тоа не го сфаќам, луѓе кои живеат во урбани средини, работат, учат, се движат меѓу раја...е сега тука има лица кои носат трауми па се затвараат во себе, тоа е веќе друга прича или како што спомена резултат на депресија која не е дијагностицирана или третирана.
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
55
42
118
Интроверт сум и тоа оној ептен радикален тип. Дури и ми пречат луѓе во моја близина. Плус на тоа да додадам дека немам пријатели, оти имам многу лоши искуства од минатото и не се решавам да градам пријателства баш поради таа причина.