Интернет тролови

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Во интернет терминологијата, трол означува личност чија основна цел е со своите прилози да предизвика што поголема реакција на учесниците во интернет заедницата или на друг начин да се поремети нормалната дискусија. Троловите најчесто не се тематски заинтересирани, туку настапуваат агресивно во обид за создадат раздор во постојната заедница, дискредитирање на поединци со поинакво размислување или насочување на дискусијата во непродуктивен правец.
Троловите најчесто се движат во интернет форумите, мејлинг листите, блоговите и низ другите форми на интернет комуникација. Оделени тролови се користат со префинети дијалектички и реторички методи и на тој начин се камуфлираат и подолго време не можат да бидат откриени.
извор: wikipedia.org

На Интернет трол е личност која постира пораки за да креира контраверзија или бесен одговр без да додава содржина на дискусијата, често намерно. Иако тоа технички е различно од флејм, кој е директен напад врз личност, троловите често користат инсинуации или погрешно упатување во остварувањето на нивната цел, која е да се креира контроверзност за нивна лична корист, да ги дескредитира тие со кои не се согласува, или да ја саботира дискусијата со креирање на застрашувачка атмосфера.

извор: bagra.org

Немој да храниш трол, тоа само ќе го охрабри

Што мислите за троловите?
Имате ли искуство со некој трол?
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Интернет троловите се се повеќе присутни во виртуелниот свет. Тоа е еден вид "култура" која се повеќе се практикува, најчесто на форумите, а неретко и по социјалните мрежи. Целта на тролот е да го изнервира противникот за овој да "избувне" и потоа да биде казнет. Тролот пронаоѓа дупки во правилата на форумот и успешно ги применува во секојдневните дискусии.
Е сега, има повеќе видови тролови. Воглавно, можат да се поделат на две групи:
1. Трол што треска глупости
Овие личности иако изгледаат глупаво и сите добиваат впечаток дека се неписмени (бидејќи не само што провоцираат, туку и правописот им е лош), тие всушност намерно го прават тоа, од забава. Сите се подбиваат со нив и се смеат на нивната "неписменост", а овие ликуваат бидејќи успеале "да ги зафркнат". Се прашувате која е целта? Цел нема, само забава.
2. Интелегентен трол
Е овие се "поопасни" од другиве. Овие имаат способност да те извадат од такт, користејќи се со интелегентни изрази + мемиња. Повеќе за мемињата (memes) можете да прочитате кај тетка Вики, ама најлесно е да го посетите чичко 9гаг, се ќе ви се разјасни.

Погоре реков - го прават ова за забава или пак некакво хранење на егото. Се прашувате каква е таа забава? Е тоа се прашувам и јас :)

Ајде сега ќе споделам лично искуство. Ме имаат повеќе пати извадено од такт вакви тролови, но сега веќе не се замарам. Е, морам да признаам дека и јас сум била тролче. :sram Тоа беше 2009 година на еден форум, интересно ми беше, ама ај мала бев па простено ми е. :p

Сега сакам да пренесам (како дополнување) едно мислење за оваа тема од мој другар, на друг форум:

Пред се, троловите се делат на виртуелни и реални.
1. Виртуелни
Знаете, оние кои како џокер во покер се истакнуваат на секоја можна тема со нивните финти кои се толку клише и бесмислени, а за возврат добиваат бескрајно воодушевување од лигави луѓе, по што им се полни егото и решаваат да продолжат. Проблемот е во тоа што им пречат на луѓето кои сакаат да се релаксираат или да свртат некоја сериозна дискусија.
Тие се делат во неколку категории
- Прва категорија
Некој треснува глупост, погрешно се изразил, има проблем и бара помош итн. Тука ќе ги видиш со познатата слика I don't want to live on this planet anymore. Па ако не ти се живее на нашава планета иди на Марс, што сакаш друго да ти се каже на оваа глупост. Всушност, со ова сакаат да покажат како се екстремно паметни, надпросечно интелегентни и никогаш не треснале глупост или имале некаков проблем. Јеа рајт.
- Втора категорија
Некој ќе сподели свое искуство и тука повторно тие на сцена со Cool story, bro.
- Трета категорија
Експертите со фуууууу и фак јеа. Ако некој член дојде до некој заклучок произлезен од дискусијата, му се враќа со вакви слики. И што сега, фраер си?
- Четврта категорија
Исмевање. Сарказам. Исмевање. Нивниот свет се врти околу овие три зборови.
- Петта категорија
Имитирање. Ако некој член греши во правописот, тролсимитаторс се тука да се глупираат и лигават. Интелегенција, нема што.
2. Реални
Исти се како и горе спомнатите, но разликата е во тоа што ретко кој од тролчињата од нет има м*да да трола некого во реалниот свет.

Троловите најмногу ги има на интернет, ама не се исклучок и во реалниот свет.

П.С. Еве што кажува тетка Вики за троловите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma, ShakaZulu and Luckky

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
am I troll?
Trollface.svg


troll.jpg
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
м какаф трол бре, тј такф што праи тија работе е вол,стока лол пкххх...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тролот најчесто е исфрустрирано чоече кое нема свој живот, па со своите методи на правење глуп испробува да ги симне повисокоте во интелигенција од него луѓе. Така и со интернет троловите. Има некои кои се борат под нечиј бајрак за да пробаат да го симнат квалитетот. Искрено не ја разбирам таа мода и величењето на професијата трол. Затоа што трол може да биде скоро секој со малку повеќе разработено импровизации. Но не и благородна работа. Затоа што да се биде трол се ризикува и себесимнувањето на пониско ниво на интелигенција. Човекот се приспособува... со тек на време гради принципи кои водат кон карактер. Е сеа може да се замисли чоек кој ги базира своите принципи на правење глуп. Деградирачко е.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Интернет троловите се се повеќе присутни во виртуелниот свет. Тоа е еден вид "култура" која се повеќе се практикува, најчесто на форумите, а неретко и по социјалните мрежи. Целта на тролот е да го изнервира противникот за овој да "избувне" и потоа да биде казнет. Тролот пронаоѓа дупки во правилата на форумот и успешно ги применува во секојдневните дискусии.
Е сега, има повеќе видови тролови. Воглавно, можат да се поделат на две групи:
1. Трол што треска глупости
Овие личности иако изгледаат глупаво и сите добиваат впечаток дека се неписмени (бидејќи не само што провоцираат, туку и правописот им е лош), тие всушност намерно го прават тоа, од забава. Сите се подбиваат со нив и се смеат на нивната "неписменост", а овие ликуваат бидејќи успеале "да ги зафркнат". Се прашувате која е целта? Цел нема, само забава.
2. Интелегентен трол
Е овие се "поопасни" од другиве. Овие имаат способност да те извадат од такт, користејќи се со интелегентни изрази + мемиња. Повеќе за мемињата (memes) можете да прочитате кај тетка Вики, ама најлесно е да го посетите чичко 9гаг, се ќе ви се разјасни.

Погоре реков - го прават ова за забава или пак некакво хранење на егото. Се прашувате каква е таа забава? Е тоа се прашувам и јас :)

Ајде сега ќе споделам лично искуство. Ме имаат повеќе пати извадено од такт вакви тролови, но сега веќе не се замарам. Е, морам да признаам дека и јас сум била тролче. :sram Тоа беше 2009 година на еден форум, интересно ми беше, ама ај мала бев па простено ми е. :p

Сега сакам да пренесам (како дополнување) едно мислење за оваа тема од мој другар, на друг форум:



Троловите најмногу ги има на интернет, ама не се исклучок и во реалниот свет.

П.С. Еве што кажува тетка Вики за троловите.

Ко призна пола му се прашта :D За другата половина :trepka

аххх тролови... подобро да не почнувам да ставам сол на стари рани ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ги има на форумов ,за едниот знаат СИТЕ од тука ,но секој си го доживува на свој начин а другиот ме трола мене .... :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мене искрено ме интересира која е дефиницијата за трол според вас, форумџии?
Не, озбилно...листам вака по темиве, и оп, овој бил трол, оној бил трол, зборот се користи само без врска. Сме чуле дека трол е нешто лошо, па ај, секој втор е трол. Секој (претежно нов) член по форумиве што ни е непознат и делува изгубено или има некој поостар/саркастичен пристап, веднаш е трол.
А ние па демек ги „чистиме“ давајќи им цвеќе, нели, ко миротворци.
На Мајка Богородица ѝ се допаѓа ова.