Интересни и луксузни хотели низ светот (со слики)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Dog Bark Park Inn
Доколку случајно се најдете во Котонвуд, Ајдахо, ќе имате можност барем една ноќ да поминете во хотелот „Dog Bark Park Inn“, кој е во форма на огромно куче.
Собите се декорирани со елементи кои потсетуваат на кучиња. Во продавничката во хотелот можете да купите секакви производи за кучиња, а тоалетот кој се наоѓа надвор од објектот е во форма на хидрант. Со капацитет за преноќување на само 4 луѓе одеднаш, овој хотел е одличен за една фамилија и за обожавателите на животните.

Null Stern Hotel
„Null Stern“ хотелот се наоѓа во напуштено нуклеарно скривалиште во Швајцарија. „Null Stern“ во превод значи „со нула ѕвезди“, а тоа е така бидејќи гостите не добиваат ништо повеќе од кревет и топла вода. Дури можеби и ќе ја делите собата со уште 6 непознати луѓе.
Позитивното е тоа што едно ноќевање ќе ве чини околу 10 американски долари. Сепак, креаторите го презентираат како социјален експеримент што ќе им даде шанса на посетителите да се запознаат малку повеќе едни со други.

Karostas Cietums
Доколку некогаш сакате да поминете ноќ во поранешен затвор на СССР, овој хотел е совршеното место за вас. Тој се наоѓа во Летонија, а неговите соби се буквално келии.
Доколку сакате и имате доволно пари, можете да платите за да доживеете вистинско затворско искуство, бидејќи „чуварите“ можат да се однесуваат со вас како да сте вистински затвореник. Хотелот има и музеј и организира редовни тури за посетителите.

Library Hotel
Доколку сте љубител на книги тогаш овој хотел во Њујорк е перфектен за вас. Секој спрат и секоја соба е организирана по азбучен ред и по категорија.
Во сите 60 соби има безброј книги од соодветната категорија,од математика до еротски романи, па така секој гостин може да најде книга по својот вкус.

Jumbo Hostel
Овој хотел се наоѓа во боинг 747 и е приспособен да собере 85 гости. Тој се наоѓа на 10 минути оддалеченост од аеродромот во Стокхолм, а од неговото кафуле и од направената дрвена палуба ќе имате прекрасен поглед кон пистата на аеродромот и полетувањата и слетувањата на авионите.

Propeller Island City Lodge
Управата на овој германски хотел тврди дека треба да преспиете во парче уметност, бидејќи секоја соба е различно дизајнирана.
Една соба е потполно портокалова, во друга мебелот е превртен обратно, во трета ќе бидете опколени само со огледала. Дури ако се чувствувате доволно морбидно, можете да спиете и во ковчег како вампир.

Hang Nga
Овој виетнамски хотел е направен да личи како огромно чудно дрво. Сепак дрвото е вештачко, но е опколено со многу природа и растенија, па така остава впечаток како да е вистинско. Во внатрешноста доминира дрвената подлога и деталите кои отсликуваат едно дрво, па така ќе наидете на скулптури од мравки, пајаци, пајакови мрежи, по некоја птица и слично.


Постирајте интересни и луксузни хотели низ светот.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Луксузни хотели: The Sukhothai Hotel, Bangkok

Во прошетката по најубавите и најлуксузни хотели низ целиот свет, дојде време да се упатиме кон една од земјите која што ја посетуваат најмногу туристи, Tailand, поточно нејзиниот главен град Bangkok и ексклузивниот хотел Sukhothai.
Сместен помеѓу бујни тропски градини, декорирани во најпрефинет стил, The Sukhothai Hotel претставува вистинска оаза во срцето на Bangkok, распослан на повеќе од 24 000 квадратни метри. Локацијата на хотелов е перфектна и за оние кои го посетуваат градот и со бизнис интереси и со намера комплетно да се одморат и релаксираат. Од аеродромот е оддалечен само 35 минути возење, а за совесните гости кои однапред резервираат соба и се најават, хотелот испраќа и Mercedes S Class лимузина, која што ги пречекува пред аеродромот и ги носи во хотелот каде што може комплетно да се одморат од напорното и долго патување. Од големите и раскошни бањи, дрвениот под, до извонредниот мебел, дизајниран во најпрагматичен стил, хотелов на гостите им нуди автентично тајландско добредојде и престој, комбинирано со сите акценти на модерното живеење.
А кога станува збор за исхраната во The Sukhothai Hotel, може да се говори како за врвно уметничко дело. Ресторанот The Colonnade нуди различни гурмански искуства во текот на целиот ден кои се приготвуваат на лице место, пред очите на посетителите. Додека Celadon е специјализиран за традиционалната тајландска кујна, La Scala пак како што можете да насетите од самото име, служи италијански јадења и многу други слатки десерти.
Како што е обичај и традиција за големите и луксузни хотели, во нив се наоѓаат комплетно опремени health клубови во кои можете да го одржувате вашето физичко здравје и ментално да се опуштите. За тоа најмногу ’при рака‘ ќе ви се најдат тениските игралишта, како терените за squash (знаете барем од филмовите, тенис во 4 ѕида), како и 25 метарски базен за пливање.
За оние кои во Bangkok одат со цел да направат некој бизнис, во хотелот има посебно опремен бизнис центар и соби за семинари. А овде се разбира и бутиците каде што се продава секаква (но ексклузивна) роба, од брендирана облека, до рачно изработени, уникатни орнаменти.
Видете како изгледа тоа во тајландски стил...







 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Луксузни хотели: One & Only Ocean Club, Bahamas

Ви претставуваме уште едно луксузно место и повторно на едно од најатрактивните локации на светот, Карибските острови...
Станува збор за легендарна дестинација во овој дел од светот, познато по своите величествени Версајски градини и Августинскиот манастир од 12 век (wtf?!?!) , каде што личната услуга е репер и од највисока класа. Оригиналниот шарм на имотот, изграден во колонијален стил пред некое време е подобрен со додавање на 50 соби покрај плажата и луксузни апартмани, од кои се пружа прекрасен поглед на океанот. Современиот луксуз ја дефинира секоја гостинска соба или вила. Во комфорот е вклучена и батлерска служба за секој гостин одделно, која што ги прати посебен персонал за услуга три пати дневно и секако лап топи за сите гости за користење.
Ресторанот на терасата служи континентални јадења во романтична атмосфера и на отворено, каде што глетката во најмала рака е спектакуларна. На тоа се додава и послугата и сервис на плажа, покрај базен, која што служи посебни освежувачки пијалоци.
Во комплексов се наоѓа и комплетен спа центар, дизајниран голф терен, базен за пливање и еден куп водени спортови, како и free shop-ови и велосипеди за користење!






 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Хотел изграден во праисториски пештери

Овој необичен хотел е лоциран во областа Саси која е дел од Матера, град во јужниот дел на Италија. Хотелот “Sextantio Le Grotte Della Civita” e eдинствениот хотел во светот изграден во рамките на природната екстраваганција на праисториски пештери. Овој хотел е добро сочуван пример за градот каде што илјадници пештери со векови се користат како живеалишта, цркви, па дури и палати. Од 1993-та година хотелот е под заштита на УНЕСКО каде што луксузната удобност е во идеален спој со праисторискиот дизајн.













 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Хотелот „Вотер дискус“ потсетува на митското летало од „Ѕвездени патеки“ со кое капетанот Кирк и неговиот екипаж храбро одеа онаму каде што никој пред тоа не отишол.
И ефектите на овој хотел придонесуваат за една возбудлива авантура при престојот, реализирана од „Дип оушн технолоџи“. Луксузниот хотелски ресорт се наоѓа половина во море, а половина над него.
За да се реализира ваква авангардна идеја за хотел каков што е „Вотер Дискурс“, советникот на инвеститорите, швајцарската фирма „Биг инвест консалт“, го предложи Дубаи, светскиот центар на модерните згради како што се и Бурџ Калифа и островот Палма.
21 суперлуксузен апартман се наоѓаат под вода, а благодарение на стаклата што ги заменуваат ѕидовите изгледа како да престојувате во еден огромен аквариум.

Другите соби се над водата, но затоа пак тука се наоѓаат базенот и луксузниот спацентар, платформа за хеликоптери и посебни простории за рекреација.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Нов луксузен хотел на Малдивите со егзотичен дизајн

Самото влегување во оваа вила предизвикува зашеметување на сетилата нудејќи целосна телепортација од реалниот свет" велат врботените во овој хотел.
"Идеално решение за излез од секојдневието" тоа е токму она кое што се препорачува за оние кои имаат можности да си да си дозволат едно "патување во рајот". Хотелот Виванта од Таџ лоциран на Малдивите е ново луксузно "прибежиште" за сите оние кои сакаат да одморат од пренапорната работа и "претешкиот" џеб. Хотелот им нуди на своите посетители можност да одберат соба, сместувалиште, но и сопствено бротче со кое можат да уживаат во убавините на Индискиот океан како и рекреативно ловење на риба, нуркање и набљудување на околната фауна.

vivanta-taj-hotel-01.jpgvivanta-taj-hotel-02.jpgvivanta-taj-hotel-03.jpgvivanta-taj-hotel-04.jpgvivanta-taj-hotel-05.jpgvivanta-taj-hotel-06.jpgvivanta-taj-hotel-07.jpgvivanta-taj-hotel-08.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar and melpomena

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Оваа ориентална империја е симбол на главниот град на Обединетите Арапски Емирати…​
Emirates Palace лежи на приватна, бела, песочна плажа долга 1, 3 километри и е опкружен со 85 хектари преубаво уредени градини. Овој неверојатен комплекс е дизајниран од страна на Џон Елтон, кој е потпретседател на Tong and Goo, меѓународна компанија специјализирана за меѓународни хотели. Отворен е во 2005 година и се наоѓа под сопственост на Владата на Абу Даби…​
Во изгледот на хотелот доминираат куполите кои се издигнуваат и до 80 метри, а ги има вкупно 114. Ентериерот е уреден во злато и мермер. Централната просторија во хотелот има огромна купола на врвот, од злато, украсена со златни лисја и поседува неверојатна акустика. Највисокиот спрат има шест соби кои се резервирани исклучиво за кралското семејство.​
Неверојатно, луксузно, привлечно… Буквално како од бајките !!!​
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Лоциран на источното крајбрежје на Карипското Море, Жаде Маунтаин во Св. Луција е едно од најпознатите летувалишта. Секоја од собите има 3 ѕида и приватен бесконечен базен со прекрасен панорамски поглед на Карибите. Цените во oваа тропска оаза и парче од рајот нормално се високи и изнесуваат од 950 до 2700 долари за ноќ
cooleria.jpg
Летувалиштето се простира над ограмна плажа завиткано во изобилството на органската архитектура и убавина на Св. Луција. Храбриот дизајн на архитектурата на објектот, индивуалните мостови кои водат до исклучителните бесконечни базени со блескав калеидоскоп од бои, спиењето со отворен поглед кон небото и водата, а четвртиот ѕид сосема отсутен го прават Жаде Маунтаин едно од најпознатите места на Карибите.
На Жаде Маунтаин сте ослободени од секаква технологија, не постојат телефони, радио и телевизија. Интернетот е достапен само на рецепција за оние кои едноставно имаат некаква итна потреба во надворешниот свет.
jade1.jpgjade3.jpgjade4.jpgjade5.jpgjade6.jpgjade8.jpgjade9.jpgjade10.jpgjade11.jpg