- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,018
- 1,683
Во оваа тема во било кој момент можете да побарате помош поврзана со сите детали за организирање на една било каква прослава и се надевам дека ќе слушнеме доста интересни совети, препораки и идеи.
Мене ми треба ваша помош за да огранизирам до крајот на месец април, роденденска прослава со тема "пирати". Било што и да ви дојде на умот, предложете ми. Разни декорации, храна, пијалоци, музика, облека и слично.
Еве јас ќе почнам со неколку мои идеи кои можеби ќе ве поттикнат. Кога ќе помислам на пирати, веднаш ми текнува на: рум, ковчези и боите црна, црвена и бела.
Се мислам горните делови на просторијата да ги украсам со оние класични тријаголници нанижани на конец (како и да се прават), и да бидат црни со костурско знакче во средината. Евентуално се мислам за да не биде толку монотоно, секој втор тријаголник да биде во црвено-бели хоризонтални риги.
За додатни украси на ѕидовите, размислувам да наредам црни балони. Исто така, сакам да направам знак на кој ќе пишува нешто на "пиратски", во стилот на "Ahoy There Matey". Е сега не знам како да го направам тој знак, дали да биде на хамер или пак некаква даска.
Главно пиење ќе биде рум. Кока кола, парчиња лимон, коцки мраз... Нешто такво. Исто така, може пиво и бело вино, евентуално бунар. Цел град го пребарав за оние тенки (2/3 мм) цевчиња и мали чадорчиња, ако некој знае каде можам да ги најдам, нека ми каже.
Не сакам да има вистинско јадење, туку некакви грицки. Прво нешто што ми текнува се оние солените рипчиња. Исто така, сакам да земам од оние чоколадцата што личат на монети, но немам видено со години и не знам дали воопшто се продаваат некаде. Како надополнување, може некои слични чоколадца, важно е да се со златна опаковка за да наликуваат на богатство. Може и некакви гумени бонбони, на пример оние шумските на Харибо црвено-црни топчиња, па да бидат асоцијација на ѓулиња за топ. Нешто друго налик на ова би биле бомбици. Предложете ми било што што ве асоцира на богатство или пак море.
Сите грицки ќе бидат обележани со интересни имиња во стилот на "Cannon Balls", "Shark Bait" и слично.
Еве нешто интересно што најдов: на парче портокал закачена чечкалица со знаменце. Тоа синото на дното е желе. Изгледаат како бродчиња на океан.
Имам голема маса за декорирање. Не знам дали да ја прекријам со обичен црн чаршав или со црно-црвени риги. Или пак доколку најдам, со некаква мрежа. Се мислам во средината да ставам песок и школки, а во центарот неколку свеќи.
Не сум баш најсигурна за музиката, можеби реге или ска. Не знам колку има логика, но нешто вакво:
Секој предлог е добредојден, особено и ако ми кажете каде можам и да ги набавам некои работи. Би било супер и кога работите би можела сама да ги направам. Се надевам дека оваа прослава ќе му даде идеја на некого во иднина. Savvy?