1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Интересни идеи за организирање на прослави

Дискусија во форумот 'Дизајни' започната од MissChievous, 17 април 2013.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Во оваа тема во било кој момент можете да побарате помош поврзана со сите детали за организирање на една било каква прослава и се надевам дека ќе слушнеме доста интересни совети, препораки и идеи.


    Мене ми треба ваша помош за да огранизирам до крајот на месец април, роденденска прослава со тема "пирати". Било што и да ви дојде на умот, предложете ми. Разни декорации, храна, пијалоци, музика, облека и слично.


    Еве јас ќе почнам со неколку мои идеи кои можеби ќе ве поттикнат. Кога ќе помислам на пирати, веднаш ми текнува на: рум, ковчези и боите црна, црвена и бела.

    Тријаголници.jpg

    Се мислам горните делови на просторијата да ги украсам со оние класични тријаголници нанижани на конец (како и да се прават), и да бидат црни со костурско знакче во средината. Евентуално се мислам за да не биде толку монотоно, секој втор тријаголник да биде во црвено-бели хоризонтални риги.


    Pirate sign.jpg

    За додатни украси на ѕидовите, размислувам да наредам црни балони. Исто така, сакам да направам знак на кој ќе пишува нешто на "пиратски", во стилот на "Ahoy There Matey". Е сега не знам како да го направам тој знак, дали да биде на хамер или пак некаква даска.

    Главно пиење ќе биде рум. Кока кола, парчиња лимон, коцки мраз... Нешто такво. Исто така, може пиво и бело вино, евентуално бунар. Цел град го пребарав за оние тенки (2/3 мм) цевчиња и мали чадорчиња, ако некој знае каде можам да ги најдам, нека ми каже.

    Не сакам да има вистинско јадење, туку некакви грицки. Прво нешто што ми текнува се оние солените рипчиња. Исто така, сакам да земам од оние чоколадцата што личат на монети, но немам видено со години и не знам дали воопшто се продаваат некаде. Како надополнување, може некои слични чоколадца, важно е да се со златна опаковка за да наликуваат на богатство. Може и некакви гумени бонбони, на пример оние шумските на Харибо црвено-црни топчиња, па да бидат асоцијација на ѓулиња за топ. Нешто друго налик на ова би биле бомбици. Предложете ми било што што ве асоцира на богатство или пак море.

    3eb5f9e00b9bec74b151320336cdd60e.jpg fa44a2c1f5962072bc0eead9d0db3586.jpg
    15f5fe439751ffcbbbeda1474ac624ef.jpg 699654018cd980634bea559fc68f3713.jpg

    Сите грицки ќе бидат обележани со интересни имиња во стилот на "Cannon Balls", "Shark Bait" и слично.

    Еве нешто интересно што најдов: на парче портокал закачена чечкалица со знаменце. Тоа синото на дното е желе. Изгледаат како бродчиња на океан.

    be1c1ecb1cc834267b927a0c6a12ec05.jpg

    Имам голема маса за декорирање. Не знам дали да ја прекријам со обичен црн чаршав или со црно-црвени риги. Или пак доколку најдам, со некаква мрежа. Се мислам во средината да ставам песок и школки, а во центарот неколку свеќи.

    734301_10151150782902134_1559855386_n.jpg

    Не сум баш најсигурна за музиката, можеби реге или ска. Не знам колку има логика, но нешто вакво:



    Секој предлог е добредојден, особено и ако ми кажете каде можам и да ги набавам некои работи. Би било супер и кога работите би можела сама да ги направам. Се надевам дека оваа прослава ќе му даде идеја на некого во иднина. Savvy? [​IMG]
     
    На Martin_MKD, Mila Kunis, JaMi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,078
    Прво нешто што ми падна на памет се чоколатчињата атлантис кои може да ги внесеш во грицките :)
    [​IMG]
    Можеш и исто како детал да направиш или пак да купиш доколку има Кука како капетан Кук а на славеникот/славеничката или пак на сите присутни доколку се помалце да изработиш сама или пак да купиш капи(шешир или што и да беше тоа нема врска)како на капетан Кук:)
     
    На JaMi и DarkPassenger им се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Можеш да се снајдеш да најдеш кукла? Да да кукла, т.е. две кукли. Би можела да се снајдеш ако имаш пријател/ка со продавница за облека, па да ти ги позајми на една вечер, и да ги направиш пирати :)
    Малку ќе ти одземе време и пари, ама ќе ја направи атмосферата. Зад нив намести испринтан топ(се надевам знаеш каков, ако не, ќе ти пратам слика)
    Ако грицките бидат поставени на една маса тогаш овие фраерите нека ти бидат зад масата како да услужуваат а зад нив сликата...
    - може е грда идеа ама мене вака во глава ми се допадна :)
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,995
    Допаѓања:
    9,624
    Life bait :patos Good one!

    Ако имаш мали шишенца, може да направиш нешо као порука у шишенце, чисто декоративно.
    ИСто ако живееш во некоја куќа или пониско станче (шесткатна зграда) можеш да направиш treasure party map нешо као хинтови или поточно знаци накаде ти се наоѓа местото за журка.
    Исто ако имаш среќа набави вино во буренца со славини.
    За гриски можеш да лупнеш уште еден штос као scurvy free ако даваш сокови со витамин С. За музика за почетокот на журката пушташ Pirates of Carribean OST ти препорачувам кецот или двојката, поготово темата на Џек.
    Ако имаш дрво, најди некоја кукла, направи ја џоа пират и обеси ја - као нешо пред врата со назнака - you have been warned.
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,491
    Допаѓања:
    14,401
    Во Џамбо можеш да најдеш многу работи за декорација :)


    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Tantara и MissChievous им се допаѓа ова.
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,491
    Допаѓања:
    14,401
    парички чоколатца имаш во супер маркетот во чаир -Принц, гумени бомбони ајкули види во рамстор на први кат...Ако ми текне нешто др ќе допишам. :)
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Кажете идеи за облека. Нешто полесно, по можност. (wasntme)
     
  8. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Јас би да си купиш костим ко за маскенбал :) ...
     
  9. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,995
    Допаѓања:
    9,624
    Дрес код?

    Панталони на трегера и бела кошуља ако се работи за омасовено. За себе моеш да ставиш марама, ако имаш среќа да најдеш онаа троаголна капа. И чипка околу ракавите. контраст горен дел светло - панталони темни.
     
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Абе, се премислив јас за темата. :sram Темата е "tropical" или "hawaiian". Сега дефинитивно сум сигурна, зошто купив неколку работи. За почеток тиркизни чаши, чадорчиња, мечеви, тенки шарени цевки.

    bday.jpg

    Да не должам многу, еве неколку интересни работи:

    2 limes, 1 small box of red Jello, mini chocolate chips.jpg Beach Cupcakes.JPG Fancy schmancy lemons.jpg f6cf37a8ca77d299daf132f2fac8c899.jpg fresh berries, mint leaves, ginger bits, and strips of citrus zest.jpg Fresh Fruit Cups.JPG luau-party-ideas-13.jpg a98782_0801_umbrellas_xl.jpg 85fb4409f6e6f92b008b3e0b5c6c89c8.jpg

    Има време, но кога ќе помине денот, ќе закачам слики да видите како испаднало се. :biggrin
     
    На Gemini и JaMi им се допаѓа ова.

Сподели: