Иновациски и проектен менаџмент - перспективи?

Би избрале ли ваква професија?

  • Не

    Гласови: 0 0.0%
  • Се двоумам

    Гласови: 0 0.0%
  • Да - но само во странство

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    2

FotoLina3

Нов член
28 февруари 2017
1
0
1
Очигледно во светот се доста барани професии, но дали и во нашата државичка?

Оваа тема ја отворам на неколку форуми со цел да ги слушнам мислењата на јавноста. Кога би тргнала од себе, би рекла дека проектниот менаџмент е нешто прекрасно, креативно и доста варијабилно (и со добра плата - во странство). Што се однесува до иновацискиот менаџмент, го сметам за поврзан со маркетингот или бизнис процесите - како вие би му помогнале на инвенторот да ги спроведе неговите идеи во пракса и притоа да заработите.

На пазарот на труд во МК наводно се бараат овие професии - постои ваков смер на Економски факултет-Прилеп веќе 3-4 години (во 2016/2017 имаше 55 слободни места), меѓутоа интересот за запишување е многу слаб.

Неколку прашања:
1. Дали сметате дека би нашле добра работа во Македонија со оваа професија? Дали воздржаноста на сопствениците на фирмите да пренесат дел од своите одговорности на менаџерите претставува пречка?
2. Дали ние, како народ, сме иновативни и дали поддршката на иновациите ќе придонесе за развојот, или пак е обратно?
3. Дали можеби проблемот во ниската понуда е во недостатокот на комуникација, односно информираноста во однос на побарувачката на пазарот на труд?

Секое мислење е добредојдено.
 

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
За да знајш, мораш да бидиш. За да бидиш, мораш да се избориш. За да се избориш, мораш да застаниш на свои нозе. За да застаниш на свои нозе, мораш да се исправиш. За да се исправиш, треба многу. Тука е стравот. Зато не се мачи, ако си седиш нема да напрајш грешка. Кулирај.