1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Индиски Хороскоп

Дискусија во форумот 'Астрологија' започната од Baronessa, 20 февруари 2012.

  1. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    753
    Индискиот хороскоп се смета за исто толку точен и вистинит како и западниот но датумите и знаците се различни...
    МЕСХА (од 15 Април до 15 Мај)

    Силна ментална сила помага успешно да остварите се што ќе замислите, амбициозни сте и никогаш не попуштате. Изразената смисла за иницијатива ве прави природен лидер. Во љубовта не се двоумите да ги земете работите во свои раце.

    ВРИШАБА (од 16 Мај до 16 Јуни)

    Ова е знакот на комуникативноста и уметноста на изразување. Не сакате површност. Во односите со другите сте внимателни и избегнувате преголема блискост додека не стекнете доверба. Полни сте со љубов и важите за личност со големо срце, постојано тежнеете за романтика и сте еден од најверните партнери.

    ИТУНА (од 17 Јуни до 16 Јули)

    Мозокот ви работи со сто на час, а вашите способности за приспособување на ситуацијата се неограничени. Најсилна страна ви е хуморот кој го користите за заведување.

    КАТАКА (од 17 Јули до 17 Август)

    Месечината владее со овој знак. Чувствителни, таинствени, врзани за своите корени и најважно ви е семејството. Страв ви е дека ќе бидете оставени, особено од партнерот. Во љубовта сте интуитивни и сакате да ги предвидите чувствата на саканата личност.

    СИМХА (од 18 Август до 17 Септември)

    Сакате раскош и уживање. Од надвор изгледате грубо, но всушност сте многу лојални. За вас парите се основата на секоја битка и не се откажувате додека не победите. Многу сте горделиви и не поднесувате рамнодушност.

    КАЊА (од 18 Септември до 17 Октомври)

    Љубители сте на читање книги и сакате да се здобиете со знаење кое одговара на вашите амбиции. Строги сте и вашата секојдневност е организирана под конец. Секогаш сте чувствителни и не поднесувате неверство. За вас бракот е врв на заедничкиот живот и се базира на лојалност.

    ТУЛА (од 18 Октомври до 16 Ноември)

    Друштвени, опкружени со пријатели. Ова е знакот на приврзаноста, па не поднесувате раскинувања без разлика какви се. Поради тоа што сте хумани, често не ги забележувате стапиците кои ви ги поставуваат.

    ВРИШУКА (од 17 Ноември до 16 Декември)

    Со вашиот знак владее богот Шива, кој се уништува за повторно да изгради. Како и водената струја, вие сте постојано во движење, но никој не ја познава длабочината на вашата душа. Не сакате да покажувате чувства од страв да не паднете во стапица на лоши пријатели.

    ДАНУС (од 17 Декември до 14 Јануари)

    Оптимисти, полни со детски ентузијазам. Сметате дека сте родени за нешто најдобро. Знаете на време да ги уочите грешките и да ги поправите. Кога се парите во прашање, често влегувате во ризици, а во љубовта сакате да ви се воодушевуваат.

    МАКАРА (од 15 Јануари до 13 Февруари)

    Со вас ништо не е оставено на случајот, но секогаш поминувате низ некоја тешка фаза пред да ги остварите целите. Во детството покажувате знаци на рана зрелост, но возрасните се опуштаат дури откако финансиски ќе се обезбедат. Во љубовта сте сигурни и понекогаш строги.

    КУМБА (од 14 Февруари до 14 Март)

    Ја почитувате својата, но и туѓата слобода и поради тоа очекувате таков однос и од другите. Околу себе создавате круг на пријатели кои се надвор од животна опасност. Сакате да учите, а во љубовта се срамите и ретко го правите првиот чекор.

    МИНА (од 15 Март до 14 Април)

    Креативни, но често не си давате шанса да ги остварите соништата. Зад надворешната воздржаност се крие гордоста, па иако навидум не им пристапувате на другите, всушност чекате тие да дојдат кај вас. Љубовта ве храни.
     
    На The Tramp, Coyote, Deep Red и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Тула :D
     
    На Daniela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. x3m

    x3m Активен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    137
    Допаѓања:
    169
    КАТАКА (од 17 Јули до 17 Август) :smug
     
  4. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    Месха :wavespin
     
    На Dea му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Иии, првата реченица најточно ме опишува... :D
     
    На The_melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  6. iskra

    iskra Староседелец

    Зачленет на:
    21 октомври 2011
    Мислења:
    204
    Допаѓања:
    300
    СИМХА (од 18 Август до 17 Септември)
    Сакате раскош и уживање. Од надвор изгледате грубо, но всушност сте многу лојални. За вас парите се основата на секоја битка и не се откажувате додека не победите. Многу сте горделиви и не поднесувате рамнодушност.

    :)
     
  7. Gabriela

    Gabriela Активен Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    145
    Допаѓања:
    139
    ВРИШАБА (од 16 Мај до 16 Јуни)

    Ова е знакот на комуникативноста и уметноста на изразување. Не сакате површност. Во односите со другите сте внимателни и избегнувате преголема блискост додека не стекнете доверба. Полни сте со љубов и важите за личност со големо срце, постојано тежнеете за романтика и сте еден од најверните партнери.
     
  8. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Данус
    Нешто ми е погодено
     
  9. ema09

    ema09 Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    225
    Допаѓања:
    411
    ВРИШУКА (од 17 Ноември до 16 Декември) :eekops:
     
  10. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
    ВРИШАБА (од 16 Мај до 16 Јуни)

    Ова е знакот на комуникативноста и уметноста на изразување. Не сакате површност. Во односите со другите сте внимателни и избегнувате преголема блискост додека не стекнете доверба. Полни сте со љубов и важите за личност со големо срце, постојано тежнеете за романтика и сте еден од најверните партнери.

    Интересантно и врло истинито, могу ти речи :cool:
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: