Имунитет, постигнување и одржување

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Имунитетот е способност на организмот да ги препознае туѓите тела кои го загрозуваат и да се заштити од нив. Под туѓи тела кои штетно делуваат на нашиот организам ги вбројуваме разните бактерии, вируси и паразити. Имунолошкиот состав има улога да ги препознае, неутрализира, уништи и отстрани истите во процес кој се вика имунолошка реакција. Имунитетот функционира како механизам чија улога е воспоставување на бариера кон напаѓачите на организмот. Може да биде вроден или стекнат, активен или пасивен. Претставува еден вид интеракција помеѓу нас и нашата околина.

Кога нашиот имунитет е слабо активен, подложни сме на разни инфекции и заболувања, а неговата хиперактивност значи предиспозиција за алергии т.е. автоимнуни болести (кога организмот реагира на сопственото ткиво).
Имено, резултат на опаднат имунитет се бројните инфекции, генитални проблеми, вируси, болести итн.

Само доколку нашиот имунолошки систем функционира добро, нема да се разболиме и покрај нападите од причинителите, а нема да имаме ни алергиски реакции.

Покрај здравиот начин на искрана, за имунитетот е потребен и здрав начин на живеење, редовни (повеќе пати но помали) оброци, внесување на многу течности, редовен сон, хигиена, редовен спортски живот (макар тоа биле 2 гимнастички вежби дневно или 20 минути прошетка во природа), избегнување на стресни ситуации, водење мирен и стабилизиран живот, да не се прегрижува човек над своите можности, одржување на насмевката ако е можно и преку целиот ден итн.

Што знаете вие за имунитетот?
Како вие се грижите за своето здравје?
Како се справувате со опаднатиот имунитет?
Што преземате за одржување на имунитетот на високо ниво?
Алтернативна медицина или хемиски изведена?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас имам имунитет -кинески чорапи.
Ако дувне едно ветре јас почнувам да покажувам симптоми на преладеност.

Секоја зима јас сум обвиткана со паломи, чаеви, ќебиња....
Додуша си ја научив лекцијата, па се трудам да јадам повеќе овошје ( лимони, цитрони, грејпфрути) барем во овој критичниот период, пијам чаеви, си створив некој ритуал на уживање од тоа.

Не за друго, не сум баш фан на овие хемикалииве и покрај тоа што се демек на природна база, пастили, капсули...дрн дрн.

Зимно време не пешачам да не лажам, ама сега да запролети се пуштам во акција :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iDeposito

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Поради тенденциите првенствено здраво да се хранам поради изгледот, појадокот преку целата година ми е цел составен од овошје. Освен тоа, пропратно земам и витамини и минерали. Секојдневно земам Селен и витамин Ц (1гр), Б-комплекс, Калциум+Магнезиум+Цинк.
Во текот на летото, комплетно ги исфрлам суплементите во исхраната, и се пренасочувам комплетно кон здравата исхрана, односно алтернативната медицина. Поголемиот избор на овошје и зеленчук, несомнено го држи мојот имунитет на високо ниво.
Она кое се стремам да не го заборавам е константно конзумирање на морков и цвекло - морковот е богат со бета-каротен, што значи и подобар тен, додека цвеклото го подига имунитетот и го подобрува составот на крвта. Во меѓувреме, на менито е цело сезонско овошје и зеленчук, во правилен распоред на оброците.
Континуирано пијам зелен чај во текот на целата година.
Покрај тоа, секојдневно конзумирам јогурт, кој претставува освежителен напиток со антибактериско и антиканцерогено дејство.

Купив алое-вера, расте и напредува добро, само ако некој има познавања од одгледувањето и начинот на употреба за имунитетски цели ога може да се почне со користење на листовите), нека се произјасни.:rolleyes
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Имунитетот ми е добар-да речам..чаеви мразам..Еднаш годишно се разболувам најчесто 1-2 дена ме држи..тогаш пијам млеко со прегорен шекер и цефалексин...температура немам фатено од забаваче ,крајниците од кога ги извадов ..тоа е воглавно..АА редовно имам главоболки да се пофалам ама тоа од синусите ми е ..Наследно ми е:)
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
татко ми секоја есен пие Respivax index.jpg , околу 300 денари се, и имат шема на пиење, и колку шо знам никогаш не бил настинат.....
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Не сум многу подложна на настинки и грипови така да не преземам нешто многу околу имунитетот. Голем фан сум на било кое овошје , така да тоа придонесува да имам добро здравје.
Редовно јадам сезонска салата, морков,марула,зелка,брокула, само не можам да поднесам цвекло. Во никој случај,ниту како салата ниту како сок, а знам колку многу значи ако се косумира.
Насмевка на лицето може да се каже дека имам во поголем дел од денот :) а за стрес нема да коментирам...кој знае да го контролира нека ни каже и на нас другите :eek

Ми се појави некој гинеколошки проблем, поточно вирус па приморана сум да пијам Витамин Ц,Бета каротен,Коензим Q10, Цинк, Селен, Масло од пченичен никулец и зелен чај во капсули за да го подигнам имунитетот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
За среќа, последните 3 години не сум бил на лекар, едно што не им верувам, а друго е што сум немал потреба да отдам или да се разболам нешто. Живи и здрави да биде така и во иднина да терам со здравјето, само тоа ми е потребно и ми е секогаш на прво место.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Во последно време имунитетот ми е на нула..:eek
 

mylife

Нов член
29 февруари 2012
11
10
3
48
Sk
татко ми секоја есен пие Respivax Отвори ја прикачената датотека 1206 , околу 300 денари се, и имат шема на пиење, и колку шо знам никогаш не бил настинат.....
ovie gi preporacuvam i jas
lani esenta gi piev i zimoto bev zdrava , inaku po dva do tri pati bev so antibiotici prethodnite zimi
kaj i da e ke gi pocnam , nekade oktomvri trebase mislam
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic