Идентитет

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Кажуваш сосема поинаков пример. Во твојов случај, идентитетот на тоа бебе е дека неговите предци се македонци, а тој иако е роден во Македонија, израснат е и живее во Франција. Тоа што јас го зборев повеќе го мислев ако на пример си се родил во Македонија, си ги живеел првите, да речеме 20 години од животот тука, а потоа си се преселил во друга држава или континент и таму го живееш остатокот од животот.
А уствари исто ти е дали си живеел 20 години или 2 дена. Поентата е дека тие нешта како националност, религија, професија, стил итн. се непостојани и минливи. Како може минливи нешта да се суштината на еден идентитет? каков е тој идентитет кој постојано се менува?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Каков идентитет е тој на претците?! Детето нема да има ниедна карактеристика од тоа што би се сметало како мак-идентитет.
Јас знам за пример на човек роден во мкд кој поголем дел од животот го поминал во мкд и нема мкд-идентитет :) иако го зборува јазикот сосема добро (сега пишува пост на црно бело форум :zelen ) ама тоа е поретко, воглавно во право си, луѓе од прва генерација емигранти обично продолжуваат да се сметаат како дел од идентитетот на земјата од каде што се отселиле...
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com

Денес си уметник, изработуваш уметнички дела, се идентификуваш како уметник. Утре ја баталуваш уметноста, престануваш да изработуваш уметнички дела, не се идентификуваш како уметник. На тој начин, идентитетот постојано се менува. Не целосно, но се променил. Идентитетот не ти е ист кога си имал 10 години, 20, 30, итн.

Bottom line is можеш да си роден на едно место и да живееш на тоа место (за пример ја земам Македонија), пример 2 децении, а потоа остатокот од животот да го поминеш на друго место (за пример ја земам Франција). Можеш да се декларираш и идентификуваш како Французин, да. Но, фактот дека си македонец останува во твојот идентитет и не можеш да го негираш. Тоа ми е поентата.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Идентитет е карактерна единица(од лат.збор идентис),значи карактерна особина на еден предмет или особа,со која се препознатливи.Идентитетот е вроден,тој не се менува,тоа е нешто што го имаме длабоко внатре во нас,идентитетот го гради нашиот имиџ,нашето ЈА по кое се разликуваме од другите луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Значи поентата ти е дека идентитетот постојано се менува истовремено останувајќи непроменлив :D
Етничноста и националноста имаат само еден заеднички именител а тоа е само-идентификацијата на одреден човек како член на таа замислена целина.
Не постои ништо друго. Нема гени, нема физички карактеристики, нема `култура`, нема ниеден емпириски доказ добиен преку научен метод со кој би се потврдила нечија припадност, нема ништо. Некој би рекол јазикот. Можеби, но во тој случај милијарда индијци се undercover англичани и алжир се французи. А шо би биле србите, босанците, хрватите и црногорците е веќе друга, потенцијално крвава прича.:)

Вроден? Тастатурата сама да не ти куца?:zelen

`Одгледувана` од кучиња откако била напуштена од родителите џанци како бебе, Оксана прилично е јасно дека има песји идентитет. Мора да и бил вроден...
 
Признавам дека незнам баш да го објаснам поимот идентитет,но јас го разбирам како некој збир на сите наши вродени и стекнати особини,или причината поради која некои работи ги правиме,ги вреднуваме..........Можеби некој филозоф или психолог подобро ке ни каже.Мојата тастатура толку откуца.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
[MEDIA=youtube напиша:
qyqbnDjId7g[/MEDIA]

`Одгледувана` од кучиња откако била напуштена од родителите џанци како бебе, Оксана прилично е јасно дека има песји идентитет. Мора да и бил вроден...
Ама потоа луѓето ја преобратија, излезе она вроденото на површина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Значи поентата ти е дека идентитетот постојано се менува истовремено останувајќи непроменлив :D

Се менува бидејќи некои работи, одредени еве да ги наречам страсти преку кои се идентификуваме, се менуваат. Но, некои работи остануваат исти, како што е местото од кое потекнуваме и се идентификуваме преку него. Барем за мене е така.

Од раѓање живеев во една зграда, во едно маало и бев горда дека поттекнувам од тоа маало. Иако повеќе не живеам таму, тоа е дел од мојот идентитет и се уште чувствувам одредена доза на гордост.

Него, не си го објаснив мислењето поопширно. Не сметам само дека местото од каде што доаѓаш и професијата се идентитетот, тие се само дел. Ако морам да издвојам нешто што опфаќа најголем дел, тоа би биле страстите. Страст кон одреден жанр на музика, па и филм. Страст кон конкретен бенд/изведувач. Страст кон уметност. Кон спорт. Кон технологија... Инт, итн. Дел од идентитетот е карактерот. Трпелив си, темпераментен, лесно возбудлив, адреналин-џанки, флегма, безнадечен романтичар, ладнокрвен, итн, итн.

Има некои работи кои се општо познати. Кога би умрел, како би го опишале твојот идентитет? Но, има и работи кои самиот ти ги чувствуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Признавам дека незнам баш да го објаснам поимот идентитет,но јас го разбирам како некој збир на сите наши вродени и стекнати особини,или причината поради која некои работи ги правиме,ги вреднуваме..........Можеби некој филозоф или психолог подобро ке ни каже.Мојата тастатура толку откуца.

Идентитет е карактерна единица(од лат.збор идентис),значи карактерна особина на еден предмет или особа,со која се препознатливи.Идентитетот е вроден,тој не се менува,тоа е нешто што го имаме длабоко внатре во нас,идентитетот го гради нашиот имиџ,нашето ЈА по кое се разликуваме од другите луѓе.

Runaway keyboard :zelen

Ама потоа луѓето ја преобратија, излезе она вроденото на површина.

Да, се обиделе ама таа никогаш нема да биде ordinary jane или `нормална` а за некакво интегрирање во `системот` или `кариера` не станува збор, не може да оствари трајна интеракција со луѓе, изгледа ќе го пројде животот во институција ...
http://www.telegraph.co.uk/culture/tvandradio/3653890/Cry-of-an-enfant-sauvage.html
http://www.animalplanet.com/tv-shows/raised-wild/videos/teacher-remembers-dog-girl.htm

Туку шо знаеш, може Оксана за некоја година да стане украинска патриотка, православна како шо е ред, да се вработи, да се омажи и да роди деца, да си исчека внучиња, пензија...

Но тоа и не е важно, ако некаков идентитет бил вроден тој би бил непроменлив, written in stone. Идентитетот како биолошки ентитет би бил многу малку подложен на промена, днк, крвна група и сл. се непроменливи и тоа е тоа. И полот не е тоа шо беше, променлив бил :kafe

Но има и луѓе кои сакаат да го променат и биолшкиот идентитет кој се добива од раѓање како препознатлива форма која ја има хомо-сапиенсот (глава, врат, раце, нозе etc) т.е. убедени се дека дел од телото им е вишок и треба да се отсече...(facepalm)(smoke)

http://www.dailymail.co.uk/news/art...rder-Chloe-Jennings-White-58-disown-legs.html
http://en.wikipedia.org/wiki/Body_integrity_identity_disorder

Фасцинантна тема:cool:
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се менува бидејќи некои работи, одредени еве да ги наречам страсти преку кои се идентификуваме, се менуваат. Но, некои работи остануваат исти, како што е местото од кое потекнуваме и се идентификуваме преку него. Барем за мене е така.

Од раѓање живеев во една зграда, во едно маало и бев горда дека поттекнувам од тоа маало. Иако повеќе не живеам таму, тоа е дел од мојот идентитет и се уште чувствувам одредена доза на гордост.

Него, не си го објаснив мислењето поопширно. Не сметам само дека местото од каде што доаѓаш и професијата се идентитетот, тие се само дел. Ако морам да издвојам нешто што опфаќа најголем дел, тоа би биле страстите. Страст кон одреден жанр на музика, па и филм. Страст кон конкретен бенд/изведувач. Страст кон уметност. Кон спорт. Кон технологија... Инт, итн. Дел од идентитетот е карактерот. Трпелив си, темпераментен, лесно возбудлив, адреналин-џанки, флегма, безнадечен романтичар, ладнокрвен, итн, итн.

Има некои работи кои се општо познати. Кога би умрел, како би го опишале твојот идентитет? Но, има и работи кои самиот ти ги чувствуваш.

Би рекол дека постои реален и имагинарен идентитет. Тоа што маалото е дел од твојот идентитет е сосема нормално, здраво и реално бидејќи си имала реална интеракција со луѓето од маалото и со сета таа социјална структура од која си била дел во одреден период од животот.
Исто важи и за други места во кои човек има или имал реална интеракција со околината.

Но имагинарните идентитети се проблематични, етно-националните, религиските и идеолошките пред се.
Тука нема реална интеракција, нема опиплив заеднички именител, има многу митови и пропаганди, herd mentality и други `убавини` кои го зачинуваат светот со ужаси...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and malo