Идентитет

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
На пребарувачот најдов тема за идентитет ама тоа беше стриктно за идентитет во врски, арно ама имаше еден пост интересен

Многу е тешко во една подолга врска да се зачува сопствениот идентитет...
Чекај малку... што е тоа сопствен идентитет?
Сопствениот идентитет е реален? ...или можеби непроменлив, постојан...???
Ако ја промениме професијата го менуваме ли со тоа сопствениот идентитет? Ако го промениме стилот на облекување...?

Кој е вашиот идентитет? Во време кога оригиналнста и `инаквоста` се` на цена, што значи дека човек мора `да се продаде` на `пазарот` на животот под дадените услови, дали останува место за личен идентитет? Ако се биде сопруг/а, припадник на икс нација, религија, село или град, професија и остали идентификациски матрици колку е можен идентитет кој е изграден од самата особа и дали тоа е пожелно?

Настрана од биолошко-генетските ситуации каде идентикацјата е таа што е (млад,стар,маж,жена,кепец,дебел,слаб итн.) се наоѓа идентитетот кој е продукт на нашиот мозок кој после 200.000 години еволуција би требало да знае да се снајде во сето тоа. Или сепак не?:kafe

Со што се идентификувате и до каде оди таа идентификација? Како се перцепирате себе си?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Се додека го градиме својот идентитет идентификувајки се со околината, општеството во кое живееме (и се што произлегува од него), дотогаш ке живееме во заблуда дека имаме сопствен идентитет. (можеби лошо се изразив, но не ми текнуваат зборови во моментов)
Нашиот вистински идентитет можеме да го спознаеме само кога ке ги отфрлиме сите можни епитети кои општеството ни ги наметнало.
А оние поединци како Буда, Далај Лама итн. кои биле доволно мудри за да го достигнат тоа ниво, кажуваат дека сите ние сме исти кога не се идентификуваме со епитетите наметнати од општеството.
Затоа сакам да го убијам своето его. Понекогаш успева да ме прелаже и да бидам божем задоволна што се идентификувам со некоја група на луѓе. Ех колкаво занесување е тоа... се радуваш што си сличен некому, а уште повеке се радуваш што си различен од другите и демек тоа чувство посилен те прави. Тогаш ти си некој и имаш идентитет. Која заблуда...
Идентитет... колку повеке го градиме во рамките на нашата ограничена и закоравена свест управувана од општеството, толку повеке се губиме самите себе, толку повеке ја губиме нашата суштина.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас го гледам идентитетот како стебло со прстени. Односно, тој е одредени карактеристики, факти и постапки поврзани со тебе. Пример, роден си како Македонец и тоа е непроменливо во твојот идентитет. Без разлика каде би живеел во иднина, тоа е еден прстен во стеблото. Дете си на среќна фамилија или на разведени родители, тоа е непроменливо за твојот идентитет и тоа е еден прстен во стеблото. Си свирел неколку години или декада во некаков бенд, си слушал одреден жанр на музика поголем дел од твојот живот, си бил во врска со една личност со години, си студирал правен/економски/филолошки факултет, си бил член на оваа организација, си гласал за оваа партија, си навивал за оној тим,... можам да одам до бескрај.

Да, идентитетот е променлив, но со непроменливи работи. Сите оние работите кои биле и се дел од тебе, се собираат во еден кош наречен "идентитет". Идентитетот е променлив така што постојано се надоградува, прстен околу прстен.

Еве ќе дадам за пример една лична карактеристика: кога бев во средно, слушав рап, се облекував во тој стил, луѓето ме викаа раперка и ја го прифаќав тоа и се идентификував така и само така. Со години и години тоа е променето, повеќе не сум таква, но тоа е дел од мојот идентитет. Сум се променила јас со што моменталната ситуација на мојот идентитет е поинаков од тогаш, но тоа е сепак дел од целовкупниот мој идентитет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пример, роден си како Македонец и тоа е непроменливо во твојот идентитет. Без разлика каде би живеел во иднина, тоа е еден прстен во стеблото. Дете си на среќна фамилија или на разведени родители, тоа е непроменливо за твојот идентитет и тоа е еден прстен во стеблото. Си свирел неколку години или декада во некаков бенд, си слушал одреден жанр на музика поголем дел од твојот живот, си бил во врска со една личност со години, си студирал правен/економски/филолошки факултет, си бил член на оваа организација, си гласал за оваа партија, си навивал за оној тим,... можам да одам до бескрај.

Интересно е што нацио/етничкиот идентитет во никој случај не е вроден, никој не се раѓа како маќедонче,грче,перуанче туку тоа се даунлодира подоцна во средината. Исто е и со религискиот идентитет. Друг проблем е што нацио/етничкиот идентитет нема цврста рамка во која би се вклопиле `карактеристиките` и `квалитетите` кои би биле типични за тој идентитет...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, Lena and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Јас го гледам идентитетот како стебло со прстени. Односно, тој е одредени карактеристики, факти и постапки поврзани со тебе. Пример, роден си како Македонец и тоа е непроменливо во твојот идентитет. Без разлика каде би живеел во иднина, тоа е еден прстен во стеблото. Дете си на среќна фамилија или на разведени родители, тоа е непроменливо за твојот идентитет и тоа е еден прстен во стеблото. Си свирел неколку години или декада во некаков бенд, си слушал одреден жанр на музика поголем дел од твојот живот, си бил во врска со една личност со години, си студирал правен/економски/филолошки факултет, си бил член на оваа организација, си гласал за оваа партија, си навивал за оној тим,... можам да одам до бескрај.

Да, идентитетот е променлив, но со непроменливи работи. Сите оние работите кои биле и се дел од тебе, се собираат во еден кош наречен "идентитет". Идентитетот е променлив така што постојано се надоградува, прстен околу прстен.

Еве ќе дадам за пример една лична карактеристика: кога бев во средно, слушав рап, се облекував во тој стил, луѓето ме викаа раперка и ја го прифаќав тоа и се идентификував така и само така. Со години и години тоа е променето, повеќе не сум таква, но тоа е дел од мојот идентитет. Сум се променила јас со што моменталната ситуација на мојот идентитет е поинаков од тогаш, но тоа е сепак дел од целовкупниот мој идентитет.
Но нешто ме збунува. Идентитетот за кој зборуваш (општествениот идентитет) со тек на време се стекнува, се гради, се надоградува. Дел од тој идентитет ни е наметнат и нас никој не не прашува дали ние навистина се индетификуваме со истото.
На пример. Јас сум родена во христијанско семејство и крстена сум како христијанка. Додека бев мала и не разбирав, одев во црка со баба ми, присуствував на семејните слави итн. Кога бев на возраст од 11-12 години, почувствувам дека не се проноѓам во сето тоа, односно христијанството никако не било дел од мојот вистинскии непроменлив идентитет, туку дел од лажниот со сила наметнат општествен идентитет.
Ова е само еден пример од многуте. Е сега кажи ми... Како христијанството е дел од мене (бидејки велиш дека тие минливите нешта, оние кои сме ги отфрлиле од идентитетот сепак го градат истиот и остануваат соберени во еден кош...) кога јас воопшто не се идентификувам со таа религија? Таа никогаш не била дел од мојот вистински идентитет.
Вистинскиот идентитет е непроменлив. Еве замили се во ситуација да ги отфрлиш сите епитети кои ги имаш. Што останува од тебе? Е баш тоа што останува си навистина ти и тоа е непроменливо, додека она другото е минливо, непостојано и наметнато. Ако еден лекар ја промени професијата, тој тогаш ја променил професијата, а не идентитетот. Ако ние со секоја наша промена го менуваме својот идентитет, тогаш го имаме ли воопшто?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Lena

Понекогаш некои карактеристики ни се наметнати. Ете, во првиот коментар го дадов за пример местото каде што си роден. Можеш да се преселиш во Франција и да живееш до крајот на животот таму, но сепак ќе бидеш македонец. Истото е и со религијата. А можеш во животот да прифатиш и да отфрлиш неколку религии, а кога ќе ја погледнеш целата слика, останува фактот дека некогаш си бил, на пример христијанин. Најбитно од се, тоа е една гранка од целиот идентитет. Исто како што и професијата е една гранка од целиот идентитет.

Прв болд: прво и основно, не можеш да ги отфрлиш сите епитети. Не можеш да не бидеш ништо. Барем јас не можам да го укапирам тоа. Второ, велиш отфрли ги сите епитети, а потоа велиш тоа што останува си навистина ти. Ниту ова не ми е логично.

Втор болд: Во контекст на тоа погоре што го напишав, според мене идентитетот опфаќа повеќе гранки. Бидејќи можеш да промениш една или повеќе од тие гранки (области), идентитетот е променлив.
 
Не ме разбираш
 
Како тоа не се наметнати?
Посвоено бебе од Маќедонија во Франција мислиш дека ќе е маќедонче?! Сигурно дека нема да биде туку ќе си порасне таму со тамошно презиме и никогаш нема да му текне дека постои маќедонија.
Имаш многу примери од дијаспората каде трети или четврти генерации - не се македонци, ниту се декларираат како такви, ниту знаат македонски ниту ги интересира маќедонија. Е сега тек замисли нивните деца какви маќедонци ќе бидат. Баш кога ја спомена Франција, стариот имаше пријател кој емигрирал таму, се оженил со тамошна и имаше две ќерки. Порано доаѓаа одвреме навреме на одмор... и ќерките ама баш ниеднаш не ги слушнав да зуцнат маќедонски или пак да покажат некаков интерес за било што овдешно. Онака одмор и тоа е тоа... после и престанаа да доаѓаат...

Доволно е да се земат прекуокеанските земји и нивното население кое се доселило од целиот свет а се декларира како американци, аргентинци или новозеландци. Ако постоеше `вроден` етнички идентитет - новонастаните нации немаше да постојат...

Слично е и со религискиот концепт. За почеток ако се земе христијанството, прво да видиме кои се тие карактеристики на христијански идентитет, кои се тие вредности од кои тој се состои...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and existence

Кажуваш сосема поинаков пример. Во твојов случај, идентитетот на тоа бебе е дека неговите предци се македонци, а тој иако е роден во Македонија, израснат е и живее во Франција. Тоа што јас го зборев повеќе го мислев ако на пример си се родил во Македонија, си ги живеел првите, да речеме 20 години од животот тука, а потоа си се преселил во друга држава или континент и таму го живееш остатокот од животот.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Идентитет е јакo филмче. Се кршат кичми, пукаат тимби, њиве се преврчају...

Отидени се илјадници години еволуција...Баш сега, од било кога, сме позависни од импресионирање и креирање општествено прифатлив (за кругот кој го милуваме) идентитет. За секојдневен пример го земам братучед ми со негови 15 години, кој од петни жили си бара идентитет што ќе биде сакан од околината. Уште кога беше помал се идентификуваше на некој начин со мене. Јас хорор - он хорор, јас рап - тој рап, јас свртев на рок - сврте и тој...ете влијание на околина. Е, сега, му рекле дека е позер пошто само најпознатите песни ги сакал, па ене го пусто дете по цел ден се дрви да учи албуми, знаменитости и факти околу артистите и албумите што ги слуша. Ми праќа постојано линкови некои, бара мислења, а мене ми иде и нему и на тие лиглињата да им залепам воспитни...ама, рака на срце, и јас бев таква на таа возраст.
Скејтерки, шкљ XXXXXXXL маица до пети, панталони со триста фиоки од страна...е, што? Кај да чувам пиштолите if niggaz wanna rob me? Ќ'умрам! :zelen
За некој месец ме гледаш со мартинки, црн лак, триста алки, стегната, секташки црнила...криза на идентитет.
Сва среќа па Мира Шкориќ не ми западнала за око тогаш...

И да се надоврзам еве, јас националноста и религијата ги сметам за донекаде наметнат, но не и секогаш прифатен идентитет.

Сега...што знам, сега се имам изградено ко личност колку-толку, иако сум речиси на почетокот на уште многу учење, осознавање, оформување и прилагодување, ама ете, сметам дека имам некој свој препознатлив идентитет што не е баш подложен на промени...ај рипит, бар засега.
Иначе се перципирам ко кинеска краљица и потомок на богот Анубис. Седма династија, 24то колено.