Идеи за ручек на работно место

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Сите ние кои идеме на работа се соочуваме со истиот „проблем“ секоја пауза за ручек. Најчесто јадеме храна која ни е најдостапна од блиските пекари, сендвичари, пицерии и освен што не е баш ефтина, не е здрава, а богами е и досадна.
Еве наидов на една интересна идеја која ја споделувам со вас, како секој ден да имаме достапен здрав и вкусен оброк со кој заштедуваме и пари и време. Доколку имате слични идеи или рецепти за храна која е практична да се носи на работа, споделете :)

Во недела испазарете си продукти кои ги сакате како на пример: зеленчук, сирење, паста, дресинг, месо. Снабдете неколку тегли со затворачи. Намирниците редете ги во теглата така што маслиновото масло, дресингот, зачините и сирењето да бидат на дното, потоа доаѓа пастата или месото и на крај зеленчукот (зелена салата, домат, карфиол...) Не ги полните теглите до врв за да ви биде полесно да ги протресете пред да јадете. За секој работен ден спремете по една, а еве и неколку рецепти:

Caprese-Salad-300x300.jpg



ТЕГЛА КАПРЕЗЕ
Песто сос ( 2 лажички на дно)
Моцарела сирење,
Паста,
Чери доматчиња,
Листови свеж спанаќ,
Листови свеж босилек.

Chickpea-Salad-300x300.jpg

ТЕГЛА СО ПИЛЕШКО
Балсамико или лимонов сок (2 лажички) на дно
Печено пилешко на парчиња,
Сушен домат,
Маслинки,
Свежа пиперка,
Листови свеж спанаќ.

Greek-Salad-300x300.jpg

ТЕГЛА ГРЧКА САЛАТА
Маслиново масло (2 лажички) на дно,
Малку кромид (ова и не знам баш колку е пожелно)
Маслинки,
Краставици,
Фета сирење,
Домат,
Листови свежо нане
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
дека македонец ке се најади без леб
а леб,домат,спанјак не иди xD
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,263
9,106
1,683
Чру блад, ама ова мене не би ме најало на работа.
Кога почнав да работам пред две и пол години, за пауза јадев две кроасанчиња кои не тежеа ни 100 гр.
Сега во продавницата (кај нас на работа) барам од пола леб да ми направи сендвич.
Овие што ти ги наброја изгледаат вкусно, ама за мене се салата. Или доколку би ги јадел би ми требала поголема количина :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
:D Кој јаде, зло не мисли.
Зависи и од работното време, обично тие што се до 15 часот, најчесто си ручаат дома, на работа поткаснуваат нешто за да намалат глад, а да не си го расипат ручекот.
Во секој случај е солиден оброк и практичен.
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
119
Ми се допаѓа идејата и ја осеќам истата потреба за асална храна на работа, наспорти брзата храна што се нуди ако не земаш од дома.
Моментално јадам сендвичи што ги носам од дома. Две кришки и меѓу нив што сакаш. Вака јадам два до три, што значи 4-6 кришки леб + она што ќе го ставам внатре. Така да, убаво ти кажа дечкото пред мене, оваа салатава ми е повеќе како предјадење наместо како главно јадење.
Башка си земам и по нешто овошје, што не секогаш ќе го изедам ама што знаеш, може да ми се здојаде. A кој ме знае ќе потврди дека е баш како во песната на Чорба: "vidis da sam gadan kad sam tebe gladan", во случајов за леб....
Како и да е подобро јаболко отколку да трчам до продавница по кроасан.

Ми требаат до душа идеи да сменам малце, да пробам нешто ново. Ова со салативе не е лошо....
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас можеби ќе претерам со идеите, но сепак ќе предложам неколку работи. Убаво би било кога би се "опремиле" со соодветни садови за полесна организација на храната. Има доста "ситнурии" кои имаат висока хранлива вредност, ем намалуваат глад ем даваат енергија.

Секако, најважни се сезонските овошја и зеленчук. Најлесно е покрај кесето со сендвич, да се пикне и едно јаболче или пак мандарина во торбата. Доколку имате поголеми, а функционални кутии за храна, можете да си исецкате половинки киви или пак да си одвоите семки калинка. Воедно можете да искомбинирате една рака шумско овошје (5/6 јаготки и исто толку боровинка), па од време на време да додадете мусли или пак овошен јогурт.

Исто како и со овошјето, така и со зеленчукот. Можете во еден помал сад да исецкате половина краставичка, а во друг да спакувате рака шери домат. Во поголем сад можете да искомбинирате неколку вида на зеленчук кои не прават толку "хаос" како што е морков, целер, маслинки, итн. Доколку имате повеќе време, можете дома да сварите грашок или пченка и потоа да го спакувате во некаков сад, па да комбинирате со уште нешто.

Меѓу поглавните работи се јадкастите плодови. Доволно е да се додадат по неколку лешничиња или бадеми за надополнување на оброкот или пак моментална ужинка. Овие грицки одат одлично со едно лажиче путер од кикиритки или пак неколку коцки црно чоколадо. Убавината на ваквите плодови е што неколку се доволни за моментално кревање на енергија, а секако и изборот е доста голем. Истото би го рекла и за разно разните семки - сончоглед, семки од тиква, ленено, итн.

Секако не мора да се ограничувате само на овошје и зеленчук. Можете да направите поздрав избор на разни грицки кои го надополнуваат главниот оброк, како што се овошен јогурт, најобичен тортила чипс, сусамки, мусли барови, гумени бонбони, переци, домашен сутлијаш, супа, варено јајце итн. Мислам дека најпопуларен е сендвичот кога станува збор за храна на работа. Но, тоа не значи дека изборот мора да биде павлака и салама или пак хамбургер во најблиската сендвичара. Јас најчесто јадам црн леб или некаков р'жен леб со семки, за мене повкусен е и секако поздрав. Гледам да не конзумирам сувомеснати производи, па повеќе се насочувам кон млечните, а ја имам и среќата што мајка ми прави домашен мајонез кој верувам дека е поздрав од купечкиот. Значи, кога правам сендвич комбинирам повеќе видови на зеленчук (зависи од сезона) - листови марула, домат, краставичка, ротквица, зелка, цвекло, кисели краставички, итн; сиренце или павлака, понекогаш мајонез; зачини - пред се кари, често црвена сол, понекогаш оригано, вегета, итн. Понекогаш наместо леб, можете да свиткате тортила.

Се на се, зависи што работите и колку време пауза имате. Но, наместо да го трошите тоа мало слободно време да идете да купите хамбургер или тост, можете да си донесете здрава и убаво спакувана храна. Доколку носите некаков сендвич, можете да понесете малку маслинки во мал сад и рака бадеми. Доколку носите на пример супа, можете да надокнадите со додатоци како половина краставица, малку тортиља чипс, една банана и помал овошен јогурт. You get the point. :D Еве неколку сликички за поголема инспирација:

1.png2.png3.png4.png5.png
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Секое утро му спремам на малиот ужинка за во школо,па така ми стана навика и за себе да спремам јадење за на работа.
Понекогаш се тоа сендвичи со павлака,салата и кашлавал или некаков вид сувомеснати производи,овошје(сезонско) или пак свеж зеленчук како краставица,чери домати или сецкани моркови.
Понекогаш носам салати со сирење,маслинки,сос или пак со пилешко.
И доволно течности(најчесто шише вода).
Понекогаш носам овошен јогурт со житарици од дома..Зависи што имам во фрижидер.
Кога одам да купувам во сабота,купувам и да имаме за на работа и за во школо преку цела недела.

Така да ми остануваат повеќе пари на крајот на месецот,затоа што не трошам на фаст фуд,а и се хранам поздраво.
 
  • Like
Реакции: JaMi