Зошто менталното здравје и посетувањето стручни лица сè уште се табу теми? | Црнобело Форум

Зошто менталното здравје и посетувањето стручни лица сè уште се табу теми?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,885
7,370
1,153
Big Sur
Иако сум била израсната во семејство каде донекаде владеело она „ќути си, никој не треба да знае“ за што и да е поинтимно, никогаш не сум имала проблем да зборувам за своето ментално здравје. Па... барем не со други, со домашните се опуштив кога и самите сфатија колку лековит знае да е еден разговор само, а не друго.

Како и да е, неброен народ се соочува со ѕид секојпат кога ќе проба да разговара со некого за своето ментално здравје. Зошто?
Многупати размислувам на темава, а немам конкретен одговор, освен можеби (ќе звучам грубо, ама тоа е) простотилукот, неедуцираноста на темата и длабоко вкоренетата мисла дека проблем со ментално здравје или „не дај Боже“ одење на психолог/психијатар е само за шизоидни личности што патем делуваат мрсно, со искривени екстремитети и лице, пуштаат неартикулирани звуци, итн., ко да одењето кај стручни лица е само за оние на кои крааајно им нема лек т.е. не можат да функционираат во нормалното (хах!) општество.

Знам дека ние доцниме секаде едно 30-ина години барем, ама сум приметила дека и кај странциве, посебно кај постарите генерации, владее тој мајндсет „Немаш ти загинато во Виетнам, па да знаеш што е траума.“... E, извини Џозефе, ама па и ти немаш плаќано кирија по 2000 долари, него за толку си купил цел стан, ама ете.
Нејсе, крајното прашање е пак зошто? Праф маш синдром? Немој немажена/неженет ќе останеш ради тоа? Срамота што си „слабак“ да имаш ПТСД што не е директно поттикнато од смртна и само смртна закана?
Што е поразлична една депресивна епизода од имањето грип и зошто за второво сите се присутни да ти посакаат побрзо заздравување и да ти донесат сок и банани, а за првово бегаат што подалеку?
Зошто па и самиве луѓе се плашат да зборуваат за тоа? Сметам дека што повеќе зборуваат, толку појасно ќе стане дека нема човек што не минал низ потешкотии со менталното здравје, ама ете... срамота било од Х причини.
Што би можеле како индивидуи да направиме да се дестигматизира ова? (освен вака да пишуваме онлајн :zelen)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,295
5,806
1,683
Disco
Преголем е бројот на ретарди во оваа средина кои не можат да го сфатат концептот за постоење на ментални болести.
А како да им се објасни за да можат да сфатат?

Обично одењето на психолог или скраја било психијатар веднаш им ствара асоцијации на постариве генерации од филмови каде болесникот е врзан во ланци во некој подрум и ржи и лае како пес или нешто слично.
И нормално, веднаш имаат чаре за тоа. Abe samo rabota zanego da raboti na presa ili na niva dago vpregnat kevidi poslem depresija mepresija hhehe more nek ide nek ebne neso pa ima da ozdrave odma mene dami e doma klocata u gz daide da iscepi drva nadvor na minus petnaese ima da zaboravi natie bubacki vo umot.........
Тешка физичка работа и секс се главните исцелителски методи со кои генерациите 50+ па и помлади за жал, веруваат дека можат да излечат ментални пореметувања.
Тука се и поповите и надрилекарите како сериозен фактор во третирањето на ментални проблеми!

Имајќи искуство со неколку лица со сериозни ментални проблеми, беше очигледно дека скоро по секоја цена избегнуваа да одат на преглед на психолог.

Од друга страна немањето соодветен и квалитетен кадар, или огромните суми кои малкуте такви кадри ги наплаќаат значи дека 95% од раја е priced out од можност за психотерапија.
Останува фармакотерапијата како најлесен начин за психологот да се отараси од пациентот со мала платежна моќ.
Штета што оние кои се решаваат да побараат помош се оневозможени од погоренаведените причини и остануваат со рецепти за бензо или опијати или антидепресиви или било што од релативно скромната понуда на лекови, секаде се вртат истите, може само брендот да е различен, ми делува како да 5-6 лекови се препишуваат на сите цело време.

Тешко е да се дестигматизираат менталните проблеми во оваа средина, ако не и невозможно.
Има некаков напредок меѓу помлади генерации, но и тоа е премалку ако се земе во обзир дека 1/5 од 21.век веќе измина...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Electra

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,316
1,947
1,133
Тешка физичка работа и секс се главните исцелителски методи со кои генерациите 50+ па и помлади за жал, веруваат дека можат да излечат ментални пореметувања.
Тука се и поповите и надрилекарите како сериозен фактор во третирањето на ментални проблеми!
И да не заборавиме, а бе нека појди нека се испијани со другарите, нека се провесели...:kafe:kafe

А, btw мене во еден период од животот, кога ми беше исклучително тешко и кога не знаев кој крај да го фатам, кога се распаднав на милион парчиња, бев да разговарам со отец, кој пријатно ме изненади со неговиот современ и неконзервативен пристап на работите и модерно размислување...
Прво ме сослуша, ме праша се` што го интересираше, за на крајот да ме советува и искрено советот беше навистина во слоп со денешниот начи на живот и ми рече тука сум ако ти требам...И некогаш тоа е доволно...
Човекот ми даде некое смирение, некој спокој...
Но, јас во сето безумие лутав по нет, по форуми и налетав на еден психолог, кој имаше советувано една типка која беше во слична ситуација како мојата...И психологот на форумот немаше алијас туку беше со име и презиме..
Го изгуглав и го најдов на фб... Му пишав... И за мое чудо ми врати, дури и ми даде телефон...
Му се јавив...Возрасен човек, приступачен, малку шегаџија... И така почнавме да разговараме.
Бидејќи беше од друг град, мојата `психотерапија` се одвиваше телефонски... Никогаш не се запознавме лично.
Се слушавме секој ден, некогаш и по 2-3 пати дневно... Му се јавував секогаш кога имав потреба.
Не можам да опишам колку човекот ми помогна...
Јас тогаш во секој случај бев решена да побарам помош, не дека нешто ми фалеше, туку поминував емоционална криза, низ голем стрес, со кој несекогаш е лесно сам да се соочиш, а и во такви ситуации мозокот баш и не размислува секогаш јасно и разумно...
Твоите блиски се тука за тебе, ќе те сослушаат, ќе те советуваат, ќе те утешат, ама во такви ситуации дефинитивно е потребен некој кој е објективен и кој непристрасно гледа на ситуацијата.
Така да, поентата ми беше... Психологот ми помогна многу и секогаш ќе сум му благодарна на тоа...
А, за менталитетот наш, за предрасудите и стереотипите кои за жал `се уште ги има, само му штетат на луѓето, и од една мизерна ситуација заглибуваат уште подлабоко...
А, всушност многу нешта можат да се решат без никаква терапија, само со квалитетен разговор, т.е. психотерапија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,885
7,370
1,153
Big Sur
Еве пробувам да советувам другарка да појде на еден разговор со психолог пошто има некои проблеми што не може да ги реши (т.е. нема сила да ја погледне реалноста за некои работи и упорно тера во ќорсокак), но таа прави било што друго што ќе ѝ ги замолчи мислите, освен да збори со некој стручен и да ги реши.
Секако, не напнувам, не е моја работа сепак, ама тие 2-3 пати што ѝ спомнав и дадов кураж, ми враќаше отсечно у стил „Абе не сум јас ненормална, не ми треба тоа“.
А, паметна е, современа, ама ете, мислам дека од родителите останало тоа мислење/страв/што и да е.
Озбилно мислам дека ко за избори, ни требаат кампањи за ментално здравје - да носи некој по врати програма со ветувања, само што овде убавото е што навистина ќе се исполни ветеното ако работиш на истото. И да, навистина зависи од тебе. Ама...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider