Значењето на жената

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Прекрасен текст што сакам да го споделам за сите оние кои што не го знаат значењето на жената.

Еден мудрец го запрашаа:
- Мудрецу, можеш ли да ни кажеш кое е ЗНАЧЕЊТО НА ЖЕНАТА ???
Тој им одговори:
ЖЕНАТА е како површината на СТАКЛОТО, проѕирна за да можеш јасно да и ја видиш нејзината внатрешност... Колку повеќе нежно го бришеш, толку повеќе тоа ќе БЛЕСКА... Можете да го видите својот одраз во него, како да држи слика од Вас во Неа... Ако еднаш го скршете, потоа ќе ви биде многу тешко да ги соберете скршените парчиња... И ако ги соберете сите парчина, нема да успеете да ги склопите како што беа...
И ЗАПОМНЕТЕ: Секој пат кога ќе помине вашата рака кај скршеницата... РАКАТА ЌЕ ВИ БИДЕ ПОВРЕДЕНА !!!..


Па ме интересира дали се согласувате или не?!
 
Последна промена од модератор:

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
ЖЕНАТА е како површината на СТАКЛОТО, проѕирна за да можеш јасно да и ја видиш нејзината внатрешност...(think)НЕ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Diamond

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Не се сложувам со ова зависи од личноста емоциите,карактерот итн...
Срцето на жената е длабок океан полн со тајни.Така рече бабата Роуз од филмот со Титаник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ryze

Истакнат Член
13 октомври 2012
39
20
108
In the middle of nowhere
Не се сложувам со ова зависи од личноста емоциите,карактерот итн...
Срцето на жената е длабок океан полн со тајни.Така рече бабата Роуз од филмот со Титаник.
Ке искоментирам прво за втората реченица:
- Ако ги цитираме сите изреки за срцето на жената кажани на некоја медиа или изговорени од некои по познати личности, само ке можеме да видеме дека секој различно го опишува со голема разлика. Сепак тебе овој цитат ти се има допаднато и затоа го имаш меморирано во себе.

- А за зависноста од личноста, емоциите, карактерот итн... јас не се сложувам. Сепак сме ние настанати на еден ист начин. Така да, сите сме исти без разлика на полот. Само што некој побргу се развива и се едуцира на повеке теми во животот, а другите само се обидуваат да ги глумат горенаведините. Тука реакција има и општеството, окружувањето, другите луѓе во средината во која се наоѓа самата личност и уште многу такви влијателни работи.
Како и да е сепак е ова една опширна тема на која не можат да одговорат и многу големи интелектуалци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Жената е како лазања. Јас обожавам лазањи.
Да де,ги обожаваш и жените,тоа е едната порака испратена од твојот текст што можеме да ја уочиме.
Иначе има и други,ете пример уште една порака од повеќето,значи жената е и една сува прачка која не е ни вкусна ни употреблива се додека не биде зготвена. :)
Убава компарација за жената,мф..да да.

Лазањо моја (wasntme):D
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Да де,ги обожаваш и жените,тоа е едната порака испратена од твојот текст што можеме да ја уочиме.
Иначе има и други,ете пример уште една порака од повеќето,значи жената е и една сува прачка која не е ни вкусна ни употреблива се додека не биде зготвена. :)
Убава компарација за жената,мф..да да.

Лазањо моја (wasntme):D
И жена како жена,ако не ти ги испреврти зборовите не е жена нели. И ако не ти најде замерка за се. И ако не биде комплицирана ко и увек.
Ништо,ќе си се држам ја до лазањите.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
И жена како жена,ако не ти ги испреврти зборовите не е жена нели. И ако не ти најде замерка за се. И ако не биде комплицирана ко и увек.
Ништо,ќе си се држам ја до лазањите.
Еве уште една дефиниција за жените :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice