Значењето на принтовите

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не збориме за брендови на облека, туку за тоа што е испринтано на неа. Моето прашање е многу едноставно: дали принтовите на облеката покажува кои сте?

tumblr_mzm9ktEwJM1sk1k8yo1_500.jpg

Маичка со принт од вашиот омилен музичар - покажува каква музика слушате. Јас лично обожавам да носам маичка од некој бенд, дури ме прави горда. Маичка со натпис поврзан од вашиот град - покажува од каде сте. Не дека имам нешто против другите македонски градови, но некој урбан натпис или фотографија поврзан со Скопје, дефинитивно ќе го привлече моето внимание. Маичка со принт од предмет поврзан со вашата работа или хоби - покажува што сакате да работите (на пример, фотоапарат).

Значи, што е тоа што сакате да го видите на маица/блуза, што би ве натерало да помислите "ова сум јас"?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Искрено за тоа дали би пишувало од каде сум, не знам. Се кладам повеќето сакаат маичка со принт од местото на нивните соништа.
Околу принтови, во последно време повеќе барам онакви принтови кои се зашиени а не да се распаднат ко лепрозен после петто перење. А ми се свиѓаат оние од светот на музиката. Повеќе сум минималистички настроен, не мора целата маичка да биде во една слика или да покажува реалистичен приказ на нештата, повеќе на симболичен начин. Ете рецимо од филмската индистрија "Back to the future" маичка би зел само со симболот на flux capacitor, а не целосната корица исштампана на целата страна.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас одбегнувам принтови колку што можам. Не сакам да носам маици/блузи на кои што пишува нешто. Јас не им давам големо значење и си ја потврдив тезата дека луѓето купуваат маици со принтови само зашто им се свиднале, а не поради значењето на принтот. Доказите ми беа првин еден колега во прва кој носеше маица од KoRn и нешто падна муабет за музика и излезе дека дечково си ја носи маичката од што му е убава, а бендот воопшто не го ни слуша. Друг пример ми беше еден познаник кој носеше маичка од Iron Maiden затоа што му била интересна, врска немаше ни кој е бендот. Трет пример ми е еден познаник на татко ми кој го сретнав еднаш низ град со маичка од Metallica, ја носел зашто му ја купил на син му, а овој не ја сакал.
Мене ме нервираат написи без врска као пример "moto club class A independent paradise summer 68" (ова така трескам, не сум сретнал такво баш ама во тој стил) и луѓе кои не ни обрнуваат внимание на тоа што пишува, туку доволно им е да пишува нешто.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мене ме нервираат написи без врска као пример "moto club class A independent paradise summer 68" (ова така трескам, не сум сретнал такво баш ама во тој стил) и луѓе кои не ни обрнуваат внимание на тоа што пишува, туку доволно им е да пишува нешто.

aPvmnon_700b.jpg

Тоа е тој муабет.

Иначе, мене ич не ми се допаѓаат оние маички на бендови ко Металика и ГНР. Еве на пример, многу ми се бендисаа маичките на Smut и би ми било ептен кејф да ја носам:

Smut.jpg

И сега веројатно многу малце луѓе знаат што е принтот, но мене многу ќе ми значи да ја носам. Кај одредена група на луѓе, било тоа да се хардкор/металци, рапери, скејтери, итн. мислам дека принтовите, симбол или фотографија и она што го пишува како порака е многу важно. Or maybe it's just me...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ах, тие принтови мамето да им го е*ам.
Порано многу се масирав... Па дали бојата на принтот одговара со маичката....
Еднаш дури и си испринтав маичка(тоа во времето кога како средношколец се пренесов по Дота).
Сега, можеби дека стареам...таквите маички не ме привлекуваат.
Едноставно ми изгледат невкусно...
Обично барам маички во стилот на лакоста или маички на риги на кои никогаш нема никаков натпис... :)
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не сум голем обожавател на принтови..
Единствено нешто што доаѓа во предвид е ова и нешто слично на него....
upload_2014-3-17_16-36-55.jpeg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не сум голем обожавател на принтови..
Единствено нешто што доаѓа во предвид е ова и нешто слично на него....
Отвори ја прикачената датотека 19896
А пази, Ернесто се бунтувал против корпорациите, социјализмот итн итн, за после смртта да стане икона од која баш тие капиталисти и корпорации печалат :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А пази, Ернесто се бунтувал против корпорациите, социјализмот итн итн, за после смртта да стане икона од која баш тие капиталисти и корпорации печалат :D
Е така де...како и за многу други работи или личности по кои се плука за после истите тие да полнат џебови...Шта чеш...
Битно човечето си го почитувам и си го носам на маичка :)
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Наредниов период ќе бидат актуелни принтови на политички партии и нивни кандидати за претседатели на протекторатов, лавови, рози, орли и ситна боранија.
Толку за временската прогноза.
Не им давам некое значење на принтовите на блузите кои ги носам, јас одам на принцип да нема јака, плус да е памучна и на крај да е темна бојата :)
Овие две ги имам и ги обожавам :)
EICT07.JPG
EICT02.JPG

Да, го слушам Енрике :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има секакви, некои навидум невини принтови на маичка би ве довеле во големи проблеми, пример следниве две во џамија -

i_love_pigs_kids_t_shirt-r3f811c81237d45a988d0f10153263885_wigmy_512.jpg

PIG.581-2.jpg

Или во црква

SMHS_BK.jpg

il_570xN.334293891.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape