Зимски услови на патиштата(Општо) и користење на возилата препораки,совети...

Maks

Староседелец
Најважното е поседувањето на зимска опрема во согласност со законот во периодот од 15 Ноември до 15 Март независно од тоа дали температурата ке биде под 0 или над 0, дали има снег или не.
postavuvanje-na-sindjir.jpg

Во овој период од годината "стандардна опрема" треба да биде и гребалка за мраз на стаклата,зимски гуми и мала метличка.
Законите во Р. Македонија за зимска опрема за различни видови возила:
Возила до 3500 кг.
1. Зимски гуми на сите тркала со ознаки М+С и знак снегулка со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4мм во овој случај согласно со законот нема потреба од поставување синџири.
2. Гуми со летен профил на сите 4 тркала со длабочина на шарите мин. 4мм но само ако возилото има опрема синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала.
Возила со погон 4х4
1. Зимски гуми на сите тркала со мин. длабочина на шари од 6мм.​
2. Гуми со летен профил од мин. 4мм длабочина на шари но само ако возилото има синџири за снег на задната оска или во случај на преклоплив погон најмалку на вклучената оска.​
Товарни возила
Товарните возила кај кој поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски гуми на погонските тркала и прирачен алат - лопата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and 4FUN

Maks

Староседелец
Подгответе го возилото за студените денови
Никогаш не е добро кога автомобилот ви прави проблеми, но најлошо време за тоа се ладните есенски и зимски денови. Времето веќе почнува да „застудува“, а ноќните и утрински температури се веќе под нулата, што е нормална појава за последниот месец од годината.
Многу делови од возилото, особено склоповите, студот ги доведува до големи искушенија, а и оптоварувањето на возачите е поголемо. Затоа, најдобро е навреме автомобилот да се подготви за ниски температури. Во спротивно, може да ви се случат непријатности па дури и скапи оштетувања на моторот, да ја доведете во опасност сопствената безбедност, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Затоа ве потсетуваме на активностите што треба да ги преземете пред да дојде зимата на врата. Мислиме на онаа вистинска зима, календарска.
img_1324765950078.jpg
Набавете алатка со која ќе можете да го изгребете мразот од стаклата во раните утрински часови. Пред тргнување, сите стакла мора да бидат исчистени. За тоа може да послужат и некои од специјалните спрејови што се во продажба. Истовремено проверете дали работи системот за греење во кабината, и дали истиот е насочен кон ветробранското стакло со цел да се подобри видливоста и одмаглувањето.
Ако надворешната температура се намали под 7 целзиусови степени, тогаш е вистинско и крајно време да ги замените гумите со зимски.Зимските гуми го зголемуваат контактот со подлогата, но ако се “излижани” може да прават проблеми, особено при тргнување и сопирање и на лизгави патишта. Одберете соодветни димензии и купете ги пред да дојде зимата!Зимно време намалена е и видливоста поради дожд или снег, па мора да имате добро чистење на предното стакло. Проверете како функционираат бришачите, дали ја “размачкуваат” нечистотијата. Ако не чистат добро треба да ги исчистите, а ако не сте задоволни да ги смените. Премачкајте ги сите кедери на вратите со глицерин. Со тоа ќе биде олеснето отворањето на вратите и на поголем студ и ќе бидат заштитени од оштетување. Ако немате далечинско отклучување, испрскајте ги бравите со спреј WD за полесно отклучување.
R-05242.jpg
Течноста за миење стакла е важна. Немојте да ставате вода, туку користете специјално средство кое не замрзнува до одредена температура. Испуштете ја навреме водата и ставете ваква течност. Без антифриз воопшто не размислувајте да го возите автомобилот. Идеалната смеса на антифриз и дестилирана вода зависи од температурата, но се препорачува соодносот да биде барем 50-50. Проверете го маслото за подмачкување и нивото на кое се наоѓа. Ако треба, дополнете. Се препорачува користење на мултиградно масло, со мал вискозитет. Пореткото масло полесно поминува меѓу деловите и кога е ладно, а е доволно густо за да се задржи на внатрешните површини кога моторот потполно ќе се загрее.
Нема стартување на моторот ако немате силен акумулатор кој има доволно струја. Ако акумулаторот е постар од три години, проверете го прво на мајстор, но препорачливо е да се смени. Исчистете ги клемите од корозија и намачкајте ги со маст за подмачкување. Проверете го нивото на електролити во ќелиите. Ако треба, додајте дестилирана вода. Кај дизлеските мотори треба да се проверат грејачите. Ако не се добри, може само да го испразните акумулаторот со претерано “верглање” во студените денови.
Дел од работите можете и сами да ги направите. Во спротивно, посетете некој од овластените сервиси за марката на возилото што го имате.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Maks

Староседелец
Не стискајте многу на гаста!

TPE10_EUROPE-WEATHER-_0111_11.jpg
Како да се тргне, возење и сопирање по снег, мраз и влажна подлога, се возачки вештини што не се учат во авто-школа, туку се стекнуваат само со практично вежбање. Возење по дебел слој на снег, замрзнати собраќајници и вистинска снежна бура, проблеми при тргнувањето, управувањето, и застанување по лизгав пат, се состојби на кои почетниците само теоретски се запознаваат.Повеќето возачи кои само што положиле возачки испит, но и оние со подолго стаж, но со недоволно искуство, им недостасува најважното, практичното искуство на возење на снег и мраз, што за жал мора да се добие во секојдневниот сообраќај со висок ризик од сообраќајни незгоди. Возење на дебела прекривка од снег, замрзнати патишта и вистинска снежна бура, проблеми со движењето, управувањето, како и запирање на екстремно лизгав пат, се услови на кои возачите почетници само теоретски површно се запознаени.

ШТО ПОНЕЖНО, ПОБЕЗБЕДНО Е!
v80170.jpg
Големо количество на снег и во релативно краток временски период и ниски температури на воздухот знаат да го парализираат сообраќајот, а возачите се движат во долги колони со брзина на полжав.Повеќето возачи незнаат да возат во такви тешки зимски услови, па со правовремено учење може да се намалат енормно големиот број на сообраќајки, кои благодарение на малата брзина најчесто се само материјални, но, често и со големи суми, а осигурителните компании тогаш и најмногу имаат работа, околу проценката на штетите и нивната исплата. Возење по снег и мраз бара голема возачка вештина, која за жал не се учи во авто-школа.Како да се тргне, вози и сопре по снег и мраз, се вештини што се стекнуваат само со практично вежбање. Прво и основно возачко правило за возење по снег и мраз е – нежност. Сите работи поврзани со управување на автомобилот мораат да се изведуваат нежно, полека и со големо чувство, бидејќи груби и нагли движења и реакции брзо ќе го занесат возилото, што најчесто завршува со губење на контролата над управувањето, излетување од патот и сообраќајна несреќа. Кога сте го исчистиле автомобилот од снег и мраз, можете да седнете и да тргнење, го стартувате моторот и почнување со возењето. Ако пред возилото и тркалата има полно „ненатапкан снег“ потребно е со нога или подобро со лопатка (која е дел од зимската опрема) делумно да се исчисти. На неискусните возачи најголем проблем им е како да тргнат од место, бидејќи поради намаленото триење на погонските тркала има пролизгување на самото место. Затоа на снег и мраз потребно е да додавате иста количина на гас, но, педалите на кумплунгот да се отпуштаат поспоро и понежно, отколку кога се тргнува на сува подлога, за да може тркалата постепено да ги фаќаат снегот и мразот, и да тргне возилото.

Тргнување
goodyear_ug8_perf_1_3.jpg

Педалот на гаста држете го подеднакво, но, ако почувствувате дека тркалата почнуваат да пролизгуваат, притиснете на кумплунгот, и кога ќе почувствувате дека пролизгувањето е прекунато, повторно полека и нежно отпуштете го педалот на кумплунгот, и веднаш намалета ја гаста за да не се постигне голема брзина. Тргнување со намерно пролизгување овозможува полесно тргнување на возилото, но, со пролизгувањето на спојката не смее да се претера зашто може механички да се оштети. По правило, кога на патот има многу мраз и снег, препорачливо е од место да се тргнува во втор степен на пренос (брзина).За се треба полно чувство и што е најважно вежбање на празен паркинг.

ЗАБРЗУВАЊЕ
300423259508fdd78a0583505394982_orig.jpg
Откако ќе се тргне со автомобилот од место, за натамошното возење на снег и мраз важат поинакви правила, со забрзувањето отколку на сува подлога. И само во пракса може да се почувствува дека премногу притисок на педалот за гаста, и возење на „високи вртежи„ доаѓа до изненадувачко пролизгување на погонските тркала, па е потешко контролирањето, во комбинација со странично занесување. Ако ви се случи нешто такво, единствена помош е одземање на гаста, но, не веднаш, туку доволно брзо и нежно, а на сопирачките треба да се заборави, и да се користат само кога е тоа неопходно.Кога давање премногу гас и возење на високи вртежи на моторот по правило предизвикуваат пролизгување на погонските тркала, за забрзување во секој степен на пренос во повисока брзина треба да се искористи најмногу третина од гаста, односно најмногу една третина од максимално дозволениот број на вртежи. Тоа значи дека во повисок степен на пренос треба да се уфрла што побрзо, но, во тоа не треба да се претерува. Во секој случај, звукот на моторот, односно звукот на пролизгување на погонските тркала е најдобра насока колку сте вешти во зимски услови.

ВОЗЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ
mqdefault.jpg
Откако ќе смените во повисок степен на пренос, педалот за гаста треба нежно да го отпуштате. Целосно отпуштање може да придонесе до занесување на возилото. Педалот на спојката притиснете го нежно, сменете во друг степен, почнете нежно отпуштање на спојката и истовремено додавајте гас, но, многу малку, помалку отколку на сува подлога.При вртење и менување на насоката на движење, избегнувате одземање или додавање на гаста, бидејќи и во двата случаеви во тој момент може да дојде до неконтролирано странично занесување на возилото. Затоа пред промена на насоката на движење, намалете ја гаста, и нежно додавајте дури кога возилото почнува праволиниски да се движи. Возењето мора да биде нежно и континуирано, како во багажникот да возите пакет со јајца што несакате да се скршат.

ВРТЕЊЕ
snow4.jpg
Покрај вештината на ракување со кумплунгот, гаста и менувачот, од голема важност е исправното ракување со управувачот. Сите прижења на управувачот мораат да бидат меки, постапни и правовремени. Нагло вртење на управувачот не е допуштено, бидејќи на тој начин возилото може да се дестабилизира, да се занесе, и тоа на начин што возачот нема да може да го сопре, ниту пак да го управува.Градските маневри по споредните улички некогаш ќе морате да ги направите со многу мала брзина, поради лизгавата подлога, а на отворен пат свиоците треба да се совладуваат со два до три пати помала брзина отколку што тоа би го направиле ако возите на сува подлога. Измените на возните ленти и преминување од една во друга, треба да се направи со што е можно помало вртење на воланот, бидејќи голема количина на снег може да го блокира или занесе возилото.

СОПИРАЊЕ И ТРИКОВИ
20080305_snow_roads2_33.jpg
При големи брзини во свиок, по правило возилото настојува да го задржи правецот на движење, што значи дека предниот крај на возилото се обидува да вози право. Во тој случај прво што треба да направите е да ја отпуштите папучата за гаста, и да им се дозволи на предните тркала да престанат да лизгаат, односно да се почне со вртење. Најголема грешка на повеќето возачи во таква ситуација е што тогаш уште посилно го вртат воланот и предните тркала во насоката на свиокот, и панично сопираат, а треба да го прават токму спротивното.Да се сопира треба само ако е неопходно, и во зависност од ситуацијата, а во случај возилото да сака во свиокот дополнително вртење на предните тркала во насока на свиокот, само дополнително ги блокира па со нив неможе да се управува.
Во таква ситуација, воланот и предните тркала треба да се свртат во спротивната насока, од насоката на свиокот за да може тркалата да се израмнат и побрзо да почне вртењето. Кога ќе почувствувате дека предните тркала повторно се вртат, и дека со возилото може да се управува насоката на возење, повторно треба воланот да се сврти во насоката на свиокот, не, не пресилно, туку колку што е потребно.
Целото опишување на постапката се изведува релативно брзо и вака објаснето изгледа опасна и комплицирана, но, кога ќе ја пробате во пракса и увежбате, ќе сфатите дека ваков маневар може да ве спаси од излетување.
 

Maks

Староседелец
Мразот е непријател кој демне од заседа !!!

pic_wonder_ice_roads_lg.jpg

Првиот проблем со кој се соочуваат возачите наутро е токму мразот, кој знае да ги замрзне сите стаклени површини на возилото. Најдобар начин за заштита е гаража, но ако ја немате, тогаш најдобро е да ставите картон кој ќе го заштити предното стакло, а притоа нема да се залепи. Во никој случај немојте да ги полевате стаклата со топла вода, зашто може да дојде до пукање на истите. Кога ќе ги чистите стаклените површини, сторете го тоа на сите стакла, предни, задни, странични и на ретровозирите, заради сопствената заштита во сообраќајот.Пред да почнете со чистење, стартувајте го моторот за да постигне работна температура.Немојте да дозволите да имате гориво во резервоарот под половината, или пак обидете се да ја држите количината на што повисоко ниво. Прво ќе биде потешко возилото, но нема да дозволи да се создава влага во резервоарот, што при многу ниски температури може да замрзне и да предизвика дополнителни проблеми. Не заборавајте ниту на притисокот во гумите, како што пропишал производителот.При возење задолжително намалете ја брзината, приспособете ја според условите на патот и држете растојание во однос на возилата пред вас. Избегнувајте нагли движења. Бидете внимателни при сопирање,особено ако немате АБС-систем, а ако го имате, тогаш тој веднаш ќе се активира и ќе биде продолжен патот на сопирање. Избегнувајте нагло сопирање и полека отпуштајте го кумплунгот. Наглите сопирања особено при вртење, можат да го дестабилизираат возилото.Ако возилото има погон на сите 4 тркала, тоа не значи дека имате возило за сите зимски услови, во што најдобро ќе се уверите на замрзнат пат. Бидете особено претпазливи на удолници, нагорници, мостови и предели со вода. Внимавајте и на сообраќајниците и делови од пат што се во осојница. Мразот е еден од најголемите непријатели зиме. Од вас зависи колку лесно ќе се справите со него.