1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Земјотреси

Дискусија во форумот 'Географија' започната од violetmoon, 24 јули 2013.

  1. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,620
    Допаѓања:
    5,695
    Земјотресот е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи,движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.
    Јачината на потресот зависи од повеќе фактори,а се изразува со помош на Меркалиева скала која има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот,а другата е Рихтерова скала која има
    магнитут 0 до 9 степени и се темели врз јачината на енергија што се ослободува при потресот.

    Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси .
    Науката која ја проучува оваа област се нарекува сеизмологија.
    Земјотресот се случува во внатрешноста на земјата,а местото каде се чувствува најсилно се нарекува епицентар,од каде брановите се движат во кругови меѓутоа со послаб интензитет.

    Територијата на Македонија е релативно трусно подрачје,подложно на земјотреси.
    Земјотресот од 1904 година во пехчевското епицентрално подрачје се смета за најсилен на Балканот,
    со јачина од 7,8 според Рихтер.
    Oд поново време се памети земјотресот во Скопје. На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес почувствуван со 9 степени по меркалиевата скала и јачина М=6,1 по Рихтерова сеизмичка скала, а помали потреси имало до 05:43 часот. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани.

    За кои други катастрофални земјотреси ширум светот сте слушнале?
    Колку е напредна денес технологијата во оваа област,дали може да се дознае предвреме и да се евакуираат тие области каде постои опасност од потенцијален земјотрес?
    Пишувајте и искуства и сведоштва на ваши блиски кои минале низ хоророт во 1963 во Скопје.
     
  2. Мирче_мкД

    Мирче_мкД Истакнат Член

    Зачленет на:
    25 јуни 2012
    Мислења:
    173
    Допаѓања:
    121
    Досега само еднаш сум искусил вакво нешто, пред 3 години отрпилика. Првиот пат седев долу на први кај баба ми и кога затресе малце не ни бев свесен дека е земјотрес, дури од коа престана ми дојде умот. Излеговме надвор на 15-20 мин и мислевме се смири. После тоа се качив горе на втори на компјутерот да седнам и тогаш стана интересно. За 5 мин се случи нај-јакиот потрес шо веќе ептен се осети, почнаа да се нишат ѕидовите малце, дотогаш не знаев дека сум можел да ги скокнам сите 15 скали одеднаш ама пусти страх се прави :D . Беше кратко ама јако. Ного заебано чувство е, буквално ја осеќаш силата на природата, а со неа нема играчка. После тоа неможев едно десет вечери по ред на раат да спијам, цело време со едно око отворено и на секој камион шо ке поминеше преку улица станував.
    Браво за темава иначе, мислам дека информираноста за тоа шо треба да се прави а шо не во случај на земјотрес меѓу нас не е многу голема. Може и нешто ни имаат кажувано постарите дека ете на пример во случај да си на повисок спрат и неможеш да излезеш брзо треба да се застане под главниот столб на зградата, дека на скали никогаш не се стои, ако можеш да скоскаш не мисли двапати. Проблемот е во тоа шо никогаш не се знае со земјотресите, може да трае 2 сек, а да направи огромна штета и обратно. Поризично е секако со постарите градби, сега заштитните мерки од овие природни појави се доста развиени и може да се каже дека сигурноста е колку-толку зголемена.
     
    На Сара.13 и violetmoon им се допаѓа ова.
  3. Harmonija

    Harmonija Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јули 2013
    Мислења:
    600
    Допаѓања:
    405
    Имам способност да препознавам земјотреси... т.е некогаш кога станам од спиење ми се стресат нозете на некој чуден начин и кажам на моите " еј некаде во светот има земјотрес " и на вести стварно после даваат дека имало :D
     
  4. Aleksis

    Aleksis Jukebox

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    1,440
    Допаѓања:
    2,539
    Абе опасен си ти...
    он: никогаш немам осетено земјотрес,и не ни сакам...имам другарка од гевгелија која цела недела и повеќе спиела во кола (тој период кога беа земјотресите пред неколку години таму) страшно!
     
    На Harmonija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Harmonija

    Harmonija Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јули 2013
    Мислења:
    600
    Допаѓања:
    405
    Јас не сум опасен. I am good boy :(
    Инаку да се надоврзам на темата, доколку земјотресот е слаб најдобро може да се познае по нишањето на лустерот во собата.
     
  6. Сара.13

    Сара.13 Староседелец

    Зачленет на:
    13 ноември 2012
    Мислења:
    1,260
    Допаѓања:
    3,107

    Браво за тебе нинџа желко :D донатело? рафаело? ....:D

    он: не сум имала некое поголемо искуство со којзнае каков земјторес..обични слаби потреси кои сите ги сеќаваме, се „потресуваме“ малку и никому ништо.
    единствено во моето семејство, дедо ми има искуство со голем земјотрес..кога кажувам голем, буквално го мислам тоа.оној од 1963, Скопје.
    Баш би сакала да раскажам накратко..вечерта пред да се случи земјотресот, дедо ми им кажал на своите дека ќе оди да преспие кај некој негов другар..не добил дозвола, ама се искрал и заминал.Утрото, за време на земјотресот, во домот на дедо ми, ѕидот до креветот каде што дедо ми требало да спие ноќта, сосем се срушил и го поклопил креветот.
    ова е приказната за тоа како дедо ми и ден денес е меѓу нас...а што е најважно, да не било така, и мене немаше да ме има сега. :)
     
    На Aleksis му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Harmonija

    Harmonija Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јули 2013
    Мислења:
    600
    Допаѓања:
    405
    Имам слушнато дека најдобра заштита е да се сокриеш под вратата или под масата. Инаку имам исто слушнато и добра приказна за 63та како еден храбар тип исклучил голем дел од електричното напојување и така спасил многу животи во Скопје ... инаку да Донатело :D мило ми е
     
    На Сара.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    иако битола често се треси јас само еднаш осетив се се потресе XD хаххах др. пати сите дома ќе осетеа јас ниш ама апсолутно ништо..:zelen
     
    На Сара.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Порано имав читано една книга во врска со земјотресот во Скопје " По трагата на минутите на смртта " па место предговор има нешто што сакам да го споделам тука...
    КРВ, СМРТ И НАДЕЖ
    Крв ми капе од душата​
    за тоа мачење човешко.​
    Ако не си ми брат​
    ти што те смачка домот твој во кого своја пот си вградил​
    ти си ми свој!​
    По исти улици сме врвеле низ животниот пат​
    од исти дрвја во есен на нас тажни лисја паѓале.​
    А сега саде урнатини​
    и мноштво гробје​
    наместо весели прозорци распеани.​
    Ако не си ми син​
    ти малечок​
    што без крик и плач умре​
    во мајчина прегратка или мајка не стигна до тебе​
    зошто ја спречи столбот,​
    ти си мој малечок.​
    Без теме и смеата е штура​
    што ме задушува.​
    Секогаш ќе недостигаш!​
    Ти мајко што си мајка, а немаш деца​
    ти татко што само така се викаш​
    а немаш кого да водиш за рака.​
    Ти бабо и дедо што најблиската рожба ви ја снема​
    и сал еден писок и врисок ви остана за спомен.​
    О само кога би можело да се врати време!​
    Но не-нема ништо​
    никому одмазда нема​
    сал во нас тап грч и бол​
    и ужас стегнат меѓу заби.​
    Крај срушени куќи​
    играчки од деца​
    смачкани кукли и искинати книги​
    о, смилете се и скриете ги​
    тие кондурки и детскиот клавир.​
    Но, стој застани​
    ова празно утро ќе биде твојот нов дом​
    што заедно со солзи ќе го изградиме!​
     
    На Mila Kunis, violetmoon, Aquarius и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    Три пати имам почувствувано земјотрес и се имам преплашено.Првиот пат пред 4-5 години го сетив првиот земјторес кој беше силен но не многу.Вториот пат од спиење ме разбуди и после тоа целиот ден катастрофа ми беше и третиот пат пред неколку дена идејќи од град силно стресе два пати и тоа една по другиот.
    А во врска со земјотресот во Скопје во 1963 би сакала да споделам една сторија која ја прочитав пред некое време на друг сајт:

    „Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври. Си го замислував мирното доаѓање на новото чедо и нашиот спокоен живот во семејниот дом на Козара 34, близу Државната Болница. Но, судбината сакаше поинаку....Цела вечер не можев да заспијам преплавена со мисли за иднината. Одеднаш, се слушнаа страшни звуци - мјаукање на мачки, виење на кучиња и страотни крици од другите животни кои се слушаа дури од Зоолошката градина, а јата птици се креваа во хаотичен лет над земјата. Беше мугра, многу се исплашив и се прашував што се случува. А потоа страшна, злокобна тишина. А потоа силен татнеж....Треперев од страв. Одеднадеш тлото под земјата започна силно, многу силно да се тресе и сфатив- земјотрес....Во животот немав почуствувано таков страв... Јас, докторите, медицинските сестри, и сите други пациенти како избезумени започнавме да излегуваме од зградата, сите стравувајќи за својот живот, завладеа сеопшта паника и страв....Луѓето од околните објекти беа голи и боси излезени надвор, а тлото под земјата постојано се тресеше и не стивнуваше, во секој момент мислев дека се може да се сруши врз нашите глави...Ме обзема страшна вознемиреност, единствено нешто што ми паѓаше на ум во тој момент беше дали е се во ред со моето семејство...

    По малку време го здогледав мојот сопруг, кој дотрча исплашен до мене, сакајќи да се увери дека сум добро. Почувствував големо олеснување кога видов дека тој е жив и здрав, но истовремено бев многу загрижена за тоа дали се добро мојата ќеркичка и моите родители, кои во моментот беа на краток одмор во Катланово. Стоевме така на плочникот пред болницата во исчекување, кога одеднаш, можеби по половина час или по четириесетина минути почувствував силни породилни болки. Бев многу исплашена, знаев дека не ми е терминот и дека има уште време, ме обзема страшна паника и само се молев на Бога се да заврши и да помине во ред.... Следуваше уште посилна болка, знаев дека предвременото породување е предизвикано од доживеаниот стрес и траума, треба бргу да се дејствува и детето доаѓа на свет... Во целокупниот хаос, ми пријде докторот - угледниот д-р Антиќ и породувањето започна на плочникот пред болницата, во тревникот под едно дрво, без никакви инструменти, единствено имаше само ќебе на кое легнав на тревата. И самиот стравувајќи и за својот живот поради непрестајните земјотреси, докторот сепак ја покажа својата професионалност и породувањето беше успешно.

    Прекрасно беше чувството на олеснување кога ми рече „Девојче имате, девојче!"̋̋ Беше 7 часот и 20 минути, неполни 2 часа по катастрофата која го снајде Скопје, а според сите информации мојата ќерка е првото новороденче кое дојде на свет во Скопје по катастрофалниот земјотрес. Беше многу малечка, мојата Сузана се роди со тежина од само килограм и сто грама и не можеше самостојно да дише. Но, се охрабривме и не изгубивме надеж, сопругот веднаш зема една сламка и започна да и дава вештачко дишење за да ја одржи во живот. Во тој момент се појави и татко ми, кој исплашен дошол пеш од Катланово и ни кажа дека тој, мајка ми и мојата 5 годишна ќерка се добри и на сигурно, на наша огромна радост. Меѓутоа, поради сеопштиот хаос, многуте повредени на кои требаше да им се укаже помош, како и опасноста од нови потреси, знаевме дека мора да одиме на друго место за да ја спасиме Сузи. Ни до ден денес не знам како наидовме на еден отворен камион, успеавме да се качиме и да не одвезе до Ниш мене и штотуку родената ќеркичка, а сопругот Благоја како судски медицинар, мораше да остане во Скопје заради идентификација на телата на настраданите.

    По патот, го гледав разрушеното Скопје, разурнатите згради и куќи и облаците од прав кои се креваа над градот, во тој момент низ главата со молскавична брзина ми прелета мислата – мојата Сузана се роди, додека Скопје умира! Во камионот таа беше поврзана со боца со кислород, за да и овозможи вештачко дишење. Но ненадејно во текот на патувањето, боцата престана да работи! Почустсвував огромен страв и затреперев, но одеднаш потоа малечката заплака, што беше знак дека започнала да дише самостојно. Нејзиниот бебешки плач беше големо олеснување за мене! Бев уморна и преплавена од измешани чувства, и на среќа и радост, и неизмерен страв и неизвесност за нејзината иднина, но некако се охрабрив и започнав да верувам дека со моето девојче ќе биде се во ред, ќе преживее и ќе го претставува новиот живот по катастрофата. Кога стигнавме во Ниш, отидовме во болница, каде нашата ќеркичка мораше да биде во инкубатор. Откако помина два месеца во инкубатор, Сузи се опорави и почна да напредува. Имавме шанса да ја израснеме и да станеме горди родители на неа и на нашата постара ќерка“ – раскажува симпатичната пензионерка Златка Крстевска.

    Скопјанката Сузана Стаматовска (родена Крстевска) денеска е среќно омажена и горда мајка на две деца. Многу сака да им помага на другите, а вљубеник е во својата професија (градежништвото) и во својот роден град Скопје - некогаш и сега. Неизмерно им е благодарна на своите родители за нивната пожртвуваност и натчовечки напори тој ден, но и за љубовта и семејната хармонија со кои ја опкружувале во текот на нејзиното растење, а и до ден денешен. Срдечна и пријатна, вели дека не е случајно што е родена на денот на катастрофалниот земјотрес, бидејќи нејзината животна патека многу потсетува на земјотрес – исполнета со многу подеми и падови, но сепак за неа како вистински борец, секој пораз е предизвик за нова победа. Нејзиното раѓање е првиот нов живот по земјотресот, предвесник на новото Скопје, на обновувањето, подемот и новиот живот по катастрофата. На шега вели дека е интересно тоа што не може да си ги сокрие годините, бидејќи заедно со одбележувањето на годишнините од земјотресот, таа си ги прославува и своите родендени.
    Инспирирана од нашата средба, ни ги предаде следниве прекрасни стихови кои самата ги напишала и никогаш претходно не се објавени:
    Има едно чувство единствено силно,
    со него ти растеш, цветаш, се гордееш, леташ.
    Ако тонеш, над гори те крева.
    Него ништо не го зема.
    А во светот суров сјае, трае....
    Колку да го даваш, за навек ќе е цело.
    Мајчинството врело!
     
    На Aquarius, Сара.13 и Хоуп* им се допаѓа ова.

Сподели: