Зелена игуана

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Iguana_iguana_colombia3.jpg

Зелената игуана е голем хербиворен вид на гуштер од родот игуана кој живее во Централна и Јужна Америка. Зелената игуана расте до 1,5м и достигнува тежина до 10кг. Поради својот егзотичен изглед, зелената игуана е популарна и како домашен миленик.
Зелените игуани се дневни животни кои често се качуваат по растенијата и се наоѓаат близу до вода.
Поради популарноста во трговијата со домашни миленици и како извор на храна во Латинска Америка, тие се на листата за контрола на трговијата со животни.

Особини

Зелените игуани имаат низа од боцки на грбот и опашката кои ги штитат од предаторите. Опашот го користат како камшик кога се бранат од напаѓачи, а како и кај многу други гуштери, тој може да отпадне и да се регенерира. Подбрадокот го користат за регулирање на температурата, а исто така и за додворување.
Зелените игуани имаат одличен вид, но само дење. Гледаат и ултравиолетова светлина. Тие имаат и трето око на врвот на главата, тнр. париетално око, со кое можат да забележат промени во осветленоста и им служи за заштита од предатори.

Однесување

Игуаните се вешти качувачи по дрва, а можат да паднат и од 15 метри висина без да се повредат.
Кога времето е студено и влажно, тие повеќе сакаат да се на земја кајшто е потопло. Игуаните се одлични пливачи, и кога пливаат ги држат нозете лабаво во водата, а управуваат со силни движења на опашот.
Кога се уплашени од предатор, игуаните се обидвуаат да побегнат. Ако има вода во близина нурнуваат во водата и отпливуваат. Ако се притеснети, ќе се издолжат, ќе го надуваат телото, и го покажуваат подбрадокот. Ако опасноста продолжи, може да замавнат со опашот како со камшик. Ранетите животни се поагресивни.
Зелените игуани климаат со главата на различни начини за да изразат разни социјални интеракции, како на пример при додворување, или за да поздрават друга игуана. Брзината и бројот на климнувања имаат различно значење.
Соколите се хранат со зелените игуани и кога ќе го чујат писокот на сокол игуаните се смрзнуваат. Ова го користат луѓето за лов: со свирче слично на писок на сокол ќе ги натераат игуаните да останат во место и така полесно ги фаќаат.

Исхрана

Игуаните се претежно хербиворни, се хранат со лисја, цветови, овошје и млади ластарки од над сто разни видови растенија. Ова им претставува проблем за осморегулацијата бидејќи растителната материја содржи повеќе калиум, а помалку хранливи состојки во единица материја; затоа игуаните имаат развиено странична носна жлезда преку која се излачува вишокот на соли на калиум и натриум. Зелените игуани имаат остри заби со кои можат да сомелат и тврди лисја. Забите им се сместени на внатрешната страна на вилиците, затоа тешко се забележуваат.

Како домашен миленик

Трговијата со миленичиња во САД ги прави игуаните мошне барани: 800.000 игуани биле увезени во САД само во 1995., главно од Хондурас, Ел Салвадор, Колумбија и Панама. Но, овие животни бараат соодветна грижа, и голем број умираат за неколку години од купувањето. Зелената игуана бара температура од 24-32 C и мора да има соодветен извор на ултравиолетова светлина.
Кога се чуваат дома, игуаните престануваат да бегаат од луѓето, но само после некое време за кое постојано биле во интеракција со нивниот сопственик. За разлика од кучињата и мачките, не сакаат да се мазат, земаат во раце и сл.
Во заточеништво, зелената игуана може да живее 20-35 години.
Една сина игуана од родот Cyclura фатена на Големиот Кајман е најдолговечниот гуштер - живеела 69 години од кои 54 во заточеништво.
Здравите домашни игуани се внимателни животни кои може да се научат да вршат нужда на одредено место, дури и на тоалетна школка.

Повеќето ветеринари немаат тренинг за лекување на игуаните.
Социјализацијата на игуаната може да трае неколку години. Таа има индивидуалност, која бара адаптација и од страна на сопственикот. После 5-10 години, игуаната може да покаже приврзаност слична на миленичиња - цицачи, дури и да е анксиозна кога одвоена од сопственикот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
За разлика од кучињата и мачките, не сакаат да се мазат, земаат во раце и сл.
Епа тогаш за џабе ја чуваш.. :D :p
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
За разлика од кучињата и мачките, не сакаат да се мазат, земаат во раце и сл.
Епа тогаш за џабе ја чуваш.. :D :p
Се припитомуваат со тек на време но за разлика од мачките и кучињата кои шетаат слободно по дома игуаната сака да си има свој затворен простор каде што ќе се чуствува сигурно. Затоа се прават терариуми :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and emzzy

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Се припитомуваат со тек на време но за разлика од мачките и кучињата кои шетаат слободно по дома игуаната сака да си има свој затворен простор каде што ќе се чуствува сигурно. Затоа се прават терариуми :)
Стави слика од твојата.. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Psychobilly and emzzy

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Поголема верзија де..
47465_100283276701845_100001605180582_616_3686314_n-jpg.705
36679_130701846965668_100000775616167_141331_4617486_n-jpg.362
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Игуана е најлесно за одржување и чување, за разлика од други домашни миленичиња. Јас би купил, но сега за сега немам 5.000 денари за него.
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Игуана е најлесно за одржување и чување, за разлика од други домашни миленичиња. Јас би купил, но сега за сега немам 5.000 денари за него.
Па и не е толку лесно... правење соодветен терариум, прилагодување на условите, храната, осветлувањето, греењето... си има тежина чувањето.