1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

За македонцките работи: Таксират и Полицијата

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од Jackal, 9 декември 2012.

  1. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    Се мислев кој наслов да го ставам на овој текст.Не знаев што е по соодветно, дали Од главата си патиме или овој што е сега.Вистината е дека и двата се соодветни на тоа што се случи синоќа пред и за време на Таксират.

    приказната оди вака:
    Окулу 20:10 часот јас пристигнав пред билетарницата на саемот, требаше да почекам да стигнат другите за да влезиме заедно на Фестивалот. Бидејќи врнеше и беше ладно, јас стоев под стреата на билетарницата. Одеднаш еден тип во црно палто застана пред мене и ме гледаше минута или две без да прозбори.

    - Извинете ви треба нешто, го прашав. Тогаш ја извади значката и набрзина ја скри и кажа дека е полиција и ме праша дали имам лична карта и од кај сум. Му објаснив се и му ја дадов личната карта. Ја погледна и неговиот колега кој тогаш пристигна ме праша дали имам некои недозволени работи во мене, Кажав дека немам. Тогаш двајцата започнаја да ми ги претресуваат сите можни џебови од палтото и фармерките. Ме натераја на дождливото и ладно време да го соблечам палтото и да мрзнам за да можат тие темелно да го проверат. Потоа добив детален преглед и на фармерките. Среќа што не ме натераја и нив да ги соблечам. Откако не најдоја ништо започнаја со детално испитување, како дојдов, со кој дојдов, кого го чекам, шо ке правам внатре. Се осеќав како најголем криминалец во Македонија.

    Интересното беше тоа што од 50+ луѓе кои стоеја пред билетарница јас бев единствената жртва на полицијата. Ниту еден друг не беше ни прашан ни легитимиран ни претресен. Само јас. Претпоставувам тоа се должи на мојата Раста Капа.
    [​IMG]

    Ги замолувам сите оние што имаат било каков контакт во МВР и со минитерката Гордана Јанкуловска да и пренесат да организира некакви обуки, било какви само да ги образува неписмените полицајци. Да ги научат дека не секој што носи Раста капа има марихуана во него, дека не секој со маица од Боб Марли е криминалец и наркоман. Организирајте и образовајте ги полицајците да ги научат правата на граѓаните и законите во оваа држава. Ова е срамота што се случува. Не е прв а не ни последен ваков случај на малтретирање.

    Синоќа имаше и еден друг инцидент за кој дознав. Мои пријатели биле легнати на земја и така држени се додека не дошло полициското комбе затоа што не сакале да покажт лични карти затоа што полицјаците не сакале да ги покажат значките. Ете ви уште еден доказ дека оние што треба да го претставуваат законот не знаат ниту З од тој закон. Срамота е вакви неписмени полицајци да ми глумат сила и закон.

    А таксират помина добро, можеби доколку имаше малку поинаков распоред на групите ке беше подобро. За жал малку закаснив и ја пропуштив Тања Стивенс но стигнав навреме за Скиндред кои беа одлични мадафакери на сцена. Прејака атмосфера имаше во побликата за време на нивниот концерт. Чиста Околина одлични исто така со моќен настап. Според мене најјаки беа Че Судака. За време на нивниот настап публиката беше во вистински транс. Немаше ниту еден што не играше и пееше. Најмоќниот настап според мене го имаја Че Судака. Ван Гог добри но сепак досадни за мене. на пола од сите фестивали во Македонија гостувале. За останатите групи не издражаја нозе и мојот алкохолен систем. Премалку крв во мојот алкохолен систем..

    Извор : http://sandokanblog.wordpress.com/2012/12/09/за-македонцките-работи-таксират-и-пол/
     
    На 4FUN, malo, parvati и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Не е чудо, не е ни прв пат, кога пред една недела во Гевгелија беа уапсени 6 навивачи, причината била дека после победата н Кожув над Лирија, нели нормално излегуваат надвор пеат песни слават, и беа уапсени поради нарушување на јавен ред и мир, а тоа што некој шета со калаш на плоштад што им стават орелско знаме на нивното комбе, никој не реагира...ах бре Македонче дојдовме од втор ред во своја држава.
     
    На parvati и Jackal им се допаѓа ова.
  3. alba

    alba Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2012
    Мислења:
    1,426
    Допаѓања:
    2,014
    Ова е нормално однесување во нашата ни мила државичка со оглед на тоа какви луѓе ги носат тие значки а притоа ни тие тако звани полицајци него знаат значењето на таа значка шо им е дадена.
     
  4. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
     
    На slb_bobo и alba им се допаѓа ова.
  5. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ..у Стенковац на журку пред 5-6 године ми се дешаа овој брат, на три места ме тресесфа, тресе ме набилдан сељак и му вика на тога на врата претреси га овога па, сумњиф ми е, да ми едеф муда, безкичмењаци, па ако си способан да ми најдеш нешто најди ми га ти, а не да ме тресеш како да сам атентатор и после тој па алармираш на другога па да ме птетресуе, значи држаа ни е крш у сфак поглед, полиција ни селскошпонска, дебили, неумеф ништо сс убаво, сфе на галаму и арогантност
    Еи да, у Стенковац тк сакасфа и местенку да ни праиф.Исто и ми чекасмо пред врата још некои да дојдеф и до нас дојде едн стар џанак и тражи ни упаљач, видесмо га дека е некој дебилатор уличар, избегавасмо га, он упорно до нас и извади вувузелу тројку и гу запали пред нас и пред полицију и обезбедување, пушта ни га џоинт ми га одбивамо, знаесмо дека нешто друго туј мирише( а не само техаце) .... и дојде време да улегнемо и едн цајкан вика ииии види го оној џоинт запали, а колега његоф му вика
    остаи го тој.... од нашите е!
     
    На Jackal му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
  7. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Мене исто ми се има десено да ме застане кола со четворица батиња унатре и да ми речат: Дечко застани тука! И ја се разбира не сакав да ризикувам,па си се убрзав накај шо си идев,и истрча еден шутрак од колата и тек тогаш му текна дека треба да се легитимира. Кој будала би им застанал на четворица батки што сомнително гледаат наоколу по луѓе во кола?
    И ајде после стандардна процедура,вади се што имаш на хауба,и ја го извадив телефонот,клучот од дома и Бакуган топчето што го добив од девојка ми и ме пуштија. Мрдната работа...
     
  8. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Батка Jackal џабе се буниш.Ова е полициска држава.Тие копита од алфи и џандари симнати од пусто муртино не знаат ништо повеќе од тоа како се употребува гз папир.Па ни тоа.Некогаш користат и весници.
    Често ме тресат џандари дали дека имам затемнети стакла, понекогаш споро возам може сум им сомнителен.
    Некогаш ме сопираат за брзо возење.
    А во последно време ми се случува на кружен тек ѓорче да ме застануваат секој ден.Чисто ете онака.

    Имаше интересна случка.Во мене 5 гр.кокаин во кутија цигари тврдо паковање.Искуство ме научило кутијата не ја отварам нормално туку од доле сечам парче мало и од таму вадам цигари како шајки.Епа таму си ставив и ова.И кутијата под радио кај што ми стои упаљач.Ми упаѓаат алфи ме сопираат а јас троа малку лизнав и 300 на саат возам ко бесно копиле како да не сум видел партизанска прав пат.
    Ме претресува ме претресува, ај сега колата вади патосници, навлаки задни, предни, багаж вадам резервна гума буквално цела кола растур ми ја направија.
    Кутијата цигари неотворена од горе фала богу.
    Ме прашува абе малборо црвено пушиш а?
    - Да сеа од тобако ја земав кутијата не ми е отворена уште за вечер ми е овие нема да ми стигнат.
    БРао бе, гуштер а малборо црвено.Татко ти не ти се дере зашо пушиш малборо црвено и му земаш 120 денари за пакло?
    -Па не, ми дава редовно пари и не знае дека пушам :D
    Цц еееј денешнава младина ќе го соголи татко му само за да пуши скапи цигари.Фраер си нема што.
    Кај живееш што како, работиш ли нешто се замуабетија.Колата од кај сум ја земал колку ми троши итн итн.
    -Ми пукна филм, и им викам дечки ме пука серка да идам дома ако сум слободен.
    Да да нема проблем.Само глеј не вози брзо има секакви будали а и к*р те боли татко ти ти пуни резервоар.Ај поздрав :D

    Ми се кењаше од друга причина ама пројдов.Иначе ќе лежев апсаана баеги време.
    А колку пати сум бил чист неам ништо ме фаќаат за мочалото вика знам вие џанкерите чувате и под јајца марихуана во фолија или во патики во чорапи.

    Во такви ситуации како твојата не му пружај отпор, прај се педерче манастирско ддткај, потплукнувај ќе видат дека н од наркоман немаш и ќе те пуштат.
     
  9. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    какф отпор туригикур, увек само најнормално сс њима, убедувачки, збор по збор по њима : ) збориш ци цело време дека џабе се замараф што ти га праиф тој : ) тој е тој
     

Сподели: