Закон на атракција

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Закон на атракција е универзален закон кој може да ви помогне да ја најдете вашата сродна душа (soul mate). Законот вели дека ве привлекуваат оние луѓе, настани и искуства кои се во сродност на вашата состојба. На пример, доколку се фокусирате кон љубов и дружење, ќе привлечете повеќе од тоа во вашиот живот. Позитивни и инегативни мисли носат позитивни и негативни настани соодветно.
Едноставно кажано за да добиете љубов од другите треба да покажете љубов, а истовремено и да ја имате во себе. А тоа едноставно се постигнува со тоа што ќе се сакате себеси прво.

- Дали сметате дека законот е магнет за привлекување исти или слични луѓе со размислувања и вкусови на нашите?
- Дали со примена на законот можно е менување на таргет група на луѓе кои ги привлекуваме?
- Дали сметате дека личната среќа не зависи од тоа што ни се случува, туку од тоа како ги доживуваме и прифаќаме работите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Па кога ќе видиш во принцип дека се е енергија, можни се некои комбинации... А не само личната среќа туку и се друго зависи од тоа како ги прифаќаме работите, за пример некој намќор што цело време е негативен, тој и најдобри вести да чуе пак ќе си биде намќор и негативен и спротивно... Со оглед на тоа што мислам дека судбина не постои туку сами си одредуваме што ќе се случи (намерно или ненамерно) законот за привлекување држи вода до негде.
ПС law of attraction во превод значи закон за привлекување а не закон за атракција ;) Тоа што ти си го опишала е дел од законот за привлекување ;)
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
за првите 2 прашања не сум размислувала ама за трето знам дека самите ме си креатори на сопстевената судбина и среќа... пример одиме по улица и гледаме еден заљубен пар. некои би си рекле ( оние песимисти пред се) како јас не можам да бидам среќен/на со некого/ја и ке си напраат триста филмој и на крај ке се чувствуваат разочарано..а додека некои би размисли за тоа колку се тие двајца среќни ке се почувствуваат среќно за нив пред се...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Па кога ќе видиш во принцип дека се е енергија, можни се некои комбинации... А не само личната среќа туку и се друго зависи од тоа како ги прифаќаме работите, за пример некој намќор што цело време е негативен, тој и најдобри вести да чуе пак ќе си биде намќор и негативен и спротивно... Со оглед на тоа што мислам дека судбина не постои туку сами си одредуваме што ќе се случи (намерно или ненамерно) законот за привлекување држи вода до негде.
ПС law of attraction во превод значи закон за привлекување а не закон за атракција ;) Тоа што ти си го опишала е дел од законот за привлекување ;)

Тогаш законот на атракција што кажува?
Секако, поправи ме ако грешам.
 
Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Сметам дека најфункционалната акција во овој Закон на атракција (рима :)) претставува мислењето, односно влијанието на потсвеста како двигател на понатамошните постапки. Толку многу филмови се изгледани за оваа тема, статии прочитани на интернет, интервјуа со Боб Проктор (пионер од 1965 год. на ова подрачје), книги на Тони Бузан (кој навлегува поспецифично во човековиот ум преку правење "Мапа на мозокот"), и доаѓаме до заклучок дека мислата, таа секвенца која доаѓа од потсвеста во микросекунда додека на пр. гледаме ТВ, е главната причина за функционирањето на Законот.
Точно, доколку мислиме позитивно за работи кои ни значат, треба да оставиме краток период истите да се остварат, не треба да се брзаат или силуваат.
Гореспоменатиот Боб Проктор во филмовите "11 Forgotten Laws" и "Beyond the Secret" вели дека откако ќе се направи визуелизација на нешто (предмет, личност, состојба) на што сакаме да му посакаме добредојде во нашиот живот, доволно е најпрво да го претставиме тоа пред нас, односно да визуелизираме како всушност ние се соживуваме со него.
На пр. сакм да живеам со моето семејство во куќа со голем салон, опкружен со прозорци кои даваат поглед на убав пејсаж, или ја работам мојата животна професија итн.
Буквално, вели Проктор, додека седите дома на фотеља во мислите почнете да одите низ салонот од примерот, шетајте се низ вашата идна куќа, дури, вели, дојдете до состојба да почнете да чувствувате работи по мирис кои се поврзани со вашата визуелизација (мирисајте ја собата, канцеларијата која се наоѓа во потсвеста).
Тоа е делотворниот начин на кој функционира Законот на атракција, за кој иако верувам дека пред неколку години, (скоро) никој од нас немаше поим дека нешто такво постои, макар и во мисловниот, нематеријален свет, постоел за оние кои "го пронашле" и на позитивен начин им го променил животот.
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
- Дали сметате дека законот е магнет за привлекување исти или слични луѓе со размислувања и вкусови на нашите?
- Дали со примена на законот можно е менување на таргет група на луѓе кои ги привлекуваме?
- Дали сметате дека личната среќа не зависи од тоа што ни се случува, туку од тоа како ги доживуваме и прифаќаме работите?

Сите индивидуи си живеат во свој единствен свет, реалност (филм во кој главна улога се тие, а сите останати споредна улога) со сопствени правила, начин на размислување, ставови итн. Кога две реалности (индивидуи) ке си ги презентираат своите светови (филмови) меѓусебно, големината на пресекот на истомисленоста определува дали тие индивидуи ќе се привлекуваат или пак не. Инстиктот на човекот му диктира да сите дразби кои не се поклопуваат или му штетат во неговата реалност брзо да ги елиминира (тргне) од својот живот, барем за тие за кои може да ѓи тргне. Соодветно ке останат само светови кои се истомисленици или слични односно светови кои се привлекуваат меѓусебно.

Среќата е една од малкуте реални работи кон кои човекот треба да се стреми, единствена разлика е тоа што секои си ја толкува и разбира на свој начин. На пример: дете во африка ке биде среќен доколку добие лек за туберкулоза и еден топол оброк, просечен македонец-дипломиран студент си најде достојна работа, просечен евроопеец унапредување на раб., жена, деца, топол дом итн, богаташ поголема јахта, моќен човек поголема моќ итн. Идејата е што човек никогаш не се задоволува и не ужива (барем повеќето) со тоа што го има, туку апсурдна човечка вистина е дека никогаш не ѓи цениме работите, ситуациите, луѓето што не опкружуваат се додека не ги изгубиме. Затоa глупо е да глумиме "калимеро", кога таа калимеро ситуација за во иднина ќе ни биде мерило за нашата среќа и успех. Интересно е тоа што повеќето болно-терминалните случаеви живеат краток но далеку по-полноценет и исполнет живот отколку повеќето здрави луѓе мислејќи дека се безсмртни.
Затоа одговорот на третото прашење ми е дека среќата зависи од гледната точка на индивидуата, а не од влијанието на околината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Hexasto

Mи даде совршен одговор на тема "Дали нашата среќа зависи од нас сами или од луѓето кои не опкружуваат?". Ако низ форум најдеш таква или слична, вториот дел од твоето мислење ископирај го и пастирај таму.

Понатаму
Болдираното е одговор за прашањето дали законот за привлекување постои и функционира.
Твојот одговор е дека постои и дека функционира, со што и јас се слагам.
Што мислиш кога ќе се промени наша перцепција за околина, вкус или различно направен избор од претходниот дали автоматски се пронаоѓаме со други луѓе и менуваме начин на живот и начин на комуникација?

Последно
Лична среќа - Онаа која ја создаваме сами, без туѓ гест, збор или дело.
Ако денес не се случи позитивна работа или цела оваа недела дали и понатаму ќе тврдиш дека си среќен/а?
 
Ќе го цитирам великиот др. Хаус како одговор на првото ти прашање "It's one of the great tragedies of life — something always changes";). "Дали автоматски се пронаоѓаме со друѓи луѓе?"-мислам дека веќе одговорив на тоа, "дали менуваме начин на живот?"- логично е дека би требало, но за нажалост ретко или не, "начин на комуникација?"- се разбира дека да, во спротивно не би имало писатели, политичари, новинари итн.

Ако денес не се случи позитивна работа или цела оваа недела дали и понатаму ќе тврдиш дека си среќен/а?[/quote напиша:
Кога животот ќе ти донесе лимони, направи лимонада, но жалната вистина е дека скоро секогаш се жалиме на ќиселоста на лимоните;).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Ќе го цитирам великиот др. Хаус како одговор на првото ти прашање "It's one of the great tragedies of life — something always changes";). "Дали автоматски се пронаоѓаме со друѓи луѓе?"-мислам дека веќе одговорив на тоа, "дали менуваме начин на живот?"- логично е дека би требало, но за нажалост ретко или не, "начин на комуникација?"- се разбира дека да, во спротивно не би имало писатели, политичари, новинари итн.
Полека малце. Што има врска сето горе наведено со Законот на атракција?
Прво во Законот се збори за пренесување на позитивни мисли за да позитивни работи се случуваат (најпластично објаснето), а не за тоа дали дете у Африка ќе биде среќно. Темата не е за креирање на сопствената среќа и дали некој влијае на неа, туку баш за атракцијата (привлекувањето на мислите на луѓето).
И да, овде не ти требаат цитати од Др. Хаус од кој очигледно си импресиониран, пошто скоро си почнал да ја глеаш серијата (и јас бев таков пред две години коа ја почнав), туку емисии кои ги имам спомнато во мојот прв пост од темава.
Изгледај ги, едуцирај се за темава и после можеме да дискутираме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Полека малце. Што има врска сето горе наведено со Законот на атракција?
Прво во Законот се збори за пренесување на позитивни мисли за да позитивни работи се случуваат (најпластично објаснето), а не за тоа дали дете у Африка ќе биде среќно. Темата не е за креирање на сопствената среќа и дали некој влијае на неа, туку баш за атракцијата (привлекувањето на мислите на луѓето).
И да, овде не ти требаат цитати од Др. Хаус од кој очигледно си импресиониран, пошто скоро си почнал да ја глеаш серијата (и јас бев таков пред две години коа ја почнав), туку емисии кои ги имам спомнато во мојот прв пост од темава.
Изгледај ги, едуцирај се за темава и после можеме да дискутираме.

Нема ама апсолутно ништо, но јас не коментирам(во тој коментар) за темата туку го коментирам коментарот на мојот коментар. :)
А ако не се лажам темата е во врска со еден документарец што го гледав неодамна "Secret". А јас се потрудив во мојот прв коментар да дадам друга перспектива на темава. Перспектива оформена преку евулуцијата, математиката и логиката и пред се одговор на поставените прашања.