Заборавам да...

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Што најчесто заборавате да направите? Небитно дали е секојдневно или општо во животов...

Јас заборавам да заклучам по дома, понекогаш заборавам да измијам лице пред легнување и во последно време заборавам со кој се имам договорено за на кафе па се оди во аларми :D
А општо во животов заборавам да ги ценам малите работи иако си мислам дека се имам малце корегирано на таа тема :zelen
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Во принцип многу памтам и ретко кога заборавам некоја работа...
Ама долго време си имав проблем со тоа што заборавав да гасам светла..значи во која соба и да отидам јас палам светло и оставам :giggle
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Секогаш заборавам дали сум ја исклучила пеглата дома. И секогаш е исклучена.
И предмети заборавам каде сум оставила. Го оставам некаде за полесно да го најдам, па кога ќе притреба никаде го нема.