Заблудата околу протеините

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Се согласувам дека секое тело си е приказна за себе, затоа погоре пишува ОКОЛУ 30г. дневно, но границата е тука некаде.
Животинските протеини не се полезни за нашиот организам. Протеините од кравјото млеко на пример, се најчест причинител на алергии, астма, бронхитис, воспаление на увото. Погледнете само колку деца секојдневно ги посетуваат болниците поради овие болести. Моите деца не јадат животинска храна и не се разболуваат. Мојот постар син како мал имаше пневмонија која со месеци не можевме да ја излечиме. Тогаш почнав да истражувам и престанав да му давам млеко и млечни производи. Болеста се повлече во рок од седум дена, без притоа да му давам лекарства и суплементи. Помалото нема пиено животинско млеко и никогаш нема ниту настинато. Истото ова ми го потврдиле многу мајки кои не ги хранат децата со животинско млеко, мојот случај не е единствен. Од друга страна имате деца кои константно патат од овие болести, но ако разговараш со нивните родители ке дознаеш дека литро млеко пијат на ден.
Во секој случај ова не е тешко да се провери. Доволно е да не консумирате животинска храна (млеко, месо и јајца) само 21 ден и ке ги почувствувате предностите.

Вие сте во големи заблуди, наспроти твојата теорија која ја имаш само. Во практика Моето тело дневно го хранам со 100-140 грама протеини, и тој ги искористува за хранење на сите, ткива, клетки, органи, влакна, мускули!
Протеините не се исфрлаат от организмот! Во најголеми случај секогаш има недостаток на протеини, ако се внесат повеќе от потребите на едно тело, се претвараат во јаглехидрати!
Како го оптоварувам организмот?! Кога организмот е машина кој треба да работи и функционира и го храниме цело време со протеини, хидрати, масти, витамини, минерали за да имаме доволно енергија!

Имаш премногу информации во глава, но многу ги мешаш работите. Се што читаш на интернет не е точно!
Човековиот организам енергијата ја добива на следниот начин
-30% ја добива од сонцето
-30% ја добива од водата
-30% од воздухот
-5% од земјата
-5% од храната
Правиме голема грешка што организмот го преоптеретуваме со храна. Ние не се храниме од количината на материјата од која се храниме, туку од хранливите состојки кои таа ги содржи.
Чувцтвото на глад во желудникот не е никакво мерило бидејки на сите ни е познато деа желудникот се шири и дека секогаш бара количество на материја за да се исполни, а потоа истата таа материја се исфрла.
Храната исто така создава зависнот. Голем доказ е за тоа потребата за грицкање чипсови и сл. продукти кои немаат никаква нутритивна вредност, а организмот ги посакува. Зошто?
Зголемената потреба за храна исто така има поврзаност и со менталната состојба. Обично жените во пред менструалниот период јадат многу повеке или после прекинување на врска, но во тие моменти организмот посакува храна без никаква хранлива вреднот.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф and Holla

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
33
Western Sky, Land of Oz.
Човековиот организам енергијата ја добива на следниот начин
-30% ја добива од сонцето
-30% ја добива од водата
-30% од воздухот
-5% од земјата
-5% од храната

Како би ја дефинирале неухранетоста како појава? Зошто тогаш би постоела глад и прегладнетост која се надоместува исклучително со внесување на храна ако според големината на гореспоменатото енергетско потекло (над 90%) најлесно би се надополнила од останатите енергетски извори?
 
Последна промена:

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Како би ја дефинирале неухранетоста како појава? Зошто тогаш би постоела глад и прегладнетост која се надоместува исклучително со внесување на храна ако според големината на гореспоменатото енергетско потекло (над 90%) најлесно би се надополнила од останатите енергетски извори?
Еден енергетски извор не е замена за друг, како што храната не може да биде замена за воздух така не може и воздухот да биде замена за храна.
Ете пробај колку брзо ке умреш ако не дишеш, или не пиеш вода. Највеќе во живот можеш да опстанеш со одсуство на храната одколку било кој друг извор на енг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф and malo

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
33
Western Sky, Land of Oz.
Еден енергетски извор не е замена за друг, како што храната не може да биде замена за воздух така не може и воздухот да биде замена за храна.
Ете пробај колку брзо ке умреш ако не дишеш, или не пиеш вода. Највеќе во живот можеш да опстанеш со одсуство на храната одколку било кој друг извор на енг.
Прашањето ми беше во контекст со неухранетоста и чувството на глад, не за енергетнска конверзија.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Се согласувам дека секое тело си е приказна за себе, затоа погоре пишува ОКОЛУ 30г. дневно, но границата е тука некаде.
Животинските протеини не се полезни за нашиот организам. Протеините од кравјото млеко на пример, се најчест причинител на алергии, астма, бронхитис, воспаление на увото. Погледнете само колку деца секојдневно ги посетуваат болниците поради овие болести. Моите деца не јадат животинска храна и не се разболуваат. Мојот постар син како мал имаше пневмонија која со месеци не можевме да ја излечиме. Тогаш почнав да истражувам и престанав да му давам млеко и млечни производи. Болеста се повлече во рок од седум дена, без притоа да му давам лекарства и суплементи. Помалото нема пиено животинско млеко и никогаш нема ниту настинато. Истото ова ми го потврдиле многу мајки кои не ги хранат децата со животинско млеко, мојот случај не е единствен. Од друга страна имате деца кои константно патат од овие болести, но ако разговараш со нивните родители ке дознаеш дека литро млеко пијат на ден.
Во секој случај ова не е тешко да се провери. Доволно е да не консумирате животинска храна (млеко, месо и јајца) само 21 ден и ке ги почувствувате предностите.

Граница од 30 грама дневен протеин ако збориме за деца така?
Протеините од кравјето млеко не ни ги сметаме, млекото ти е масти и ако содржи барем млеко (денешниве млека се 80% вода) има калциум во него. Се што е во големи количини е штетно, но мене една чаша 250 мл не ми менува ништо, од оризово млеко на Виталија.
Децата ги посетуваат болниците зошто јадат, салами, маргарин, паштети, грицки, пржени компири, кифлички и тн...

Човековиот организам енергијата ја добива на следниот начин
-30% ја добива од сонцето
-30% ја добива од водата
-30% од воздухот
-5% од земјата
-5% од храната
Правиме голема грешка што организмот го преоптеретуваме со храна. Ние не се храниме од количината на материјата од која се храниме, туку од хранливите состојки кои таа ги содржи.
Чувцтвото на глад во желудникот не е никакво мерило бидејки на сите ни е познато деа желудникот се шири и дека секогаш бара количество на материја за да се исполни, а потоа истата таа материја се исфрла.
Храната исто така создава зависнот. Голем доказ е за тоа потребата за грицкање чипсови и сл. продукти кои немаат никаква нутритивна вредност, а организмот ги посакува. Зошто?
Зголемената потреба за храна исто така има поврзаност и со менталната состојба. Обично жените во пред менструалниот период јадат многу повеке или после прекинување на врска, но во тие моменти организмот посакува храна без никаква хранлива вреднот.

Се сложувам дека поголемата маса на луѓе јадат премногу количински и како што рековте не богата со хранливи нутритивни вредности, подобри да се изеде 500 грама грашок или леќа не е исто со 500 грама леб или ајвар.
Чипсовите, грицките телото ги посакува кај луѓето кои не појадуваат и немат внесено доволно протеини, хидрати и здрави масти со кои ќе го нахранат мозокот, ако ги немаме внесено дневните количини мозокот алармира дека му требаат масти и не тера да јадеме „џанк фуд„ за да си складира мастно ткиво во телото, во случај ако не внесеме тој да може да си црпи од резервите.
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Како би ја дефинирале неухранетоста како појава? Зошто тогаш би постоела глад и прегладнетост која се надоместува исклучително со внесување на храна ако според големината на гореспоменатото енергетско потекло (над 90%) најлесно би се надополнила од останатите енергетски извори?
Тоа што го рече Holla е точно. Еден извор не заменува друг. Неухранетоста се појавува кога тие 5% не се задоволени, односно, кога не се земаат оние хранливи на телото кои му се неоходни. Како што спомнав погоре, количината на храната нема никаква важност доколку во неа не содржи хранливи материи.

Граница од 30 грама дневен протеин ако збориме за деца така?
Протеините од кравјето млеко не ни ги сметаме, млекото ти е масти и ако содржи барем млеко (денешниве млека се 80% вода) има калциум во него. Се што е во големи количини е штетно, но мене една чаша 250 мл не ми менува ништо, од оризово млеко на Виталија.
Децата ги посетуваат болниците зошто јадат, салами, маргарин, паштети, грицки, пржени компири, кифлички и тн...

Се сложувам дека поголемата маса на луѓе јадат премногу количински и како што рековте не богата со хранливи нутритивни вредности, подобри да се изеде 500 грама грашок или леќа не е исто со 500 грама леб или ајвар.
Чипсовите, грицките телото ги посакува кај луѓето кои не појадуваат и немат внесено доволно протеини, хидрати и здрави масти со кои ќе го нахранат мозокот, ако ги немаме внесено дневните количини мозокот алармира дека му требаат масти и не тера да јадеме „џанк фуд„ за да си складира мастно ткиво во телото, во случај ако не внесеме тој да може да си црпи од резервите.
Денешниве млека искрено не сакам ни да ги коментирам. Во тие тетра пакувања има се освен млеко. Кравите од кои се молзи млекото воопшто не се излезени на сонце и свеж воздух. Не се хранат со свежа трева туку со продукти од соја и други житарици кои се генетски модифицирани. Покрај тоа се хранат со хормони кои потоа се излачуваат во млекото. Поради начинот на кој се третирани заболуваат од многу тешки болести. Млекото се молзи со машини кои сериозно го оштетуваат вимето на кравата и поради тоа во млекото има крв и гној. Замислете, со закон е дозволено да има крв и гној во млекото, бидејки нема можност таа појава да се спречи доколку кравата се молзи со машина, што не е случај кога се молзи со рака. Кравите се молзат постојано, често се исцрпени колабираат. Постојано се под стрес и лачат хормони кои се негативни за нивното и нашето здравје, а истите се излачуваат во тоа млеко. Подоцна во млекото се додаваат антибиотици, истото се хомогенизера, пастеризира и стерилизира. Со тоа се уништуваат хранливите состојки и корисните бактерии кои ги содржи свежото, термички необработено млеко. Во млекото се додаваат консерванси и вештачки ароми.
Јас како мала имав можност да пијам свежо млеко од коза и крава и знам каков вкус има вистинското млеко наспроти млекото од маркетите.
Млекото кое е од добро чувани домашни животни е далеку подобра опција, но како што напоменав погоре тоа е дизајнирано за правилен раст и развој на едно теле, јаре итн., а не за човек. Човекот си има свое млеко кое е наменето исклучиво за него. При термичка обработка се уништуваат ензимите во млекото, а човековиот организам после третата година полека ги губи ензимите кои го варат млекото. Кај некои луѓе се случува порано, кај некои подоцна, да ја изгубат способноста на разградување на млекото, тоа е познато под името лактоинтолеранција. Кога млекото е термички обработено содржи глутен кој што е многу штетен посебно за малите деца. Глутенот е лепак, самото име го кажува тоа. Кога во организмот внесуваме глутен, тој се лепи за организмот заедно со сите други штетни материи кои ги внесуваме и придонесува за создавање на секрет во респираторните органи. Поради тоа добиваме астма, бронхитис, синуси, воспаление на увото, гнојни ангини, проблеми со крајници итн.
Домашното млеко е далеку подобра опција од она кое го има во маркетите, но сепак не е здрава храна.

@Trajche Мислам дека оризовото млеко не содржи млеко од животинско потекло, тоа е растително млеко и е сосема здраво. Јас дома често го подотвувам во домашни услови, како и млеко разни други семки и јаткасти плодови.

Точно е дека децата ги посетуваат болниците од повеке причини, се разбира дека млекото не е единствениот причинител за тие болести, но ете, јас лично имав ситуација каде што после исфрлањето на млекото и млечните производи ситуацијата се промени.

Луѓето посегнуваат по лоша храна бидејки во таа храна има вештачки ароми кои што побудуваат голем нагон за консумирање на истата. Еве јас ке ти кажам од лично искуство. Кога престанав да јадам чипсови, колачи, производи од преработено месо и млеко, леб и сл. некое време чувствував главоболки, слабост, нервоза и поспаност. На почетокот мислев дека ми недостасува нешто од состојките кои тие продукти ги содржат (тоа беше одамна и не се разбирав од овие работи), но крвната слика ми беше одлична. Бидејки бев пушач и од тоа искуство знам дека и во периодите кога се одкажував од цигари ги чувствував истите симптоми, а во цигарите нема ништо позитивно што би ми недостасувало. Значи се работело за зависнот и мали кризи предизвикани од наглото престанување од причинителот на зависноста.
Сега се хранам здраво. Веке неколку години не јадам месо, млеко и производи од месо и млеко, а веке неколку месеци не консумирам јајца, риба, леб и сл. Истите симптоми ги имав и кога се одкажував од сите тие продукти, посебно ми беше тешко со лебот.
Што сакам да кажам. Сега кога покрај здравата исхрана чувствувам глад или недостаток на некои хранливи материи не чувствувам слабост, вртоглавица, главоболка и сл. туку зголемен апетит за одредени производи кои ги содржат тие материи, а не чувствувам ниту голем недостаток на енергија во тие моменти, бидејки телото знае дека кога треба да се нахрани мора да има сила да дојде до таа храна, да ја набави, подготви, внесе и да ја разгради.
Тоа е разликата во вистинското чувство на глад и лажното чувство кое е предизвикано од зависноста која ја создава храната.
Овошјето и зеленчукот не создаваат зависнот за разлика од животинската храна и затоа лугето се во заблуда.
Еве и друг пример за тоа. Кога животните се гладни тие не легаат, не офкаат, не им е мачно, не се онеспособени... напротив. Тие тогаш ловат, поминуваат километри по потрага за храна итн.

Ако добро ја познаваме храната која ја јадеме и ако добро знаеме што ни е потребно, тогаш можеме во една чаша да направиме целосен оброк кој ке ни обезбеди доволно хранливи состојки, а притоа да не го оптеретуваме организмот со варење на тешко сварлива или несварлива храна.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Читајќи ова сѐ прво шо ми паѓа на памет е да прашам како воопшто преживуваат луѓето кои живеат на север, таму кај снеговите и мразевите, кај шо растителна храна е минимална или ја нема, оти и енергијата од сонцето е минимална?

http://www.theiflife.com/the-inuit-paradox-high-fat-lower-heart-disease-and-cancer/
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Читајќи ова сѐ прво шо ми паѓа на памет е да прашам како воопшто преживуваат луѓето кои живеат на север, таму кај снеговите и мразевите, кај шо растителна храна е минимална или ја нема, оти и енергијата од сонцето е минимална?

http://www.theiflife.com/the-inuit-paradox-high-fat-lower-heart-disease-and-cancer/
Затоа животниот век на ескимите во просек трае околу 40 год. Само мал процент од нив успеваат да достигнат до 60 год. и е помал од процентот на оние кои умираат под 40год.
Има и друга страна. На таа ниска температура не се развиваат бактерии и габички како кај нас. Со таков начин на исхрана, исклучиво со храна од животинско потекло, тука на оваа температура човек несомнено ке развие безброј болести.
Како што имам и предходно споменето, бактериите не го напаѓаат организмот доколку тој е алкален (базен), бактериите се хранат и размножуваат во кисела средина. Животинската храна и термички обработената храна го закиселуваат организмот, а посебно храната која е полна со конзерванси.
Има и трета страна. На тие подрачја многу често храната се консумира свежа и жива, не се обработува термички, што е една голема предност.На тој начин организмот ги внесува хранливите материи кои му се потребни без да бидат уништени при термичка обработка. Ако тука се осмелиме да јадеме живо месо, најверојатно ке завршиме со некоја тешка болест предизвикана од бактерии, таму поради ниските температури бактерии речиси и да нема.
Има и четврта страна. Таму не консумираат конзервирана храна, храна со вештачки бои и ароми, со адитиви и сл. Не дишат загаден воздух и не патат од хроничен стрес како што патиме сите ние овде поради општеството во кое живееме итн.

Тие луѓе не заболуваат од болести, но и не живеат долго.
 
Во ред сето тоа, но сепак, тоа повеќе зборува за неправилниот начин на подготвување и конзумирање на храната од животинско потекло како и за другите негативните аспекти на модерниов начин на живот, а не за тоа дека човечкиот организам не е создаден за храна од животинско потекло и дека протеините се штетни. Оти кога би бил човечкиот организам создаден само за храна од растително потекло, тогаш онаму каде што има снегови и мразеви човекот не би можел да живее ни два дена, не па 40 - 60 години.
 
Човекотможе да живее само на месо, но многу малку и со нарушено здравје, додека лугето кои се хранат исклучиво со храна од растително потекло живеат долго и во добро здравје. Тоа е разликата, а таа не е мала. Доколку човековиот организам е дизајниран за храна од животинско потекло, тогаш не би се разболувал кога ја јаде таа храна. Бидејки сега е доцна, во текот на следниве денови ке постирам еден линк (ке ми треба време да го најдам)за да ти го потврдам следново. Таму се рскажува за првиот човек кој дожол до идеа дека храната може да биде причинител за болестите на човекот. Таа идеа во тоа време воопшто не била прифатена, како што некогаш не била прифатена идеата дека земјата е тркалезна. Бидејки работел во месарница додека студирал медицина, ликот за кој зборувам (не му го памтам името) од некоја си причина мислел дека на човековиот организам не му е потребно ништо друго освен месо. Започнал специјален режим за исхрана исклучиво со месо. Секој ден водел дневник и опишувал како реагира неговото тело. За неколку месеци почнал да се чувствува многу лошо, па во својата исхрана вовел шекери. Кога состојбата дополнително му се влошила се двоумел дали во исхраната да водеде млечни производи или овошје. За жал ги одбрал млечните производи. На тој начин живеел помалку од две години. Бил многу млад, некаде на 22-23 годишна возраст...
Било кое друго живо суштество, не само човекот, може да живее некое време на погрешна исхрана. Во храната за кучиња и мачки која се продава денес има повеке растителни состојки одколку месо, всушност има само малку животински масти и арома на месо, остатокот е ориз, скроб, продукти од соја, друг зеленчук, конзерванси итн. Затоа нашите миленичиња често патат од проливи, проблеми со видот и бубрезите, тумори, паразити и сл. Додека дивите животни го немаат овој проблем. Во дивината болните животни обично се раѓаат како такви, со некаква аномалија или умираат од поинакви причини.