ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОЧИТАЈ

Статус
Затворена за нови мислења.

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
1. Во подфорумот Туризам и Патување секој член има слобода да коментира и создава нови теми за дискусија.
  • За коменитрање на одредена тема задолжително користете кирилица.
  • Коментарите што ќе бидат напишани на латиница ќе бидат избришани.
  • Бидете учтиви кон останатите членови.
  • Веројатно нема да имате исти мислења со останатите членови, па не се препукувајте, не провоцирајте и не се однесувајте агресивно кон нив, мислењата со такво однесување ќе бидат отстранети.
  • Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави“. Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците.
  • Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл.
  • Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“!
  • Не испраќајте смајлиња без текст.
  • Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „измени“.
  • Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови;
2. Создавање на тема
  • Не отворајте дупли теми. Пред да отворите одредена тема, пребарајте дали веќе има таква.
  • Насловот на темата треба да е соодветен и да ја опишува содржината. Не се дозволуваат наслови како: „Помош!“, „Итно е!“,„Голееем проблем“, „Help...“ и сл.
  • Темата да поттикнува дискусија.
  • Не прашувајте во темите зошто ви било избришано одредено мислење, заклучена одредена тема и сл. Најверојатно не сте ги почитувале правилата.
  • Доколку бришете сопствено мислење, образложете причина зошто го бришите.
  • Доколку забележете одредени неправилности, пријавете го мислењето образложувајќи причина или обратете се кај мене преку порака.
 
  • Like
Реакции: Prashina and Smiley_1996
Статус
Затворена за нови мислења.