Живот без факултет | Црнобело Форум

Живот без факултет

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Реков ќе се навратам пак во темата, да се докажам.

Прво наведов неколку примери од мои блиски, а сега ќе си кажам за мене.
Прехдоната година завршив средно, со се матура некаде Јули мислам дека ја земав дипломата...Август месец јас почнав хонорарно да заработувам 200 евра, што за мене тогаш беа одлично, а дипломата од средно си немаше никаква врска со работата. Цела година се движев тука некаде со тие 200 евра, не се запишав факултет, но како заработуваав така ги инвестирав парите во книги, а со тоа и со полагање на испити за добивање на сертификати. Втората година ми остана хонорарната работа, но сега имам и основна работа, за која исто така не ми е потребно ни факултет ни дипломата од средно зимам значи плата од 300 евра, што значи моите месечни приходи се качиа на 500 евра, што за мене на овие години е супер за самостоен живот, но не и за во иднина кога ќе имаш фамилија. И оваа година не се запишав факултет 2 години значи сум „дома„, но догодина се спремам за во странство за факултет, тука ја нема професијата која што сакам да ја работам па во странтво ќе ги инвестирам заработените пари... живи и здрави. А дека од кога ќе завршиш фкаултет и не треба да чекаш да те викнат од дома со тоа се сложувам, треба да си бараш нормално, јас секогаш викам нај на крај не е само Македонија! И уште нешто на кое секогаш ми е во главата, инвестирај во себе до дека си млад.

Едит: И се ми викат некои мои блиски, толку пари месечно не зима Доктор на науки, ете ви го мојот живот без фкаултет.
Трајко, не ти требаат никакви плус пари за издржување фамилија, всушност тоа е многу лесно и ефтино. Секако доколу сакаш full опремена куќа, со коли, телевизори, компјутери, облека во сире шифоњери итн. ке ти требаат повеќе пари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Животов па после факултет ама се менува, боооо.
На врата те чекаат веднаш со златна лента, медаља за животно достигнување, цвече од рајска градина и понуда за почетна плата по струка од 1374 евра.
Знам само дека имам фрлено многу повеќе пари отколку што би заработила од некои 2-3 години работа по струка. Луѓе си поднаучија курсеви и си земаат пак нешто посолидно од смешен минималец.
Познаничка со економски си стана графички дизајнер. Не зема којзнае колку многу, ама бар ја изразува креативноста и не виси на шалтер да се расправа со секакви за стотина евра помалку од тоа што зема сега.
Битен е талентот, упорноста, кликерот за снаоѓање и малку среќа.
Факултет, посебно па овде, повеќе стана смешка отколку доказ за ум и некакво постигнување.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,361
3,053
1,133
Nekogash mnogu podobro chovek ke pomine bez fakultet otkolku so fakultet, ako e rabotliv.
Ke dadam primer za dva poznanika od maalo na ista vozrast.
Devojkata bese prvenec I zavrshi medicina I raboti po fakultetot.I trebaa nad 10 godini shkoluvanje, ucenje pa pokasno oformi semejstvo.
Dechkoto e moler od 18 godini, rabotese na primorje, brodovi, vo okolnite drzavi.Se ozeni na 25. Od togash raboti vo Mk so negova tajfa moleri I dr.zanaetchiski raboti.Si spechali plac si izgradi dve kukji, vikendica , koli. Decata golemi I samostalni.
Taka vo zivotot toj so svoj trud I bez faks poubavo pominuva od taa koja zivee so 500 evra, zivee vo stance od nejzinite I gleda edno dete koe e vo pubertet I 10 godini pomalo od negovite.
Faksot e samo nova moda I socijalistichko razmisluvanje za podobar zivot.