Животот на 4 личности вклопен во 1 пишана личност!

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Здраво,
Јас сум Стојанче Сењачкоски од село Единаково.
Иначе да се пофалам пијачкава ми оди ко воздухон шо го дишам, јебига
нема работа , не сум женет , нема ништо што да се занимаваш и одам еднаш
во селската продавница , таму сите закачени .. Сасана,Чота,Нинџата,Црногорски
и уште неколку пијаници т.е јас си ги викам Алкомафија.
И така седнав до нив ме понудија пијачка ова она , до душа не пијав не
пушев до тогаш, али ај за атер од Алкобандава се напив едно пиво, богај
душа одвај го испив то пиво, после почна сасана да ме моли да се напијам
уште едно оти не сум бил со еднанога дојден , ај се напив уште едно, ама
то второто некако полезет го испив , после запна Црногорски да го честам
едно пиво и ај реков и јас уште едно ке си земам и ке му дам едно и него,
али третово да ви кажам искрено не ни го сетив дека го испив, и така едно
по едно, кизнај колку се напраја.
Другиот ден пак истата приказна , наредниот ден пак истата приказна, Да
се живи здрави Татета и Мамета со пензиите , ако не се тие не знам што ке
правам без пари ?!
Али то мамета многу чурук табиет има , знајш му барам 300 денари за излегување
колку да имам за по некое пиво и за една пакета цигари , али таја кизнај
шо ѓаол му влезе никако бе неќит да дајт , дур не почнам да кршам да тепам
не дава , после налет што ке ги дај па и ги колни , аир да не видиш ,
то шо ке го испијаш со нив отров да ти се сторит , болничката на носилки
дома да те донесит , татета велит абе синко полицијана со колана
те имат дојсено дома , шумарине те нашле начукан вшума те дојсле и тие
со колата , ко си бил на гробишта на одпевачка си се начукал таму си заспал
и од то свеките се запалила тревата па пожарникарите те нашле и те донесоја
со пожарната дома , еднаш синко и со мртоечката си дојсен дома , си се
опијанил во Битола ти избегало комбето и си чекал кола и за среќа поминала
мртоечката иначе не знам шо ке прам до сабајле , и така јас се изнервирав
на муабетиве , ко ја мавнав то вратата со се каса излезе.
И така пијавме со Алкомафијата и наеднаш ми се слоши паднав во несвес,не
од пиењето , туку луѓе сме нели се случува и ете и со болничка дома ме
донесоја.
Сабајлето ко се разбудив реков појќе не пијам ! али пусто јуначко срце
не можи да издржи, то Нинџата тука одма до мојата куќа живејт , и се имаја
собрано кај него Алкобандата , го знајт случајов со мене то Нинџата , што
да прави што да чини , зеде една кригла ја наполна , и ја врза со врвка
ми ја пушти од пенџере !! абе ко велам јас дека е чоекот многу паметен
никој не ми верува , и така една по една пак се начукав , и пак истите
приказни дома.
После решив да барам работа и барав , барав , барав најдов една во пекара
ѓо леб да прам ни леб ке се види , па ни ќе јадат луѓето.
Влегов се вработив 1 смена се си беше за мерак али што му текна
на то газдата 2 смена да ме клајт и јас не знам ццц, и то убо му реков,
газда дај остај ме 1 смена убо ми одит работата после од ко бегам од на
работа имам време за пиење , тој не и не.
Ај другиот ден знајш навикнат во 06.00 да станувам , и што да правам,
ај реков ке се напијам една од сабајле па уште една и кога еве го батево
Нинџава ме виде му кажав дека сум 2 смена , ај рече дој до кај мене
ке прам молерај да ми помогниш , ај појдов и почнавме една по една ..
ни молерај се виде ни ништо за 2-3 сати почнавме да си ја пејме онаја
од златко пејакович ,,Свако мисли да је мени лако‘‘ не оти ја испејвме
убо-пијана работа , после ја одкачивме зошто си ме мајко родила и еве ја
мамета звонит на то телефонот дека требало на работа да одам, јас одма
испаничив сиот испомочан , растрбушен сиот лом напраен .. тргнав на работа
то многу нагоре улицата па 3 чекори напред 10 назат, ај стигнав некако до
таму па ко ме виде газдата , косата му се крена уште склоци шо не ми мавна
ме фати за партали и ме избрка од работа , арно му велев да ме остај 1 смена
тој 2 ме кладе.
Ко појдов дома , то мамета чурукот почна да се дери ти физички неспособен,
психички неспособен и нај јакото сексуално неспособен , луѓе многу
навреди за 1 моментм, и знајте напијан , нанервиран и што велат
стари шо на ум то на друм , и фатив ги испотепав, и вкомши заминав на
пијачка па то комшивката почна да ми соли памет , фати то мажотје
и тој напијен баги ја испотепа кутрата од тогаш секој ден дома
ќотек јади.
И така ми дојде една идеа да се женам , му спомнувам на комшијава, тој
рече одма ке свршиме работа , дај собери 3-4 илјади евра ке појме ке
видиме.
Гледај за среќа то парите од тутунот шо го работеа мамета и татета уште
стоеа на банка , појдов дома се испотепав пак ја грабнав картичката појдовме
Битола , цели истрбушени пола сат заглавивме на банкомат дур ги извадовме
парите , то банкоматот чудо од машина само некако изместен беше , се
дупло се гледаше , па згрешивме некоја бројка и влеговме во миус 1500 евра,
ајде де се случува луѓе сме.
Заминавме со парите во Скопје , ѓо имал некој пријател шо ке ни свршел
работа со некоја албанка.
Појдовме после Албанија , али види баксуз уште не појдени во едно село
таму не застанаја не испотепаја ни ги зедоја парите и заминаја.
Ај со 30000 маќи се вративме назат.
Па то мамета и татета избезумени имале пијавено во полиција , кизнај
шо кажале таму таман на идење онде кај Плетвар го застана полицијава
автобусов , не кладоја вкола не однесоја Демир Хисар во полиција , комшијава
го пуштија мене не ме пуштаја , по некој сат од полиција ме однесоја
во душевнана.
Богами 5 месеци лежев таму , па и то докторот пијаница ти бил и таму
локавме со него стално , шо ке прајш среќа ко алкохолов по мене да трчат.
Ме пуштија од болница , одам дома и пак истата приказна со нив , па фатија
то будалите ме избркаја од дома!
И еве ме сега , по паркој , по подруми , под мостој .. се матка некако
питам , се ваѓа некоја пара колку за пијачка.

Фала што го прочитавте! Иначе имам да ви пишам цел роман , али ај друг пат
ко ке најдам лист и пенкало , па да му го дам на то Петар да го извајт преку
то Компљутерот на тој Интернесот , велит дека на то компљутерот и интернесот
3000 чуда се праеле , ее кај појде светот !

Автор:Петар Ангелкоски - текстов е напишан од вистинити приказни за 4 личности
4 животи на 4 Крушевчани успеав да ги спојам во еден текст,
се надевам дека ви се допадна.