Еутаназија - убиство од милосрдие

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Поддржувам еутаназија, ама само под строги услови. Ако конкретно збориме за кај нас, прво тоа да се спроведува само во државна на пример и во ниедна друга болница во државата. Второ многу побитно: да постои стручен тим од лекари кои ќе може да докажат дека човекот врз кој треба да се изврши еутаназија е потполно психички стабилен и свесен за тоа што го бара. Значи да се врши исклучиво при здрава свест и по желба на пациентот и во ниеден друг случај. Пошто за својот живот секој сам одлучува (бар тие што се здрави а останатите што не се способни завршуваат во институции под надзор). Така да ако самиот пациенент боледува од некои тешки неизлечиви болести кои се повеќе и повеќе го претвараат во билка и самиот е свесен дека подобро никогаш нема да биде и ако е при здрав разум и го побара тоа зашто да не. Колку и да звучи сурово, подобро на безболен и брз начин самиот да стави крај на маката него да се мачи долги години. Кој живот е тоа кога нема никаква надеж за подобро утре, само вештачки се одржува во живот. Затоа тоа треба да е легално под многу строги правила. Реално кај нас никад нема да се деси бидејќи со Уставот правото на живот е загарантирано и неприкосновено право и е забрането да биде одземен на било кој начин под било која околност.
 
  • Like
Реакции: violetmoon

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Јас мислев дека кога ќе биде во прашање некој твој близок човек, нема толку лесно да сакаш да се одлучиш на таков чекор, што знам ваљда од емоционалната нишка која ќе те тера да се надеваш на подобро до последен момент...се до лани.
Лани имав смртен случај на многу блиска личност и искрено, кога ги гледав тие слики од последните денови на неговиот живот, посакав што побргу да умре и да не се мачи, зашто нит тој нит било кој околу него не е способен да поднесе таква болка.

Затоа да, подржувам во одредени услови.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Настрана етичко-моралните прашања, вакво нешто не е за овие поднебја каде царува корупција, лекарска некомпететност и мизерија. Би имало многу злоупотреби, правниот систем не ветува многу, дури и во земји како Белгија имало злоупотреби...

http://www.lifenews.com/2013/04/02/doctor-killed-300-patients-in-euthanasia-to-free-up-hospital-beds/

Познавајќи ги лицата кои се бават со медицина, прашање на време е кога ќе се појави нешто вакво...

Smith concluded the probable number of Shipman's victims between 1971 and 1998 was 250. In total, 459 people died while under his care, but it is uncertain how many of those were Shipman's victims, as he was often the only doctor to certify a death.
http://en.wikipedia.org/wiki/Harold_Shipman