Етничко-верски навреди

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Инспириран од мислењето на нашиот форумски модератор Алтајр во темата СДК се почувствував навреден од терминот, за кој очигледно не разбира што значи.
Во Куманово има повеќе србомани од македонци. И после зошто сме ги мразеле, ех.
Очигледно модераторот мислеше на масовната помош од македонскиот народ минатата година за Србија, БиХ и Хрватска. истите беа зафатени од катастрофални поплави.
Оваа година Македонија е зафатена од поплави (добар дел од нив предизвикани од самите граѓани, читај депонии во реките).
И истата наиде на слаб одзив од странство, како и дома.
Тоа според модераторот е србоманија. Кога србите ги помагаме, а ние не си помагаме.
Сега дефиниција за етничко-верскиот термин "србоман"
Србоман - човек од македонско / бугарско потекло кој себеси се смета за Србин и ја отфрла својата национална свест. Истата се користи и од Софија како термин за македонците кои го негираат своето "бугарско" потекло, кое Србите го бришат од македонците (читај бугарите од вардарска Македонија) од 1912 г. наваму.
Србофил - човек кој има нескриени симпатии кон српскиот народ, култура, јазик и слично. Но истиот ја чува својата национална свест.

Очигледно модераторот не знае дека кога Скопје беше разурнато од земјотресот, првата помошш дојде од Македонија, но и од остатокот на Југославија. Да не споменувам Врање, Лесковац, Ниш. Истите не беа наречени македономани, македонофили туку хумани луѓе. Во истата Југославија беа распишувани заеми за Скопје да се изгради.

Мислам дека доволно објаснав во случајов за Србоманијата. И притоа да не биди сфатено како навреда за горенаведениот
Други форми на етничко-верски навреди за македонско поднебје се:
  • Бугароман
    • Македонско гледиште: македонец кој има бугарска национална свест.
    • бугарско гледиште: човек кој не е бугарин, но има бугарска национална свест.
    • српско гледиште: србин од поморавието или јужна Србија (Македонија) кој има бугарска национална свест.
    • грчко гледиште: луѓе од регионот Македонија кои припаѓале на бугарската патријаршија.
  • Гркоман
    • македонско гледиште: македонец кој има грчка национална свест.
    • бугарско гледиште: бугарин од Егејска Македонија кој има грчка национална свест.
    • грчко гледиште: негрци кои имаат бугарска национална свест.
  • Македонист
    • бугарска гледна точка: бугарин кој ја отфрла бугарската национална свест. Слично на србоман. Се јавува после 1944 г. на територијата на СРМ.
    • македонска гледна точка: човек кој ја проучува македоностиката. Македонистиката е наука која ги проучува развојот, правописот и другите карактеристики на македонскиот јазик. Не се смета за навредлив збор.
  • Каур - муслимански термин за припадник на христијанството.
Други вакви навреди се:
  • Џери / Краут - навредлив збор за германците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and -•Lil Lamb•-

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што е целта на темава кажи ми?

Иначе, мојот коментар за србоманите во Куманово беше за друга работа и немаше никаква врска со поплавите. Тоа што не си помагаме самите себе а им помагаме на други кажува колку се сакаме меѓусебно како народ.

Сега за коментарот. Јас тоа го пишав после натпреварот Мзт - Партизан, во Скопје. Имаше дојдено навивачи на Партизан погоди од каде? Од Куманово. Да беа срби во ред, ама тоа беа Македонци кои пред натпревар си зборуваа македонски а внатре плукаа се што е македонско и магично станаа срби, за на крај да се избацат со играчите на Партизан. А и да, да не го заборавам огромниот транспарент во црнобела боја на кој пишува Куманово. Ете тоа беше целата работа околу коментарот мој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Што е целта на темава кажи ми?
Целта на секоја тема е да се поттикен дискусија и да се научи нешто од истата. Мислам дека ти како модератор треба да знаеш.

Тогаш јас сум англоман. Случајно да се погоди Челси да игра во Македонија, јас ќе бидам првиот со англиско знаме. Потоа, за секој 9-ти мај кај мене се вее македонско и руско знаме. Русофил сум. И да, ако ми се укаже шанса, би живеел и во Чеченија наместо овде.
71552_10151334815904614_8359273_n.jpg

И сликава горе е предавничка така? Поддржувам немакедонски клуб. Срам да ми е.

А тоа дали се сакаме меѓу себе како народ, тоа е друга приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: -•Lil Lamb•-

А дали доколку Челзи би играл против Победа (претпоставувам од Прилеп си) би ги навредувал сограѓаните со секакви зборови?
Мене тоа ми сметаше, затоа што тие дојдоа со таа цел, ако дојдеа да си го гледаат натпреварот тогаш нема проблем. Ама тие кај навредуваа и дури си имаа направено мангупите транспаренти, маички. Значи тие се сметаат за навивачка група, и доаѓаат од Македонски град да навиваат против Македонски клуб и да навредуваат Македонци.
 
А пример не те лути смрт за ******* или палење на знаме?
Да живее Чеченија и Рамзан Кадиров.
 
-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
31
Пред се многу ниско. Според мене е ова многу бедно, само еден неизживеан човек може да вреѓа врз верска и национална основа.
Човек кој никогаш во неговиот живот не спознал другарчиња од некоја друга вера,без разлика,националност и слично. Не го спознал светот, умните луѓе, интелигентни и прошетани, во нивниот вокабулар ги немаат зборовите, речениците на Алтер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А пример не те лути смрт за ******* или палење на знаме?
Да живее Чеченија и Рамзан Кадиров.
Зошто тоа да ме лути?

Пред се многу ниско. Според мене е ова многу бедно, само еден неизживеан човек може да вреѓа врз верска и национална основа.
Човек кој никогаш во неговиот живот не спознал другарчиња од некоја друга вера,без разлика,националност и слично. Не го спознал светот, умните луѓе, интелигентни и прошетани, во нивниот вокабулар ги немаат зборовите, речениците на Алтер.
Така е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: -•Lil Lamb•-

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Хунзи, четници, татари, качаци, усташи, цинцари, балии, гејци и остали :zelen

Ле Бош а.к.а (буба)Шваба е тој израз за германци.
На еден документарец имаше некои пропагандни плакати мислам дека за првиот рат беа и на еден француски плакат насликано бебе како излетува од јајце (се испилува) :rofl со пушка со наденат бајонет и нешто напишано туе ле бош (убиј го швабата) (party)
Друг симпатичен назив за германци е Хуни (The Hun) измислен од британците. И јас ги викам хуни.

Интересна тема е оваа, задира во колективниот идентитет на рајата, секуларен и верски а таму има само емоции, и тоа од оние грозните. Рационалност не барајте и не очекувајте бидејќи ја нема, нациите се вештачки арбитрарни конструкти а во голема мера и етникумите. За религиозните припадности не вреди ни да се троши зборови од тој аспект.

Појавата на симпатии па дури и идентификација со нација во која не се `родил` поединецот веројатно е поради тоа што се чуствува инфериорно како припадник на истата... и си мисли дека со афилијација кон друга нација ќе му биде подобро. Особено ако се работи за поголема нација, како што е случајот со русофилијата или американофилијата.
Зошто инфериорно? Па ете да земеме маќедонче, србинче или бугарче, сите тие гледаат дека нивната нација е безначајна на светската сцена, слаб стандард, слаб живот, нема нешто значајно во поглед на уметност или наука и евентуално ако се издешава некој инцидентет спортски успех, тек тогаш би се осетиле како дел од нешто `значајно`, ларџер ден лајф ти реков ми рече. Повторно ќе се воздржам од коментирање колку ирационално е сето тоа :D

Во сиот тој хаос има некои правила, да речеме русофилијата се појавува поради кирилица, православие, славјанство, оружјето (реално и замислено) игра голема улога во тоа, поретко некои руски писатели од далечното минато, баљшој театар итн. или по малку од сето тоа, има нешто кое поединецот го осеќа како `свое`, препознатливо, демек.
Често се јавува кај пензионери.

Кај американофилите (не знам дали е правилен израз) е јасно - сепак се работи за доминантната империја и културна доминација на сите полиња, сите велиме хај и бај и ноу шит, никој не вели пожаљастја или сајонара или рандом мандарински збор за рандом ствар :kafeТоа е таа хегемонија, сакале или не. И наши дедовци растеле со вестерни и мјузикли, одамна е тоа, не е нешто ново, со Џон Вејн и Гари Купер и слични...

Освен нив има и понекој англофил, франкофил, германофил можеби таљанофил или обожавател на јапан.
Што до некаде е разбирливо и покрај тоа што е бизарно :cool: ако се раководиме по застарените идеи за национални култури и влијанија, а за потребиве на темата зошто да не.

Она што е помалку сфатливо се србоманија, бугарофилија, гркоманија - појави каде идентитетот се пренасочува кон подеднакво слаби матрици кои немаат што да понудат повеќе од веќе оригиналната припадност. Тоа е загрижувачко за припадниците на таа нација бидејќи се чуствуваат толку безвредни што се идентификуваат со комшиските идентитети. Можеби се работи за влијанија од некогаш бидејќи во трката за измислување нации во 18/19.век рисјанската раја под отоманско ропство на балкан почнала да се дели на нации, и србите, грците и нешто покасно бугарите си измислиле нации пред тоа да го сторат македонците па имале хед старт за пропаганда...
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Не знам што е толку навредливо кога на некој ќе го спомнеш како што го викаат со децении ?????
*** секогаш биле *** ххх ххх , па они сами така се викаат ,од каде сега вие некој нови термини тука измишњотини ???!!!!
 
Последна промена од модератор: