Есма Теодосиевска-Реџепова

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Како не ни е срам ,немаме тема за најхуманата македонка после Мајкта Тереза во макеоднија :)

Есма Реџепова (ромски: Esma Rejepova; Скопје, 8 август 1943) е позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки.
Реџепова е петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај другите браќа и сестри, и малечката Есма станала помошник на татка си.
Никогаш не се срамела од работата, ниту кога сиромаштијата го принудила деветгодишното девојче да чисти скали и да брише прозорци во домовите на имотните скопјани. Имала прекрасен глас секогаш широка насмевка и ведра природа. Нејзината мајка никогаш не запеала. Татко и Ибраим пеел, но само за своја душа, зашто пеењето по кафеани го сметал за недостоинствена работа. Неговата 13-годишна ќерка Есма била вљубена во песната, но тој всушност и не знаел дека таа веќе ја пленила публиката со својот глас, пеејќи песна во една театарска претстава и дека добила покана да учествува на меѓучилиштен натпревар во пеење во Сарај.
Таткото тоа го дознал еден ден, кога на вратата на Реџепови чукнал познатиот естраден уметник Стево Теодосиевски. Тој дошол да го убеди да и дозволи на Есма да настапува со неговиот ансамбл. Таа есен 1957 година, Есма победила на натпреварот и добила покани за соработка од Радио Скопје. Во 13-годишната црномуреста девојка, облечена во скромно фустанче, музичките критичари откриле вонсериски талент. Тој момент животот на Есма добил поинаков тек. Таа се вклучила во ансамблот на Теодосиевски, а татко и добил ветување од Стево дека тој ќе се грижи за неа, за нејзиниот настап, за кариерата и оти нема да дозволи таа да стане кафеанска пејачка. Дом и станал стариот автомобил на Стево Теодосиевски, патиштата, новите градови и хотелите. Есма денес речиси и не може да се сети на првите официјални настапи. Прво почнале со скромни турнеи во Македонија, потоа во републиките на бивша Југославија. Првиот настап на Есма надвор од СФРЈ бил во 1961 година во Бугарија. На двомесечната турнеја таа била вистинска атракција, затоа што во тоа време не било „природно“ Ромите да се вклучат во естрадниот живот. Заради контактите и поразвиениот музички пазар, скопјанката Есма од 1960 година станува жител на Белград.

Есма досега „излажала“ многу народи. Кога пеела во Шпанија мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публика од 20.000 гледачи занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш. Таа е среќна што по втор пат е номинирана за Нобелова награда[2] за мир. Првпат во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија. а сега како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава. Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија денес има повеќе од 100 внуци и правнуци. И покрај настапите, и покрај грижата за големото семејство, таа успеа да даде и свој придонес во политиката. Беше и сѐ уште е активна членка на Демократска алтернатива на Васил Тупурковски.Но, како и во животот, така и во политиката таа настапува со своето космополитско кредо:
Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.


Есма е македонскта амазонка.... во моментов на наша тв оди емисијата Политико со Есма Реџепова... првиот дел е веџерва а вторито во петок во 17 часот , ко ке ги клај саше видата на интернет ке ги клам тука.
.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Признавам и секоја чест на хуманоста и знам дека после овој пост многумина ке ме исплукате ама јас не сум јас ако не си кажам она баш како што мислам.За нејзиниот глас и хуманост немам збор но толку ми е лицемерна и дволична што неможам да ја поднесам кога збори.Ич не сакам луге што сами се фалат и се што ке направат сами си нагласуваат за цел свет да знае.Кога почна да се дознава конкретно за секоја нејзина добротворна акција,кога почина Стево?Претходно се знаеше дека се хуманисти но не им ги следеа новинарите сите нивни чекори на хуманост.
А сега Есма што и да направи одма излегува во некоја емисија да се пофали.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Хуманост - да
Глас - можда (мене искрено ме иритира но тоа е прашање на вкус).

Е сеа како личност е тежок трговец. Типичен човек на денешново време. Да, таа ќе помогне но секогаш со задни намери. Дали е тоа слава, популарност, врзување со други луѓе... Ама тоа го прави. Дволична е - точно. Алтруист со големо его. НЕ ја кудам. Барем нешто она прави. Но ако некој ми каже дека треба да и` се клањам, не. Смешно е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and melpomena

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Признавам и секоја чест на хуманоста и знам дека после овој пост многумина ке ме исплукате ама јас не сум јас ако не си кажам она баш како што мислам.За нејзиниот глас и хуманост немам збор но толку ми е лицемерна и дволична што неможам да ја поднесам кога збори.Ич не сакам луге што сами се фалат и се што ке направат сами си нагласуваат за цел свет да знае.Кога почна да се дознава конкретно за секоја нејзина добротворна акција,кога почина Стево?Претходно се знаеше дека се хуманисти но не им ги следеа новинарите сите нивни чекори на хуманост.
А сега Есма што и да направи одма излегува во некоја емисија да се пофали.
Ти со татко ми под рака за муабетов што му го кажа,он само колку не ја сака дека била дволична ќе се изненадиш:rofl
Дури вика дека тоа и било некоја вид на финта да биде интересна кај луѓето и да ја величат.
Мое мислење е дека хуманиот човек како што кажа ти многу малку го знаат и не дига џева наоколу туку тоа го прави од што чуствува потреба а не да чека орден од другите.
Сепак нека дава па нека се фали,има некои што не го прават па ни тоа а имаат како неа купишта пари
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Saladin
M

Matt Berninger

Гостин
Не можам да се одлучам дали е поглупа од шо е дебела или е подебела од шо е глупа? Тука целата атмосфера ми личе на Ненси Синатра: