Есен

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ледениот бакнеж на есента кој во темнината остава свој белег на летните цвеќиња, замагленото утро кое тагува над паднатите лисја, црвениот пожар кој гори во сивилото на градот, ја прават магична есенската прошетката по златната патека.

Autumn fires red.jpg
Golden path.jpg
Печени костени, сочни црвени јаболки и топол компот направен во комбинација со цимет, благи божествени тикви, пита и други слатки направени од нив, омилен плетен џемпер и омилена есенска јакна, долги часови во ноќта поминати под ќебенце внесени во страниците на книгата; есента е мост помеѓу пријатниот крај на летото и тивкиот почеток на зимата, прекрасна со сите свои благодети.

Red apples.jpgSweaters.jpgPumpking goodness.jpgBook & a leave.jpg
Што е она што вас најмногу ви се допаѓа за есента?
Што најмногу ве потсеќа на есен и ви недостига во текот на годината?

tumblr_mcaywulXlY1rb8umxo1_500.gif
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Есента е прекрасна..
посебно октомври,златниот октомври..
природата преку есента ја докажува својата креативност,ја покажува на сите можни начини во сите можни прекрасни бои и тонови...
еве нешто што напишав одамна за есента..
Прекрасна дожделива вечер..дождот капе,.. капка за капка,опушта..
Ја посматрам играта на ветрот во мојата улица..
Како елегантен господин со посебен стил,ги оголува дрвјата..
Полека,нежно како да несака да ги повреди,ги гали нивните стебла и тивко им шепоти колку се прекрасни и единствени..
И тие како мали девојчиња,ја менуваат бојата на лисјата,дали од срам или
можеби сакаат да го заведат ветрот на тој начин,со својата магична убавина..
Им се допаѓа таа игра..им се допаѓа ветрот..
Целата година чекаат на тој момент,чекаат да дојде есента,копнејки по него..
Секој ден возбудено си шепкаат приказни за него...живеат со спомените од претходната есен и есента пред тоа...
А тој возбуден од таа игра ,ги оголува,ги прегрнува,ги бакнува,и се свива околу нив..
Тие пак како возбудени дами му се потчинуваат и дозволуваат да ги оголува дел по дел,лист по лист..се додека не стојат потполно голи пред него и горди го нудат она што го имаат..му шептат дека го сакаат и дека засекогаш ке биде така..
и водат љубов..дождот ја сокрива таа игра на природата,и ја прави прекрасна и романтична..
Во целиот тој чин на љубов,заборавам дека гледам преку прозорот..
Мислам дека сум во театарот на природата и ја следам таа прекрасна возбудлива игра...
Прекрасна есенска љубовна игра..

17.10.2011
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Убава, неувбава, во последно време го сакам само сонцето (летото). Порано ми беше убава есента, одев на факултет, училиште, бев послободен, откако се вработив некако се би дал да е сончево (топло). Ме нервираат есен и зима. Обично во пролет и есен има најубави бои, посебно во есен. Ми иди да шетан со дигиталкана да сликам и скитам :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sweetgirl1605 and Rosana

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Есента е прекрасна...незаменлива...нисто не може да го замени есенскиот дожд, кој едноставно те мами да се залепиш за прозорецот и да ја гледаш секоја една капка како паѓа, прекрасниот звук на тие капки кога ќе паднат, ветрето кое те освежува, сонцето кое ѕирка од зад облачното небо, прекрасниот звук кој го создаваат паднатите лисја кога ќе стапнеш на нив...едноставно незаменливо...ја обожавам есента...толку е посебна, романтична, таинствена....
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Си ја сакам јас есента. Ми дава инспирација, да пишувам, да креирам, да сонувам. Всушност, сонувам во било кое време, па и во најжешката ноќ на летото.
Ама... арно е додека сум дома, внатре.
Не можам да се научам да се справувам со ветер, дожд и превртен чадор наопаку, а јас натоварена со ташна и 100 кеси на мене.
Не можам да се научам да не ја чувствувам тежината на дебелата облека и јакната.
Не можам да се навикнам на искиснатите нозе, на премзрнувањето навечер додека чекам автобус.
Не можам да се навикнам на водата во автобусите насобрана од капењето на чадорите. А нема место ни да стоиш.
Не можам да се прилагодам на дење топло- навечер ѕивра, и мрзнењето пред кафич за едно цигаре.
Да ја сакам есента. Кога сум замотана во ќебе и пијам чај. Или кога се греам со вино и играм бриџ. А надвор, срамежливо и романтично низ маглата, трепкаат светлата по улиците.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
autumn-wallpaper1-510x318_large.jpg

Убави бои има есента, ама грди и` се дождовите.
 

Barbika77

Нов член
31 октомври 2012
17
8
3
Есента многу ја сакам.На пример сакам кога цел ден ќе го поминам дома во кревет,свиткана во ќебе со топол чај,читајќи некоја книга или прелистувајќи списание,додека низ прозорот можам да го видам прекрасниот златен есенски пејзаж..Сакам кога шетам по сувите лисја,кога го чуствувам есенското сонце на моето лице..Есента ја сакам бидејќи е совршена за мода,ниту е премногу топло,ниту премогу ладно па ни дава премногу опции за тоа како да се облечеме.Ја сакам поради тоа што е посебна,едноставно не може да се остане рамнодушен на есенските пејсажи...