Енциклопедија vs. Википедија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Кој е Вашиот избор?
Колку и какви енциклопедии имате во Вашата домашна библиотека?
Колку често ги користите?
Дали само кога Ви е неопходна конкретна информација или сте доволно љубопитни, па ги отварате и без некоја посебна причина, ами од чисто задоволство?
Чии изданија би ги издвоиле како најдобри?
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Дома мисалм дека имам само една енциклопедија, но не сум сигурна.
На википедија ми е побрзо и да нема македонски има на англиски или на некој друг јазик. За се што ме интересира отварам на википедија. :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Фактопедија моментално ја имам и сум доста задоволен. Иначе се служам и со Википедија, но понекогаш за некои работи и тие грешат, како што беше со случајот со Рован Аткинсон (Мистер Бин), кога напишаа дека починал. :eek
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
дома немам енциклопедија, но ја користам википедија. Го имам добиено ова:
Tireless_Contributor_Barnstar.gif
За вложениот труд во збогатувањето на содржините на Википедија на македонски јазик.​
***​
Позитивно и негативно на википедија е тоа што може да ја уредува секој :)
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
посигурно ми е малце да се помачам и да побарам по гугл него википедија, ипак секој може да пише што сака често имам сретнувано многу неточни или застарени податоци, а обична енциклопедија немам ептен ми е некако непотребна во време на интернет, мада чисто онака ок е да се има некоја пообемна на пример британика
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Дома иам енциклопедија али скоро никоаш не ја користам чисто ради што е остарена и не е практична..википедија е многу поедноставна и поупотреблива според мене :)
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Википедија е поедноставна и побрза, ама некогаш и информациите и не се баш точни, така да повеќе би избрала енциклопедија. Дома имав една ептен голема енциклопедија, СЕ за вселената и стварно ми вршеше многу работа, али па морав и да ја врнам повторно во библиотеката.. :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Имам дома енциклопедија, ама најчесто ја користам Википедија. Полесно ми е таму да побарам знаејќи дека ќе најдам сигурно отколку со саати да пребарувам низ некои енциклопедии и книги без притоа да сум сигурна дека ќе ја најдам конкретната информација.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Многу луѓе имаат погрешна слика за Википедија. Мислат дека секој може да ја уредува, тоа е точно. Но дека се може да напише како што ќе му прдне на :cenzura тоа не е така. Википедија е неутрална. Сите вие кои ја плукате википедија, а дома имате енциклопедија, земете напишете статија во википедија. Затоа што википедија на сите нас ни се нашла за нешто
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ananas

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
По последно време не сум успеала да најдам добра енциклопедија. Само некои детски глупости. Како за ментално заостанати лица. Ги има само најосновните работи кои речиси секој ги знае, а дури ниту тие најосновно работи не се (убаво) објаснети. Најчесто ги има само нафрлано фактите кои ние треба како некои овци да ги прифатиме како точни без да бараме објаснување. На пример, пишува дека ѕвездите „умираат„ а не пишува зошто. Што е уште појако, некои енциклопедии имаат правописни грешки. Всушност, и не е толку јако. Веќе и учебниците имаат правописни грешки.
Баш пред некој ден отидов до библиотеката да побарам некоја енциклопедија. Се убив барајќи и на крај не најдов ништо од онаа што ме интересираше.
Или можеби ова важи само за македонските енциклопедии. Пред некоја година налетав на историски енциклопедии на друг јазик. Ги симнав. Беа некаде 32 пати подобри од нашиве. Но потоа ја форматиравме кантата од компјутер и бидејќи сум глупа ништо не остана од нив.

Мислам дека е полесно да читам на Википедија отколу да губам време обидувајќи се да најдам нешто вредно за читање во нашиве енциклопедии. На англиски има доста податоци колку-толку објаснувања. На македонски, нормално, нема речиси ништо.

Чекај малку! Па нели Википедија е еден вид на енциклопедија? Нешто како онлајн енциклопедија or something?
Добро, и не е толку важно. Ако треба да бирам помеѓу Википедија и некоја од нашите многу јаки енциклопедии, ќе ја изберам Википедија.