Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Во здраво тело здрав дух
Здравје и состојба на духот
Емоции во тренд?
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Од моментот на самото раѓање, секоја човечка единка има подеднакво љубов и страв во себе за да може да преживее во овој суров свет, но верувам дека природата намерно поставила и одредени ограничувања на човековата способност да чувствува и да перцепира повторно заради истата цел- преживувањето.

Освен љубовта кон мајката, задоволството кое го носи топлината на мајчинската прегратка и нејзиното млеко, освен стравот од напуштање, гладот и болката детето постепено запознава нови форми на страв и нови облици на љубов. Како што расте детето палетата на неговите емоции се збогатува со нови нијанси, а со тоа доаѓа и оформувањето на перцепцијата...

Децата во првите години од својот живот искрено и слободно си ги искажуваат емоциите, немаат проблеми ниту со гласното смеење ниту со пуштањето реки од солзи, но некаде после четвртата година нештата почнуваат да се менуваат.

Како што детето ке достигнува некоја одредена возраст, така ке учи се повеке правила на однесување кои се поврзани со емоциите, соодветни на својата возраст.

Прво се соочуваме со родовата нееднаквост и со притисокот кој што го прави истата посебно врз машките адолесценти. На машките им се наметнува дека не смеат да покажуваат емоции и слабост, им се забранува да плачат. Женските деца пак се спречувани да си ја истражуваат својата сексуалност и јавно да покажуваат особини на сексуални битија.

... така уште во време на рана адолесценција кога човекот треба да се запознае самиот себе, да ги спознае своето тело и душа, потребите кои произлегуваат од приодните пориви за преживување и личните потреби за изразување кои го прават човекот уникатен по својата внатрешна содржна, човекот се соочува со однапред добро смислена програма за тоа како треба да се однесува ако сака да биде дел од овој свет.

Да не го спомнувам влијанието на религијата и општите морални начела, професијата,бон-тонот и кодексите на однесување во секоја институција посебно, а и општите правила за однесување во секоја можна ситуација посебно, бидејки темата може да биде многу обемна, а сакам да ја насочам кон влијанието на трендовите врз нашите емоции.

Како што се менуваат универзалните трендови, така на популацијата и се наметнуваат и трендови во однесувањето кои директно влијаат и во изобличување на емоциите.

Посебно е опасен моментот кога преку медиумите се наметнува некаков стил на живот заради профит на одредена компанија, а тоа се прави постојано и иако нападот на човековата свест, посебно од страна на рекламните спотови, е доволно агресивен, сепак е доволно тивок, суптилен и притаен за да биде лесно прифатен од страна на популацијата. Машината за перење мозок напорно работи, додека ние се претопуваме во секојневните навики за кои мислиме дека се наш сопствен и своеволен избор.

Постојано прифаќајки ги нештата околу себе такви кавви што се, без да размислиме со своја глава и без да ги сослушаме своите чувства, стануваме унифицирани роботи на модерното живеење. Одеднаш сите наши емоции се веќе однапред предвидени и толку многу пластични што дури и најинтимните и најличните емоции се во голема мера извештачени и во суштина не се толку многу длабоки и искрени како што би требало да бидат.

Дали навистина се чувствуваме така како што мислиме дека се чувствуваме или несвесно си проектираме чувства со цел да бидеме она што се бара од нас?

Дали начинот на кој ги искажуваме своите чувства е искрен или е несвесно имитирање на ликовите од филмовите и рекламите кои ги гледаме?

Зошто одеднаш се појавуваат некои нови класификации на чувства, се појавуваат некои нови видови на односи помеѓу луѓето и истите се масовно прифатени без никакво негодување? Зошто луѓето брзо се навиквуваат на новите трендови на чувствување и без никаква замерка им се препуштаат на новокомпонираните емоции и дозволуваат истите да владеат со нивниот начин на живот?

Колку од емоциите за кои мислиме дека се дел од нас, се навистина дел од нас?

Зарем е толку тешко искрено да се чувствува и искрено да се манифестираат искрените емоции?

[QUOTE="malo, post: 355633, member: 1867"] Од моментот на самото раѓање, секоја човечка единка има подеднакво љубов и страв во себе за да може да преживее во овој суров свет, но верувам дека природата намерно поставила и одредени ограничувања на човековата способност да чувствува и да перцепира повторно заради истата цел- преживувањето. Освен љубовта кон мајката, задоволството кое го носи топлината на мајчинската прегратка и нејзиното млеко, освен стравот од напуштање, гладот и болката детето постепено запознава нови форми на страв и нови облици на љубов. Како што расте детето палетата на неговите емоции се збогатува со нови нијанси, а со тоа доаѓа и оформувањето на перцепцијата... Децата во првите години од својот живот искрено и слободно си ги искажуваат емоциите, немаат проблеми ниту со гласното смеење ниту со пуштањето реки од солзи, но некаде после четвртата година нештата почнуваат да се менуваат. Како што детето ке достигнува некоја одредена возраст, така ке учи се повеке правила на однесување кои се поврзани со емоциите, соодветни на својата возраст. Прво се соочуваме со родовата нееднаквост и со притисокот кој што го прави истата посебно врз машките адолесценти. На машките им се наметнува дека не смеат да покажуваат емоции и слабост, им се забранува да плачат. Женските деца пак се спречувани да си ја истражуваат својата сексуалност и јавно да покажуваат особини на сексуални битија. ... така уште во време на рана адолесценција кога човекот треба да се запознае самиот себе, да ги спознае своето тело и душа, потребите кои произлегуваат од приодните пориви за преживување и личните потреби за изразување кои го прават човекот уникатен по својата внатрешна содржна, човекот се соочува со однапред добро смислена програма за тоа како треба да се однесува ако сака да биде дел од овој свет. Да не го спомнувам влијанието на религијата и општите морални начела, професијата,бон-тонот и кодексите на однесување во секоја институција посебно, а и општите правила за однесување во секоја можна ситуација посебно, бидејки темата може да биде многу обемна, а сакам да ја насочам кон влијанието на трендовите врз нашите емоции. Како што се менуваат универзалните трендови, така на популацијата и се наметнуваат и трендови во однесувањето кои директно влијаат и во изобличување на емоциите. Посебно е опасен моментот кога преку медиумите се наметнува некаков стил на живот заради профит на одредена компанија, а тоа се прави постојано и иако нападот на човековата свест, посебно од страна на рекламните спотови, е доволно агресивен, сепак е доволно тивок, суптилен и притаен за да биде лесно прифатен од страна на популацијата. Машината за перење мозок напорно работи, додека ние се претопуваме во секојневните навики за кои мислиме дека се наш сопствен и своеволен избор. Постојано прифаќајки ги нештата околу себе такви кавви што се, без да размислиме со своја глава и без да ги сослушаме своите чувства, стануваме унифицирани роботи на модерното живеење. Одеднаш сите наши емоции се веќе однапред предвидени и толку многу пластични што дури и најинтимните и најличните емоции се во голема мера извештачени и во суштина не се толку многу длабоки и искрени како што би требало да бидат. Дали навистина се чувствуваме така како што мислиме дека се чувствуваме или несвесно си проектираме чувства со цел да бидеме она што се бара од нас? Дали начинот на кој ги искажуваме своите чувства е искрен или е несвесно имитирање на ликовите од филмовите и рекламите кои ги гледаме? Зошто одеднаш се појавуваат некои нови класификации на чувства, се појавуваат некои нови видови на односи помеѓу луѓето и истите се масовно прифатени без никакво негодување? Зошто луѓето брзо се навиквуваат на новите трендови на чувствување и без никаква замерка им се препуштаат на новокомпонираните емоции и дозволуваат истите да владеат со нивниот начин на живот? Колку од емоциите за кои мислиме дека се дел од нас, се навистина дел од нас? Зарем е толку тешко искрено да се чувствува и искрено да се манифестираат искрените емоции? [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Во здраво тело здрав дух
Здравје и состојба на духот
Емоции во тренд?
На врв
Bottom