Електронски бакнеж

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Јапонски научници пред неколку години демонстрирале нов апарат за имитирање на бакнеж(ова можеби за некој е стара вест но јас денес првпат ја слушнав). Два корисника, просторно оддалечени, ставаат во уста пластични цевки (како сламкине за сокче) и ги мрдаат со јазик а нивните движења се синхронизираат по пат на интернетов. Незнам до каде стигнале со усовршување на овој изум, но велат дека ќе бил многу популарен помеѓу корисниците на друштвени мрежи, можност да се бакнеш со својот виртуелен соговорник:* уште да измислат и нешто за да можеме да гриземе и уједаме и така знаеме овде на форумов да се закараме;) tumblr_m8tbujSNpM1rratqao1_400.gif
 

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
35
јапноците мислат ами не ко нас хахах тие уште што нема да измислат па за витурелен бакнеж мене ме чуди што нема нешто повеќе од бакнеж па да се продава ко лудо :rofl:rofl
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Размислувам како би било да се бакнуваш со некој а нели незнаеш тој како изгледа, само си замислуваш по неговиот аватар, се лажни профили.....и по некое време дознаваш дека тој виртуелен твој пријател е некој стар дедо или некое садо мазо болно типче.....БЉАК(puke) не ми се допаѓаат векви измислици(n)
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ќе биде популарно на друштвените мрежи но од ваквите ,научни достигнувања` и напредувања во технологијата идните генерации нема да знаат што е тоа вистинска љубов и нема да знаат како да се приближат еден кон друг а не па како да се бакнат
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and escape

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ќе биде популарно на друштвените мрежи но од ваквите ,научни достигнувања` и напредувања во технологијата идните генерации нема да знаат што е тоа вистинска љубов и нема да знаат како да се приближат еден кон друг а не па како да се бакнат
Идните генерации!?? Види ги само тинејџериве,како изгубени и отугени, знаат само едносмерна комуникација,седат еден спроти друг и си ги буткаат мобилните под нос.Секој петти пуши цигари а секој стоти дали земал да прочита некоја книга.Знаат само за агресија на жалост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Идните генерации!?? Види ги само тинејџериве,како изгубени и отугени, знаат само едносмерна комуникација,седат еден спроти друг и си ги буткаат мобилните под нос.Секој петти пуши цигари а секој стоти дали земал да прочита некоја книга.Знаат само за агресија на жалост.
Сега бар е одронот, во иднина ќе биде празното поле
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Е добро де, факт е дека секоја нова генерација е полоша од претходната...можда само во очите на претходната, али јбг.
Порано може не постоел интернет, ама пак постоела анти-социјалност. Може немале сламки така за лижење на километри, ама имале дињи и среќа да немаат интернет да го споделат тоа на времето. :D
Исто и денеска постојат луѓе што активно се движат и дружат. Никој не сме златната и најдобрата генерација.

И изуми глупи секогаш имало, на пример чадорче за чевли од пред 50ина години - тотално бескорисно.
Или новост - селфи-чевла. Исто и бакнежов.
Одамна имаме мажи и жени на дување, перници во облик на маж/жена, кинки играчки, бракови со виртуелни ликови од игри...Јапонците се чуден народ.
А ова ко на Тим Вјуер ќе внесеме ист код и ќе вртиме сламка? :|
- Е, ај на шетање.
- Не можам, имам закажано сламкање со нигериски принц за пола саат.
:frantic
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
На технологијата им нема крај,со 120kmh ги освојува сите врвови,така и овој новитет.Па ако може да се купува,плаќа,тргува и ред други услуги,зашто да не и бакнува,недај боже ќе измислат и некоја уште поинтимна услуга,па помладите генерации ќе немат потреба од дома да излезат..празни улици...сите по дома наседнати пред монитори:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja