1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Економски факултет, у кој смер да се префрлам??

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од Billy, 23 јануари 2019.

  1. Billy

    Billy Нов член

    Зачленет на:
    23 јануари 2019
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дечки. Јас сум прва година на Економски факултет, смер емкономија. И нормално, пошо сум будала пред да се запишам на фах не истражував него лупнав смер економија и сега сум разочаран од тој смер и сакам да го променам. Тоа ќе ме кошта плус 200 евра али не е битно. Сакам само да ве прашам кој смер е подобар, и поефективен за наоѓање подобра работа. Нема везе дали е потежок или полесен. Заинтересиран сум менаџмент, финансиски менаџмент или ебизнис. Ако може некои одговори од тие шо се на екон или завршиле или пак некој шо знае да ми помогне... Фала многу однапред
     
  2. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,178
    Допаѓања:
    2,240
    Ја би ти рекла е бизнис никако! Мислам интересен е смерот, ама по завршувањето можеш само да си ја урамиш дипломата.
    По мое најдобар смер на тој факултет ти е Маркетинг. Финансиски менаџмент исто не ти е лош смер, но е доста по тежок. Е сега ако си учиш и те влечи тоа тогаш префрли си се на тој смер.
     
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Никогаш не сфатив, како бре деца се запишувате на факултет без да видите програма за истиот?
    Значи во ера на интернет, каде секој факултет/смер има свој веб портал на којшто се истакнати од наставни програми, до предмети, до детално разработени наставни планови за секој предмет одделно... во време на безброј форуми/групи, кадешто секојдневно се зборува за професори, асистенти, потреба на пазарот на трудот.... вие си избирате смерови и факултет на „еци - пеци - пец“...
    Ама не сте виновни вие, виновни се родителите што ќе ги дадат тие 200 евра за сменување на смер, а и секако... овозможувањето факултетскиот живот да стане уште еден бизнис.
     
    На escape му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: