Европска Супер Лига

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Деновиве се појави инфо дека ќе се формира некаква си Супер-Лига во која ќе учествувале М.Јунајтед, М.Сити, Челзи, АРСЕНАЛ, Ливерпул и Тотнем од Англија, Реал Мадрид, Барселона и А.Мадрид од Шпанија и Лимонтус, Шинтер и Билан од Жабарија.

Каков е вашиот став за ова нешто?
Јас мислам дека аздисаа со алчност некои клубови, за жал тука е и тимот на кој сум фан Арсенал и тимот кој го поштовам (Ливерпул).
Доколку немаше англиски екипи ќе ми беше сеедно, вака ПЛ би паднала сериозно со изостанок на топ-6 екипите, па Лестер и Вест Хем би се бореле за титула.

ФИФА, УЕФА, ПЛ и владата на УК се изјаснија негативно, заедно со еден куп екс-играчи и менаџери.

Во другите вести, клетиот Мурињо доби отказ чак и од Тотнем ахахах која пропалица станал, сега нек води таму Боавишта или некои слични, тоа му е нивото денес.
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Ако се реализира ова чудо, гробари на фудбалот ќе бидат газдите на овие клубови. Се надевам дека навивачите нема повеќе да купуваат дресови и реквизити од клубовите и кога ќе заврши пандемијава ќе ги остават стадионите празни. Јас сум против овој проект, оти нема да донесе ништо добро за фудбалот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Фифа и Уефа најавија дека играчите кои ќе играат во таа лига нема да смеат да играат на СП и ЕП ниту пак воопшто за репрезентации во било кое такмичење. Чак се огласи и кловнот-премиер Борис Џонсон против таквата лига.
Ако се оствари тоа нешто, нема да имам за кого да навивам, срам ми е што и Арсенал е дел од такво нешто.
Како да не беа доволни лошите сезони, никаквата актуелна сезона за Арсенал уште ова капак...бљак.

Ако им е за повеќе пари, нек ја прошират ПЛ на Британска Премиер Лига со 24 екипи меѓу кои директ би влегле Селтик (61К стадион) и ренџерс (50К стадион) со што би можеле да се наголемат и парите од ТВ-права.
Оваа лига би била број 1 такмичење, еуро-купови би служеле за разигрување на млади играчи и играчи кои во БПЛ не би добивале минутажа. ФА куп би добил уште едно коло така да за победа би требало 7 утакмици, ЛК би се реформирал, 32 групи по 3 екипи кои би играле во предсезона со по еден меч дома и гости, првиот од сите групи би отишол во 1/16 ф. а 1/2ф. би се играло на неутрален терен како во ФА (Вембли) со што и тој куп би имал макс.7 меча.
Така да, 46+7+7,макс. утакмици би бил 60, а минимум 48.
Би се елиминирале реванши и риплеји него ако е нерешено продужеци и пенали и крај приче.

Чемпионшип (2 лига), Алајенс (3.лига), Д Дивижн (4.лига) и Конференс (5.лига) би требало да формираат свој имиџ и да бидат финансиски поуспешни, со помош на процент од парите од тв права за БПЛ.

Оваа еуро-супер лига ќе биде живо срање. 12 екипи и само борбата за титула би била битна. Никој не испаѓа никој не се промовира никој не се бори за ЛШ никој за ЛЕ и ЕК, значи срединашите откако ќе немаат шанса за титула ќе играат колку да се каже, пошто 2 место и 12 место ќе имаат исти значај, односно никаков. Па ќе има куп досадни 0-0,0-1,1-1 колку да се рече говнести утакмици.
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ваков снобизам и фудбалски елитизам никогаш не би ни функционирал. Ако им беше идејата за разигрување преку лето до некаде би рекол дека е добра идеја, вака не баш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider