Друштвени игри

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дали ви се допаѓаат друштвените игри? Која ви е омилена? Кои сте ги играле до сега?

Јас ги обожавам! Како најомилена ја одвојувам:
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,998
9,631
1,683
Normandy
Лееејј времиња на млада адолесценција... Колку партии монопол сме имале пројдено со комшиските деца, таблата знае. Ги знаевме на памет дури и цеховите за плаќање на рента, со една/две и натака куќи. Сеа ретко играме но коа се собираме не избегнуваме барем една партија.

Истотака одлична игра е ова

каде што треба малку црпкат да ја користиш, па по пат на елиминација + претпоставки да стигнеш до самиот крај.

Во подоцнежно време ја играв со брат ми оваа

Кој ја има играно Settlers на компјутер, ќе го знае концептот на оваа. Финтата е да се стигне до еден стадиум на градење, а тоа се постигнува со собирање ресурси. И нормално, коцката игра главна улога.
 
Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
22

И ЈАС СУМ ЈА ИГРАЛА ТАА ВТОРАТА! ТЕТКА МИ ЈА КУПИ ОД ГЕРМАНИЈА И СЕ ВИКА CATAN И МНОГУ Е ИНТЕРЕСНА! СЕ ИГРА 2 ЧАСА АМА МНОГУ Е ДОБРА И ЗАРАЗНА! сО ДРУГАРКИТЕ ЈА ИГРАМ, ИМ ПРЕВЕДУВАМ СЕ ОД ГЕР-МАК И БАШ НИ Е ИНТЕРЕСНО! :biggrin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Hip.Hop_MKD

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Монопол, домино, не лути се човече... играв мноогу со кој стигнев со сите играв. Кога ќе играв монопол со саати, некогаш и со денови, оставено се напишано нареедниот ден да се продолжи со игра. :D
Сега чат пат играм со брат ми ама ме нервира ммногу голем плачко е, сака да му попуштат, а јас не попуштам и се скараме. Нема да верувате една вечер колку плачеше што го победив на не лути се човече ама чат пат знае да ме победе и без плачки. :rofl

Карти највеќе играм летно време, со друштво играме кај некој во двор, најчесто играме кент, магаре и макао. Исто сакам и таблонет да играм. :)
 
Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,082
1,632
113
Македонија
Нормално као дете ми беа омилени нелутисе, монопол, ризик, подморница и тн..А сеа у последно време многу повеке играм игрица шо се вика цугопол...играва е као монопол само е пијачка игра уствари и интересна е у секој случај..еве и слика да видите што е:)cugopol.jpg
 
She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Оф бе колку ми недостигаат тие денови :eekops: Еднаш се сеќавам со сестра ми 7-8 години може сме имале, игравме монопол, па пошо ептен губеше она многу се изнервира и зема апсолутно сите ливчиња ги распртали и искина :giggle Па после плачење, па ку пување нов монопол, цц :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
30
Скопје
Кој карања биле на монопол. :mad::rofl
Хахахах баш така :D ехее колку сме се карале на играва, најчесто заради кредитите. Си имавме ново формирано правило да може некој играч ако сака да купи нешто или нема пари, за да не банкротира да подигне кредит и после секој круг да враќа одредена сума на пари. Е тука идеа расправиите, ти не врати, вратив, па местења па лажења па триста глупости :D и секогаш остававме наместено за да продолжиме другиот ден :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD