Дружината Хербариум во непотпишано херојство!

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ја зобам третата сува смоква од порцијата дозволени за утринска свежина и одлична комбинаторика со шоља зелен чај. Оваа последнава ми ги згужва фасцијалните мускули, плус ме клоцна во детството.

Во куќата на спомените, на зелените лаковани чевлички на мојата Соњичка, на мојот доказ од крв и месо дека детските прстиња растат едно до друго заедно и по многу години сеуште остануваат испреплетени како крошничка борова...Сега Соњичка е мајка, го чека моето поколение да го обноват со нејзиното заветот даден во еден јунски ден во школскиот двор: „ Сестри засекогаш!“

Хм...
Соњичка е мајка, јас сум стара?
Времево ме гази како моите чизми веќе истопениот снег. Темпото е алармантно, додека да трепнеш вчерашниот сладолед од лешник што го мљацкаше со синот на комшијата Миле, станал спомен од некогаш.

Смоквава ме потсети на отечената уста на Верче, уште еден член на одредот спомени од маало. И Верче , и Сандра и Јасмина ...од летните седенки пред гаражата се префрлија во високи потпетици и куртоазно здраво кога ќе се одминеме.
Не се сеќавам зошто сме си ги шутнале играчките и можноста да функционираме како создавачи на нешто искрено, сега не е ни важно.
Нашите цветни фестивали со празни дезодоранси, лалиња и кармин од несесерот на мама изгледа ги оставивме точно пред онаа гаража...

Па деца сме биле, сигурно сме се скарале за рака костени.
Зарем сега ќе се гледаме попреку поради тоа?
Зарем сега нема да начнуваме некоја шампита со вилушка во слаткара и убави теми за муабет поради детски каприци?
Или едноставно сега сме возрасни? Приоритети и налудничавиот хаос од обидите за млатење пари ни ги замаглија видиците.
Не сакам јас.
Не сака таа.
Кој ќе биде јунакот да се покори пред неодоворените прашања што ги запечатила некоја детска глупост?

Вистината е дека не чувствувам празнина поради неприсуството на другарките од моето детство, можеби затоа што немаше шанса да се запознаеме кога вистински растевме. Она што ми создава прашалници и мал јадеж е зошто кога веќе ги надминавме пубертетските бубачки не подадовме рака и насмевка...Можеби рамото за плачење кога гризевме усни поради навидум проблемите на возрасниот свет ќе беше потопло ако си го подадевме взаемно...

Прашања, прашања....и веќе изедена смоква.
Сепак ќе се задоволам со блеење во приказот на она што остана и што не мораше да биде...Хербариумот од црвените лалиња од некогаш...Вака пресувани единствено ќе виреат под перница, за надежта дека ќе ги вратат спомените...