1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Државна матура

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Marrie, 13 февруари 2012.

  1. Marrie

    Marrie Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    507
    Допаѓања:
    802
    Оваа тема пред се ја отворам за сите форумџии како мене, пред кои е матурата, како и нови информации во врска со неа.
     
    На LMFAO му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    одлична идеја баш пишев еден текст за идните матурант ив оврска со измените на законот за следнат година..
    ова ми е извадок од блогот

    еднаш одамна веќе пишував на оваа тема па решив да пишувам пак.
    За следната година се планираат измени во полагањто на државна матура и можам да викажам ниту тогаш ме бендисуваа како најави па ниту сега кога влегоја во законот..
    Прво се предлага матурата да се полага во мај и учениците да се запишат на факултети во јуни.Ова според мене ке ги намали и онака лошите резултати на матурата.Зошто? Затоа што еве јас како матурант оваа година веќе уште од сега значи од фебруари почнувам да намалувам со учењето и да се спремам и да планирам каде, шо, како за во мај за последнаат вечер со другарите.. Ако матурата се полага во Мај баш во она време кога сите ке трчаат по фустани ,по костуми, никој нема да има време да седни да учи, па дури и да седни да учи гарант умо нема да му биди во учењето туку во матурската вечер.. Едноставно не го бидува тој термин. Значи во Мај полагање државна матура никако ако министерството сака матурантите да покажат подобри резултати ако не јбг нека полагат матура уште во април…
    Друга работа е плус уште 2 предмети што е веќе претерано…
    За државна матура матурантите од вгодина ке имаат 6 предмети плус една проектна задача. Ако сето ова си го претставиме со една многу проста логика и математика шо се учи во 1 оделение испаѓа дека 6 предмети шо се учат 4 година краен резултат е 6*4=24 учебници… 24УЧЕБНИЦИ ПО ЃАВОЛИТЕ, ДАЛИ НЕКОЈ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ИМА ПРЕТСТАВА КОЛКАВ МАТЕРИЈАЛ Е СЕТО ТОА? Додајте на оваа математика и дека секој учебник има по 200-300 страни и ке ви се крени косата колку страни излегуваат на крај… и плус додајте на то и проектна задача и ако имате само семинарска да напрајте за то арно ама ако имате како мене цели програми да прајте и да ги тестирате по едно милион пати со милион различни комбинации со цел да немате грешка е тогаш сте наебале…што е претерано е претерано..
    Значи за крај матура во мај и плус уште 2 предмети никако, едноставно него бидува така и немојте да им ја расипувате матурската вечер на матурантите ..
    (знам дека ова е џабе и дека ништо нема да промени ама морав даго напишам да ми олесни и како сочувство до следните матуранти…)
    ваше мислење окулу сето ова, како ке сеодразат промените врз успехот на матурантитте, добри или лоши се промените?
     
  3. Marrie

    Marrie Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    507
    Допаѓања:
    802
    И те како негативни промени, малку ми е глупо, електронско полагање, 6 предмети и проектна, матурска вечер, запишување на факултет одма нареден месец. Тие викаат дека ова е со цел да не им го зафаќаат летото на матурантите, но, не се во право. Баш како што рече, се спремаме уште од сега за матурата. Зошто? Затоа што професорите не не научиле како што треба. За да се има квалитено образование, треба да има и квалитетен наставен кадар.
     
    На Stojne му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    вак сега внимавај овој тескт е напишан за следнат година шо ке се матуранти , не за мене иза тебе... ние ке поминиме само со 4 предемти и проектна... ама и тоа премногу...
     
    На Marrie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marrie

    Marrie Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    507
    Допаѓања:
    802
    Да, да. Знам ;) за нас е само делот за професорите.
     
  6. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    753
    Државна матура, НИШТО СТРАШНО!!!!
     
    На Stojne, Марија, Taa Sum.. и уште 1 член му се допаѓа ова.
  7. Grim Reaper

    Grim Reaper Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    338
    Јас сметам дека матурата е лошо мерило за знаењето на учениците. Многу препишување има и некој што нема видено 2ка во четирите години добие 4ка, а некој што редовно учи секоја година исто така добие 4ка :mad:. Јас сум исто 4та година, одличен ученик сум и пола од друарите/ките велат само со тебе да се паднам да има од кој да препишам. Епа чекајте бе, јас да се "убијам" од учење, а тие на готово 3ки или 4ки :nah. Плус тоа целото образование ни е сведено на 4 предмети. Според мене матурата е глупа работа!
     
    На Stojne, Glorry и Marrie им се допаѓа ова.
  8. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    Матурата минатата генерација беше ептен лесна... Значи препишување колку сакаш, и после некој што имал преку година едвај 2 ќе има 5, како нема да има кога немаме квалитетно образование. Жално многу што некој се мачи, за на крајот да искористи некој што книга не отварал.
     
    На Stojne и Marrie им се допаѓа ова.
  9. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
    глупости живи само паника се крева меѓу учениците па уште седат на форуми и фејсбук ги чекаат прашањата ххххх јас не се замарав и отидов не спремен и ги положив со 4ки 5ки а едвај поминував години се бавтав со полагања чуда. Македонски кога полагав доцнев пола саат. И пак немаше никаков проблем. Тие што имате полагано дали се сеќавате на македонски последните вежби текстовите хххх.
     
    На Marrie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angiie

    Angiie Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    506
    Допаѓања:
    641
    Не е страшно ич. И јас кога завршував четврта не’ заплашуваа, убаво да сме научеле, ќе немало препишувања. Како не. Скапавме препишувања, дури и на глас си се договаравме кој е одговорот. Таа што не’ чуваше кога полагавме македонски ни чуваше стража на врата за да каже кога ќе поминува некој од инспекцијата, а ние ливчињата и учебниците во раце.
     
    На Stojne и Marrie им се допаѓа ова.

Сподели: