Државен испит за студенти | Црнобело Форум

Државен испит за студенти

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,353
3,042
1,133
Тие што го измислуваат таквото тестирање на студентите значи немаат доверба во институциите во државата факултетите.
Се повикуваат на искуствата на други земји, а не сум запознаена која земја има таков начин на тестирање на студенти.
 
Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Зошто некој би имал доверба, целиот систем е корумпиран, и јас да сум на нивна позиција би вовел тестирање за верификација на нивото на едукација.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Ако го паднеш во 4та година тогаш ти не си за факултет. Заврти се на другата страна и плачи во ќош. Така ли вие го викате денес тоа кога нема да положете нешто „Не го прифаќаат оценувањето“, на времето го викаа „подарена оцена“.
Не ми е мене страв дали ќе положам туку финтата е што јас кој сум учел четири години ќе бидам ист како некое партинско војниче на кое му ги кажале одговорите од испитот. Професорите си оцениле кој колку знае и нема потреба од вакви глупости, ама тоа е кога неписмењаци ја водат државата.
 
Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Без разлика дали ќе бидеш партиско војниче или не ова тестирање е ставено со цел да се спречат некои ученици како што и јас лично знам го завршија факултетот на туѓ грб и со подмитување професори. Затоа ти нема да имаш никаков проблем да го поминеш и да бидеш во таа група кои што го заслужуваат високото образование, а тоа дали ти после ќе бидеш партиско војниче или ќе најдеш работа само ако си во партија навистина нема допирна точка со ова тестирање.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Без разлика дали ќе бидеш партиско војниче или не ова тестирање е ставено со цел да се спречат некои ученици како што и јас лично знам го завршија факултетот на туѓ грб и со подмитување професори. Затоа ти нема да имаш никаков проблем да го поминеш и да бидеш во таа група кои што го заслужуваат високото образование, а тоа дали ти после ќе бидеш партиско војниче или ќе најдеш работа само ако си во партија навистина нема допирна точка со ова тестирање.
Па да де, зашто јас да сум ист како тие што подмитуваат професори и поминуваат на туѓ грб. Ај и нив нека ги тестираат ама да не им ги кажуваат прашањата, ниеден нема да помине сигурен сум. Ова е лошо само за тие што не подмитуваат професори зашто ќе треба да се спремат добро за испитот, како да не видел професорот дека имаат знаење па ајде сега и на испит да докажат. Глупости во боја жими се, ќе ги негираат оценувањата на некои професори само зашто така им текнало.
 
Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Ќе ѓи негираат само на тие што не ја добиле заслужената оцена. Ако ти си добар студент биди сигурен на тебе нема да ти ја негираат оцената. I'm out. Peace.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,440
9,149
1,683
Кушкундалево
@Auditore сакаш да кажеш дека ова е сето за да се избегне подмитувањето? Ако така тогаш според која логика треба да ги тестираш студентите? Дали некој заслужува високо образование се одредува пред да го започне, а не кога треба да земе диплома. Квалитетот на самото образование се подобрува на сосема други начини, не со заканувачки тестови на крајот од студии.
И ај да речеме ќе го прават тестирањето, кажи ми како ќе успеат да направат унифицирани тестови за сите државни универзитети во државата кога секој факултет има слобода да ја одредува својата програма? Друго, кој ќе ги оценува тие тестови? Самите професори кои предаваат?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Во право си, стапнавме на Месечината, створивме мапа за целиот универзум, направивме робот кој може да учи и да размислува, ама не можеме да направеме унифицирани тестови. Во ред, протестирајте, не мора да се тестирате, излезете на улица дерете се со натписи во рака see if I care.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,440
9,149
1,683
Кушкундалево
Во право си, стапнавме на Месечината, створивме мапа за целиот универзум, направивме робот кој може да учи и да размислува, ама не можеме да направеме унифицирани тестови. Во ред, протестирајте, не мора да се тестирате, излезете на улица дерете се со натписи во рака see if I care.
Кажи ми како ќе направиш унифициран тест кога немаш исти програми по ист предмет?