До каде сте спремни да одите за да постигнете успешна кариера?

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Би жртвувала многу работи.
Би се откажала од брак, од мајчинство, ако морам.
Од веќе постоечкото семејство (во кое пораснав), не би имала зошто да се откажувам, нив само би им одговарало да имам што подобра кариера.
Мислам дека се ќе преболам, освен тоа да останам неостварена на професионално поле. И не заради парите, туку заради личната сатисфакција.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
мене искрено гајле ми е за кариера. Се` што сакам е да си изградам лабораторија каква што сакам.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Би жртвувала многу работи.
Би се откажала од брак, од мајчинство, ако морам.
Од веќе постоечкото семејство (во кое пораснав), не би имала зошто да се откажувам, нив само би им одговарало да имам што подобра кариера.
Мислам дека се ќе преболам, освен тоа да останам неостварена на професионално поле. И не заради парите, туку заради личната сатисфакција.

Исто и јас би се откажал како тебе од многу работи. Пријателство, брак, семејство....... :skull
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Bum-Bum

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Би жртвувала многу работи.
Би се откажала од брак, од мајчинство, ако морам.
Од веќе постоечкото семејство (во кое пораснав), не би имала зошто да се откажувам, нив само би им одговарало да имам што подобра кариера.
Мислам дека се ќе преболам, освен тоа да останам неостварена на професионално поле. И не заради парите, туку заради личната сатисфакција.
Го делам истото мислење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Дискутабилно е прашањево бидејќи понекогаш колку човек и да е спремен да оди напред во кариерата, некои работи не зависат од него и неговите постапки.

Лично јас, во мојата работа ќе се трудам колку што можам во секој сегмент од работењето, навремено ќе ги извршувам работните обврски, никогаш не сум бил лигуш и подмукло створење кога се работи за шефови и работодавци. Секогаш сум фер, отворен и пред се исполнителен. Секако, очекувањето е дека со искрена и чесна работа ќе се напредува понатаму.
А доколку имам моја фирма, тогаш работите ќе стојат малку понаку, односно, понапорно од моја гледна точка.
Тогаш 10-12 саати во просек недлно ќе треба да работам, буквално да дишам со фирмата.
Да ги бркам сите тековни работи, да поправам пропусти, доколку се појават, да барам клиенти, да ја промовирам фирмата во јавноста, рекламирање, барање партнери за соработка (други фирми преку кои ќе се најмуваат клиенти) итн. Вработените ќе се третираат коректно, секако ќе барам дисциплина од нив, зашто малку ако се испуштат работите од рака кај вработен, може да се "заразат" и останатите. Но никогаш семејството не би си го жртвувал за работата. Да, можеби некогаш ќе треба да се задржувам на работното место повеќе време, но сето тоа знам да им го надоместам во секое време, зашто без нив не би успеал во моите намери.

Затоа, секогаш треба да се настапва трезвено, со ладна глава во бизнис-сферата.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Се е до решителност ако си решил со труд и на чесен начин да успееш да иградиш кариера тогаш ќе биде така,а ако си го одбрал полесниот пат тогаш..
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Знаете не е се во животот црно и бело:D има и сиво. Јас лично тоа што сум го постигнала до сега (а не е многу,барем според мене) си го постигнав сама,со труд и упорност без притоа не жртвувајќи ниту една личност, ни фамилија ни друштво, а пак ни колеги. Меѓутоа кога ме унапредија, луѓето околу мене (колегите гребатори) почнаа да менуваат лице до толку што не ми се веруваше. Така да можеме да збориме колку сакаме,ама додека не дојде моментот никогаш не може да се знае човек како ќе израегира.
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Мора да жртвуваш одредена личност за да постигнеш успех во кариерата? :eek
Не би рекла, можеш да успееш и без тоа..