Доста ми е од конзервативизам !!! | Црнобело Форум

Доста ми е од конзервативизам !!!

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
27
Битола
Која е потребата на некои луѓе да мислат дека имаат право да управуваат со нашите животи? Што е тоа што им дава право за да ми ја ускратуваат слободата и да мислат дека можат да ме контролираат како да дишам, да пијам, кого да сакам и што е најлошо пробуваат да ме контролираат што да учам и што да мислам. Кој им дава право да одредуваат како јас ке живеам? Јас ја сакам слободата и нема лесно да се откажам од неа.

Ми е здосадено веќе од конзервативни закони во оваа ебана вукојебина. Едноставно веќе ми е доста. Го мразам и презирам секој конзеравтивен закон исто како што почнувам да ве мразам вас. Вас што ви доаѓаат на ум таквите закони. вас изопачени, болни, психопатски умови. На што се должи таа заостанатост ви се молам? На немањето секс долго време зашто курчевото време ви поминало? или пак се должи на сексуално злоставување како деца? како и да е мора да е поврзано со секс, зашто сексот само може да полуди некого до тоа ниво како што сте вие.

Здосадено ми е од конзервативни фаци, заостанати суштества на две нозе. Здосадено ми е од глупавата кознервативност. Здосадено ми е од тоа јас, со моите либерални ставови да глумам тишина и да молчам.Зошто? затоа што моите ставови биле различни од вашите и од ставовите ба вашата религија. Здосадено ми е од вас. Најлошо од се е тоа што вие што глумите најголеми конзервативци, сте најголемите шабани во општеството.Ми глумите големи верници а скоро секој од вас има швалерка, онака за секој случај. Глумите невини а виновни сте до коска.Одвратни сте ми …

Секој закон создаден за да те ограничи а не да ја заштити твојата слобода е големо срање. Исто како вас. Тоа е така зашто се плашите од луѓе, се плашите од нивната слобода, се плашите од новата генерација. не ни дозволувате да го учиме тоа што го сакаме зашто образован човек не се контролира така лесно. Се обидувате стравот да го всадите во нашите глави. нема да ви успее. Се обидувате да не ограничите…
Кој ви го дава тоа право? пак ке ве прашам.. Што е тоа што ви дава право да ограничувате јас да пијам пиво до 7 саат? кој ви дава право да ја уништувате слободата на луѓето што сакаат либерализација на марихуаната, на геј браковите, слободата на избор на сексуалните работници?

Вие го немате тоа право. Го немате тоа право но сепак го користите тоа против нас..

Е зато јас ке ви покажам отпор. Ке се борам против вас како либертаријанец и како човек.

Ке ставам крај на едно конзервативно општество заостанато во среден век..
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,107
1,133
Јас сум најголем противник на конзерватизмот и секаков вид на ограничување на нашата слобода, на она што е наше лично животно право. Никој на овој свет не е фактор кој што може да управува со мене и со мојот живот, да ги ограничува моите потреби за пиење, за секс, за јадење, движење..
Утре мене никој нема да ми даде пофалница за тоа што јас сум се ограничувала самата себе или сум се придржувала до нечии ограничувања.
Никој не е доволно вреден за да може да го живее мојот живот наместо мене, од вчера дошол во мојот живот и сега сака да изигравам марионетка..а да не збориме пак за оние кои што воопшто појма си немаат од нашите животи, а сакаат да лишуваат луѓе од своето сопствено сексуално убедување, религиско или било какво.

Се придружувам кон овој отпор секогаш, јас сум си единка на овој свет која што умее и може самата да си го живее својот живот !!!
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Прекрасно казано пред се....некои работи би ги кажал исто како авторот...
Исто што може да се каже дека тој конзервас(конзерватизмот) и конзервираните безумници (подржувачите) насекаде на светот, не смао кај нас први започнуваат со подлеби, тоа автоматски преминува во конфликт кој нел знаеме дека не завршува во убав крај.
Пред некое време разлистував некоја си колумна од еден конзервативен политичар кај нас кој убедува дека уствари конзерватизмот е тоа што треба...и дека на целиот свет таа идеологија била најпосакувана и дека најголемиот дел од конзервативните партии владеат во светот(што нема врска, не ме мрзеше отворив податоци од сите интернационални организации на сите лево и десно како и централно ориентирани партии каде податоците го покажуваат спротивното)
и дека тогаш се ќе било ок.Веројатно ни самиот не знаеше што пишува(или што му напишале) ама знам дека имаше ептен некој гафови.
Се поголемиот број на луѓе( тука се и интелектуалната маса) почнуваат да не се замараат со вакви ствари(кои меѓу другото енормно влијаат врз нивните животи) и едноставно си го голтаат тоа што некој ќе им го подаде...па и нека е скапана конзерва(пак)
Кај нас(балканов) тоа посебно е застапено.Конзерватизмот како идеологија па и партиска нека е си го покажува влијанието, нјаголемиот дел од властие во државите беа оформени од страна на конзервативна партија или со помош на коалиција со конзервативна партија.Абе луѓево ги пореметија бе ццц...некои си вредности кои одамна го изгубиле своето значење...Што е следно ? На свеќи да светиме(па и кога ќе разгледаме статистики на сиромаштија и високи цен на електрична енергија...зошто и да не...ццц мизерно)
Не мие јансо како можеш да задаваш вредности кои некогаш(пред икс века) важеле во тоа, тогашно време...истите тие да сакаш да ги вметнис во ова, моментлано време....Аман бе луѓе 21 век сме.Ова досега треба да е смешно, за ова досега треба вицови да кажуваме, да споредуваме...а не ситоот да го земаме здраво за готово.
Колку повеќе не се замараат со вој проблем толку повеќе конзерватизмот како таков ќе расте.
Повеќе од половина бакан се освести.....еве почнаа масовна либерализација....модернизација,нови и прифатливи бредности, исфрлање на старите навики.Кај сме ние? Никаде?

Мора да си невина пред брак.
Мора да имаш толку и толку деца(што ме ј***ш бре што тие тебе гајле колку децам сакам да имам)
Мора мажот да биде тој што ќе рмба цел ден а жената таа што ќе прави јадење
Мора да внимаваш на ова, мора да внимаваш на она
Ова е добро , а она онаму е многу лошо.(а од каде па сега тоа бе јебо те)

Пак ќе кажам, на сето ова само лекот му е КОСМОПОЛИТИЗМОТ, Либерализмот....и сличните на нив.
Мислам дека е време да престанат да не прават умоболни и нискоинтелегентни сите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Како што си минува времето, така и се менуваат вредностите на луѓето.
Тоа што за твоите баби и дедовци, било нормално, за тебе е конзервативно.
Ограничено.
Секоја генерација си има некои нови сфаќања.
Тоа што за тебе денес е нормално, еден ден за твоите внуци ќе биде ограничено и неразбирливо.
Реално, има работи што јас еве не можам да ги сфатам, денешниве деца (зборам 13, 15, 17, 18 години...) како може сликање во веце да биде нормално. Да почнуваат да бидат сексуално активни на 13 години. Да се сликаат како се бакнуваат со нивната другарка и да објават на социјална мрежа. Или пак да снимаат видеа како Магарицана да кажуваат за нивниот прв однос. Нив денес им е нормално да имаат свои порничи.
За мене тоа е извитоперено.
Факт е, морални вредности и закони мора да има.
И онака е хасос, а камоли без нив.
Само кој како млиува да си сфати.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,649
1,683
Normandy
Како што си минува времето, така и се менуваат вредностите на луѓето.
Тоа што за твоите баби и дедовци, било нормално, за тебе е конзервативно.
Ограничено.
Секоја генерација си има некои нови сфаќања.
Тоа што за тебе денес е нормално, еден ден за твоите внуци ќе биде ограничено и неразбирливо.
Реално, има работи што јас еве не можам да ги сфатам, денешниве деца (зборам 13, 15, 17, 18 години...) како може сликање во веце да биде нормално. Да почнуваат да бидат сексуално активни на 13 години. Да се сликаат како се бакнуваат со нивната другарка и да објават на социјална мрежа. Или пак да снимаат видеа како Магарицана да кажуваат за нивниот прв однос. Нив денес им е нормално да имаат свои порничи.
За мене тоа е извитоперено.
Факт е, морални вредности и закони мора да има.
И онака е хасос, а камоли без нив.
Само кој како млиува да си сфати.
Истово сакав да го кажам но само со малку посменет контекст.
Рецимо Шакал, без многу љутиш ама благодарејќи на тие „конзервативци“ ти почнуваш да размишљаш критички. Што ќе беше да веше еве рецимо во некој полиберален свет се родевме? Пак ќе беше истото. Значи не е до конзервативното сфаќање толку колку до самиот бунт против општеството. Секое општество се заснова на хиерархија. Без тоа, самото не би опстоело. И секогаш во таа хиерархија ќе има неправди. Тоа е едноставно така. Револуции? Па знаеш добро кој највише страдал во револуциите. Оние кои имале концепт на некакви си утопистичко-анархистички сфаќања.
За другото што ти го пиша погоре Redhead - увек ќе има таков конфликт подмладокот да не ги прифаќа постарите вредности. Но доаѓаш до некои години кога ја сфаќаш реалноста дека се` што можеш да промениш е да се промениш самиот себе. Со главата во ѕид никад нема да смениш ништо освен ако немаш голема потпора позади тоа - со огромен ризик истата следниот пат да се сврти против тебе. Големата маса на народ е променлива како и снегот во февруари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Еден лајк за она што апла и отворено си го кажуваш она баш што го мислиш.
Оти ретко кој го може тоа.
Обично или кажуваат нешто со кое што сакаат да им се допаднат на другите или кажуваат нешто за да со тоа имаат некоја добивка.
Мене пак ми е здосадено од прекумерна дволичност преполна со еден куп претерувања.
Здосадено ми е од лигави фаци кои би лижеле и гзови се со цел да му се допаднат некому,а притоа престанале да бидат Свои.
Да,пред да се запознаат малку подобро убаво влегуваат во очи,но отпосле кога пагаат маските не да се досадни,туку едноставно одбивни.
Не ми е здосадено од умерената учтивот.....уствари не постои умереност,тоа е релативна работа.
Ајде не ми е од ништо здосадено.:) ....се се тоа само моменти.Со малку сила ке поминат,се дур не наидат следните исти.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Интересна тема, за џабе не ми е потписо одоздоле - Think for yourself. Maynard знае да си каже :)
Заробени сме, а ако пробаме да се отвореме - НЕ ЧИНЕМЕ. Поради тоа што не му одговара на некој да престанеш ти да бидеш негова марионетка. На луѓето прилично многу им е досадно во животот. Има луѓе што кога им е досадно СОЗДАВААТ, а има и луѓе што прават проблеми и збрки. Почести се овие вторите, за жал. Тие секаде се мешаат, секаде да чепнат. Како некој да ќе има придобивка од тоа што ќе ми чепне во животот, аааааама аааајдеее..
Секогаш ќе постојат такви луѓе, пошо тоа е светот. Ако сме сите либерални, ќе ни фале нешто друго. Можда тогаш ќе сакаме власт и некој да управува со нас. Искрено, веќе не се толку жалам од овој свет. Итекако ми сметат повеќето луѓе (шо всушност и не се луѓе) ама ако не е овој свет, што би било тогаш?! Совршенството не постои, секогаш недостига нешто. Вакво какво шо е, е несовршено и доста сурово, ама на некој начин и смешно.
Боље на таквите луѓе враќај им со сарказам. Ако не сфаќаат, затепај ги :D
Не, поентата ми беше - најдобро е ти самиот да се чувствуваш убаво. Околината секогаш ќе смета, ама секогаш. Ако и обрнуваш премногу внимание на околината, се забораваш самиот себе си. Ја забораваш слободата. Внатрешната слобода.. бар таа е побитна.
А ја сум многу гладна, па идам да јадам, вие останете ми поздравени! :) :wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Јас сум повеќе за анархија искрено.
А баеги неконзервативен сум.Моите до пред неколку години не можеа да ми ги сфатат размислувањата и постапките.