Донација на компјутери за сиромашните и оштетените во поплавата 2016 | Црнобело Форум

Донација на компјутери за сиромашните и оштетените во поплавата 2016

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
41
Здраво драги мои,

Како дел од акцијата која ја предводам за донирање на компјутери и ИТ опрема за погодените семејства од поплавата 2016 сакам да ја проширам малку таргет групата и на сиромашни семејства и студенти/ученици на кои им треба компјутер.
Повеќе можете да прочитате на: http://forum.it.com.mk/threads/donacii-i-pomosh-za-poplava-2016.60150/

Затоа упатувам барање за помош до вас, доколку имате !!!изразена!!! потреба од компјутер, а неможете да си го дозволите, обратете ми се мене во ПП. Доколку познавате некој кој има потреба и има услови да поседува компјутер исто така обезбедите ми опис и контакт во ПП. Не можам да ветам колкава количина на компјутери можам да обезбедам, но имам убава количина и со тек на време може да се обезбеди повеќе.

Доколку некој од вас има хардвер кој не му е потребен исто така нека се обрати кај мене. Ова не се однесува на информатички отпад. Компјутерите кои ги донираме се солидни и корисни, затоа респектирајте го нашето време и енергија.

Однапред благодарам на сите за вашиот придонес.
 
Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
30
Скопје
Што ќе им е на оштетените компјутери, а и на сиромашните?!
Сиромашните како ептен сиромашни треба да си гледаат како крај со крај да сврзуваат, а не да играат игри и да плаќаат безвезно нет.
Кога веќе немаат, нека си сработат за да имаат.
Работа има и за сиромашните, само треба да се потрудат и да си ја најдат.
Еве пример ќе се земам самата себеси, јас сум невработена и зависам сеуште од татко ми. Си најдов пред пет дена работа, два дена отидов и толку. Зошто?
Тешка ми била, а платата ми беше 13 000. Со све храна, со све автобуси, па и мала ми беше. А и времето ме утепуваше, од седум наутро до шест навечер.
Епа сега, немам скршен денар у џеб и кој ми е крив?!
Подобро да кукам дома сега и за тоа како сум сиромашна, него ли да работам... :rolleyes:
А, можеби и сум грешка не знам. Сиромашните како сиромашни, треба да се трудат за да не бидат сиромашни.
Татко ми црнчи секој ден, за да не бидиме сиромашни, ама пак не стига. Никогаш не стига. Е, да не се трудеше и ние сега за леб ќе немавме и ќе важевме за бедни. Сега како дошло времево, сите се испосиромашивме. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133

Секој си има своја мака, своја судбина... не е убаво вака да генерализираш. Сите знаеме дека секаде има злоупотреби, ама треба да знаеме дека некои луѓе навистина имаат потреба од помош.
Еве на пример јас сум самохрана мајка на две деца, невработена, немам ништо свое, до пред два месеца живеев под кирии, едвај можевме да се прехрануваме со давачките за кирии и сметки, а облека за децата, кондури или школски прибор најчесто добивав од пријатели. Не можев да работам бидејки немаше кој децата да ми ги причува, да ги носи на школо, се менуваат смени и на училиште и на работа, да ги земе ако качат температура и сл. За да преживееме изработувам накит, но тој накит требаше некаде да се продава нели. Среќа што долго можев да позајмувам компјутер, па користев туѓ компјутер се до неодамна кога и јас добив средства од една донација и погоди што прво купив со тие пари - компјутер. Не за да играм игри и такви работи, туку за да можам да заработувам.
Така да... ако веќе некој има желба да помогне и да даде, зошто на друг би му пречело не разбирам.
Секој хуман гест треба да биде поздравен и подржан. Никогаш не можеш да знаеш каква среќа може да му донесе нешто на некого.
 
Капирам што сакаш да кажеш. Еве ќе спомнам од малку поинаков агол.
Имаш семејство со две интелигентни деца. Преживуваат со една плата или две по 12.000. Родителите црнчат но платите во државава се тие. Имаат само еден излез од бедата а тоа е да ги извадат децата на прав пат за да можат сами да си го заработуваат лебот. Децата ќе пораснат и ќе излезат од дома, па родителиве место да хранат 4 усти ќе хранат 2 и ќе живнат колку-толку кон крајот на животот или ќе помагаат и ќе чуваат внуци.
На таква фамилија многу ќе и значи ако помогнеш да не се задолжуваат за да купат компјутер, пошто нели, без компјутер не можеш ни CV да напишеш.

Такви приказни има многу во државава. Премногу.
А јас, зошто бе 100 компании од цела Македонија да ми должат услуга? Да им ја простам? Е не им ја простувам бе. Ќе ми дадат компјутери и ми даваат. Ми даваат пошто ми должат услуга. А зошто некаде да им стојат во некој магацин да им рѓосуваат? Кога можат мене до пред врата да ми ги донесат, да потрошам време и енергија да составам компјутери кои некому ќе значат многу?

Луѓе, животов е еден. Гледам вие помлади сте уште не сфаќате пошто на таа луда возраст времето ви нема смисла. Ќе видите таму после 35-тата кога ќе почне обрачот да ви се стега: „еј колку сме биле глупи на времето“... Па не сте биле глупи, едноставно не ви дошло времето. Ние сме на овој свет да си направиме меѓусебе животот што е можно поубав да ни биде или да речам, што е можно помалку страдален. Штоќеми мене среќа ако не можам да ја делам со некого? Организацијата на ваква акција од историски размери е најмалку што можам да направам некому да помогнам. Не можам пари да им дадам, не можам домови да им изградам, не можам да ги излекувам болните, не можам да ги утешам повредените. Но можам да соберам 100 компјутери и да ги поделам таму каде треба. Со 50% да успеам, пак е солидно постигнување. Луѓево ми плачат на раце, ми се молат, ми се заблагодаруваат ко бог да сум. Ме прашуваат што треба за возврат... Јас велам треба само да бидете живи и здрави и утре помогнете каде можете, а тие ме гледаат така бело и не им е јасно зошто... Луѓето ги загубиле веќе нормите на општественото и социјалното живеење. Криво ми е што вака некому тече животот во агонија и незнаење. А тече само во една насока. Нема втор пат, нема назад.
 
Во ред, сфаќам јас, не сум некоја бесчувствителна, напротив, сум преосетлива персона што срцето ми се кине кога ќе видам некое семејство како гладува.
Крај со крај како сврзува и мене воопшто не ми пречи ако некои што можат` имаат им помогнат на истите. Во моите соништа сеуште го има оној розев свет, каде што се сакаме сите, се љубиме, не се пцуеме и не се гледаме никој со никого со поинакви очи и има мир и спокојство.
Подржувам јас многу работи, меѓутоа имам гледано доста семејства како кукаат, а воопшто не се трудат, семејства што далеку се разликуваат од твоето. Да кажам дека ми е жал за тебе и сочувствувам со она што си го минала, нема да кажам. Пошто еве си успеала, преживеала, тоа е најбитно, фала му на Бог, само ти си знаеш низ што си минала и еден Господ, да речеме. Верувај ретки се тие што се трудат, најубаво им е да застанат пред некоја телевизија и така да си кукаат редовно, а остај што се сиромашни, па и најопасни се. Ќе те украдат пред очи и ќе те прават будала. Нејсе, можеби и животот ги направил такви, но тоа е веќе друга тема. Не има секакви, секакви буквално. Но повеќето има сиромашни што кукаат, а ништо не превземуваат. Генерално е така.

Капирам што сакаш да кажеш. Еве ќе спомнам од малку поинаков агол.
Имаш семејство со две интелигентни деца. Преживуваат со една плата или две по 12.000. Родителите црнчат но платите во државава се тие. Имаат само еден излез од бедата а тоа е да ги извадат децата на прав пат за да можат сами да си го заработуваат лебот. Децата ќе пораснат и ќе излезат од дома, па родителиве место да хранат 4 усти ќе хранат 2 и ќе живнат колку-толку кон крајот на животот или ќе помагаат и ќе чуваат внуци.
На таква фамилија многу ќе и значи ако помогнеш да не се задолжуваат за да купат компјутер, пошто нели, без компјутер не можеш ни CV да напишеш.

Такви приказни има многу во државава. Премногу.
А јас, зошто бе 100 компании од цела Македонија да ми должат услуга? Да им ја простам? Е не им ја простувам бе. Ќе ми дадат компјутери и ми даваат. Ми даваат пошто ми должат услуга. А зошто некаде да им стојат во некој магацин да им рѓосуваат? Кога можат мене до пред врата да ми ги донесат, да потрошам време и енергија да составам компјутери кои некому ќе значат многу?

Луѓе, животов е еден. Гледам вие помлади сте уште не сфаќате пошто на таа луда возраст времето ви нема смисла. Ќе видите таму после 35-тата кога ќе почне обрачот да ви се стега: „еј колку сме биле глупи на времето“... Па не сте биле глупи, едноставно не ви дошло времето. Ние сме на овој свет да си направиме меѓусебе животот што е можно поубав да ни биде или да речам, што е можно помалку страдален. Штоќеми мене среќа ако не можам да ја делам со некого? Организацијата на ваква акција од историски размери е најмалку што можам да направам некому да помогнам. Не можам пари да им дадам, не можам домови да им изградам, не можам да ги излекувам болните, не можам да ги утешам повредените. Но можам да соберам 100 компјутери и да ги поделам таму каде треба. Со 50% да успеам, пак е солидно постигнување. Луѓево ми плачат на раце, ми се молат, ми се заблагодаруваат ко бог да сум. Ме прашуваат што треба за возврат... Јас велам треба само да бидете живи и здрави и утре помогнете каде можете, а тие ме гледаат така бело и не им е јасно зошто... Луѓето ги загубиле веќе нормите на општественото и социјалното живеење. Криво ми е што вака некому тече животот во агонија и незнаење. А тече само во една насока. Нема втор пат, нема назад.

Воопшто нека не ти биде криво, лично јас, имам време ете до 35-тата ќе се освестам и нема да ми тече во агонија и незнаење. До 35 имам уште десет години и више, а времето лето брзо, така што... Нема да осетиме док стигнеме.
Ако моеш еве сега и мене да ми помогнеш, арно ќе биде. Сиромашна сум и јас. Ама јас сакам да ми составиш компјутер и да го продадеш истиот, пари сакам. :) Неќам компјутер. Пудра немам, сиромашна сум, си купив една од авон триста денари, а порано користев од илјадарче, илјада и двесте.
Нејсе, не ми одговара и брзо ми оксидира на лицето, ако моеш да ме разбереш... Убаво би било.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
Добро доста. Ако сака некој да помогне бујрум. Дали биле или не биле потребни не е тема на дискусија. Следен испад бан од тема.
 
Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
41
Или форумов е мртов или никого не го боли к*р (нек ме извини културната популација за изразот) да помогне.
Благодарам многу.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,525
14,437
1,683
Таму каде што треба
Секоја чест на твојата помош,јас сум инволвирана во помошта на поплавените и знам со колкава мака и болка луѓето ја преживеаа...Околу 200 луѓе за жал го изгубија животот (објавени беа само дваесетина починати а другите беа нелегални страни државјани кои не смееа да се објават).
Доколку имаш донации од секаков вид обрати ми се во пп,доколку ти требаат информации за социјално загрозени семејства и лица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and BioTrpe