Домашни козметички препарати

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
Сте помислиле ли некогаш дека кафето кое секојдневно го пиете може да ви послужи како козметичко средство за нега на кожата и косата? Еве неколку брзи трикови за правење козметички препарати со кои вашата коса и кожата на лицето ќе ви станат поубави.



Лосион за освежување на лицето

Подгответе јако кафе, сипете го во калап за мраз и ставете го во фрижидер за длабоко замрзнување. Потоа чистете го лицето со коцките мраз. Овој препарат служи како тонер за лице со освежувачко дејство.

Тонер за потемнување

Подгответе свежо сварено кафе и со помош на памукче, протријте ја кожата на лицето, откако претходно ќе го натопите во течноста. Ваквиот тонер делува како природно средство за потемнување на кожата со бронзен ефект.

Крем за брчки

Измешајте една лажица ‘ржано брашно со јако подготвено, но изладено кафе. Додадете една жолчка од јајце и нежно промешајте. Нанесете ја смесата на лицето, држете ја 15 минути и потоа исплакнете.

Антицелулитен лосион

Загрејте зрна кафе и нанесете ги на местата на вашето тело каде што сакате да го отстраните целулитот. Замотајте се со најлонска ќеса и седете така 15-20 минути, а потоа измијте се. Овој метод можете да го практикувате 2 пати неделно.

Гел за туширање

Додадете малку мелено кафе во вашиот гел за туширање и потоа направете си нежна масажа.

Маска за коса

За темна коса: Измешајте две жолчки, една лажица рум, две мали лажички жешка вода, една лажица мелено кафе и растително масло. Нанесете ја смесата на вашата коса и оставете ја да делува 5 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Овој трик го враќа природниот сјај на косата.
 
  • Like
Реакции: emzzy, Natenceto and Lady*

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Антицелулитен лосион

Загрејте зрна кафе и нанесете ги на местата на вашето тело каде што сакате да го отстраните целулитот. Замотајте се со најлонска ќеса и седете така 15-20 минути, а потоа измијте се. Овој метод можете да го практикувате 2 пати неделно.
Колку ова има ефект, има пробано некој?
 
  • Like
Реакции: emzzy

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Темава може да виде само Домашни козметички препарати, и за секакви да пишуваме.

Еве некои од мене, ги правев овие за натпревар. Ова првото е ефикасно се испробано, пастата не ми се нешто погоди.

Природен препарат за вадење на црнки

Потребно:
· 1супена лажица млеко
· 1супена лажица желатин

Подготовка:
Во сад се ставаат млекото и желатинот. Подготвената смеса ја ставаме на пареа да се растопи. Откако ќе се растопи чекаме неколку секунди да се олади.

Употреба:
Подготвениот продукт се нанесува кога не е многу топол и се нанесува на делот каде што има црнки. Треба да биде исушено пред да се отсрани. Доколу не се отсрани целосно треба делот да ги измиеме со млака вода, а доколку целосно се исчисти нанесуваме крема.

Шеќерна паста за депилација

Потребно:
· 200гр. шеќер
· 5гр. лимонтус
· 50мл. вода

Подготовка:
Во огноотпорен сад се ставаат шеќерот, лимонтусот и водата. Кога ќе заврие се трга и се става да се олади. Кога ќе биде прилично изладено се става врз ладна површина и се меси.


Употреба:
Пастата се нанесува во спротивен раст на влакната, а се остранува во насока на растењето на влакната.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Темава може да виде само Домашни козметички препарати, и за секакви да пишуваме.

Шеќерна паста за депилација

Потребно:
· 200гр. шеќер
· 5гр. лимонтус
· 50мл. вода

Подготовка:
Во огноотпорен сад се ставаат шеќерот, лимонтусот и водата. Кога ќе заврие се трга и се става да се олади. Кога ќе биде прилично изладено се става врз ладна површина и се меси.


Употреба:
Пастата се нанесува во спротивен раст на влакната, а се остранува во насока на растењето на влакната.
јас сакам оваа шеќернава депилација да ја пробам,ама една другака модрици си направи од неа,страв ми е:confused:
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
јас сакам оваа шеќернава депилација да ја пробам,ама една другака модрици си направи од неа,страв ми е:confused:
Како бе модрици?:eek: Некао невозможно му звучи, пробај бе шо се мислеш ако не се исполепеш со вода се мие. :giggle
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Како бе модрици?:eek: Некао невозможно му звучи, пробај бе шо се мислеш ако не се исполепеш со вода се мие. :giggle
А ако ми се направат модрици ќе ти барам оштета! :giggle
Кога ќе се решам да правам(за една недела од прилика) ќе ти се обратам во пп за подетални инструкции ;)
 
  • Like
Реакции: Selma

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
547
193
25
Со оглед на тоа дека токму кожата е онаа која го прекрива целото тело нормално е дека треба да и дадеме големо значение и на нејзината нега.
Најнапред ке ја поделиме на 3 оновни категории:

1.нормална кожа - оваа е идеална мека кожа со идеална текстура и здрав сјај
2.сува кожа - ова е кожа на која и недостасува масност и сјај, оваа кожа се карактеризира со рани брчки. На овој тип кожа масните жлезди се помалку активни него кај нормалната но пореметена е рамнотежата
3.мрсна кожа - оваа кожа има мрсен сјај а мрсна е и на допир, има груба текстура а масните жлезди се поактивни отколку што е потребно се карактеризира и со уништена PH рамнотежа. Луѓето кои имаат ваква кожа страдаат од црнки акни и затворени пори
постојат и таканаречени комбинирани видови на кожа а тие се карактеризираат со делови на кои има сува кожа и делови кои ги имаат карактеристиките на мрсна кожа. Оние кои го имаат овој тип на кожа на деловите на челото, носот и брадата имаат мрсна кожа а остатокот од телото им е прекриен со сува кожа. Овој тип на кожа е најраспространет а со неа следуваат проблеми кои ги носат и сувата и мрсната кожа.

Маските за лице се идеални за уништување на мртвите ќелии на површината од епидермисот. Добрата маска за лице би требало да ја подмлади кожата со тоа што ќе и ја врати пх вредност и ќе го исчисти лицето од прљавштината и од вишокот масти. Не заборавајте дека маската што ке ја одберете треба да соодветствува со типот на кожата што го имате.

Маска за сува кожа - во еден сад измешајте 10мл мед со жолчка од јајце и 5гр млеко во прав. Јајцето ќе ја потхрани кожата а медот ќе помогне да се обнови PH рамнотежата. Маската нанесете ја со рамна широка четка избегнувајќи ги очите и устата. Маската се чисти после 15-20 минути со вода.

Маска за мрсна кожа - во еден сад измешајте 10мл мед со една белка од јајце, 5мл сок од лимун и 5гр пивски квасец во прав. И оваа маска се нанесува со рамна широка четка а нејзините состојки ке ви помогнат да ја вратите PH рамнотежата (медот) ќе ја исуши кожата(сокот од лимун) и длабински ќе ја исчисти вашата кожа. И оваа маска исчистете ја со вода.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Маслиновото масло можете да го користете како остранувач на шминка или за ексфолиација на кожата.

 
  • Like
Реакции: WomanInRed

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Преска го направив ова, фантастично е,рацете се меки,нежни ма како на бебе. 3 состојки кои сигурно ги имате дома.

 
  • Like
Реакции: Хоуп*